Убаво си се издефинирал,дај кажи кој ти беше внесот на протеини јаглехидрати и масти
Од секогаш сум бил издефиниран затоа што никогаш у живот не сум бил дебел напротив бев слаб како чепкалка. Од тогаш почнав да вежбам некаде 14 месеци има до сега, колку толку можев ради факултетот и успеав да качам околу 13-14кг во главно мускул како сега што сум на сликата.
Инаку постојано сум во калориски плус барем така гледам да сум. Воглавно јадам
- лажица мед, 50грама овес и 400мл млеко за доручек
- 2 банани и 30грама овес пред тренинг
- доза веј и 2 помаранџи по тренинг
- 180грама туна и 75 гр леб со брокула оброк по тренинг
- 150 грама стек и 100гр ориз со маслиново масло и сезонска салата ручек
- 25гр бадеми и пола доза веј меѓуоброк
- 80 грама макарони, 100гр изварка и маслиново масло за вечера