Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Г

Гучи

Гостин
Денес од рак починал Мики Роке. У времето на Бенитез дојде ко надежен дефанзивец али не ми текнува да изиграл утакмица за прв состав..нека почива во мир. YNWA Miki
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.671
Поени од реакции
11.826
Нека почива во мир. RIP Мики
--- надополнето: 25 јуни 2012 во 00:20 ---
Најверојатно Суарез ќе оди на ОИ летово. Многу лошо за нас. Ќе треба сезоната без него да се почнува.
Уште тоа ни фали. Затоа треба напаѓач да се зема побрзо и да се воигрува пошто освен Керол и нема да имаме друг
 
S

Stivie G

Гостин
Уште тоа ни фали. Затоа треба напаѓач да се зема побрзо и да се воигрува пошто освен Керол и нема да имаме друг
Шо ќе ни е напаѓач? Нема да е лошо да почнеме да ја емитираме Шпанија:icon_lol:. А и за напаѓачи тука се и Морган и Еклстон да помогнат:свиркам:.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Ако иде Суарез на ОЛ сме го јаделе стапот поготово со почетниов распоред и дербињата..
Ајде конечно Енглезиве испаднаа ,бар жив ќе се врати Џерард затоа најмногу се секирав..
За Шкртел ако тие 20м се во фунти тогаш нека го дадат али ако се во евра никако..Дефанзивец е лесно да се замени,има многу ефтини а квалитетни на таа позиција ..повеќе ефикасноста ме загрижува, и тоа ебано десно крило..
 
S

Stivie G

Гостин
Моја проценка е дека стартот на ова сезона ќе биде катастофален. Како ќе одминува времето ќе почнат да се поправаат. За централен дефанзивец додека го имаме Агер не се плашам за неговиот партнер. Во случај Шкртел да замине тука се Кели и Коатес. Мое мислење е дека сме очајни и на позицијата лев бек. Енрике е добар во дефанзива ама катастофа во офанзива. Треба да му се донесе конкуренција.
И уште една фантазија на мојот мозок е тоа да го донесеме Волкот за кој прочитав дека не сакал да го продолжи договорот со Арсенал. Мислам дека одлично ќе ни дојде. Има и изјавено дека сака да игра за нас;).
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Англија испадна што значи играчиве кои беа таму ќе добијат недела дена одмор па ќе почнат со тренинзи....сепак сите (посебно Хендо,Керол, Кели) добиваат искуство плус на големи натпреварувања што значи вгодина сме поискусни за уште едно големо натпреварување.....
Инаку за трансфериве....ако не му се игра на Шкртел за нас поарно нека си оди отколку да ми изигрува примадона цела полусезона па после да го продадат.....Лошо ќе биди Суарез ако оди на ОИ, ни треба под итно освежување во нападот и едно крило, мислам оти напаѓачката линија ќе биди примарна цел на Бренди, не би ме чудело ако донесиме и 3-4 офанзивни играчи, а за деструктивец и лев бек ќе биди бонус.....
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Сите репрезентативци шо ни играа на Европсково си одиграа на ниво. Да не беше Стиви англичаниве ни од група немаше да излезат. Керол да играше од старт денеска може поинаква приказна ќе беше, пошто оној грашконо шо го дигаат у гејчестер дека им е иднината на клубот не се виде на теренот. Хендо достоен партнер на Стиви Џи, Џонсон може најдобро денеска си одигра, со шанси во нападот и спречи чист гол. Штета што не ги видовме Кели и Даунинг со настап. Aј за Кели океј, нема тука со Џонсон да се бие за место, тоа ќе си го праи у Ливерпул. Али Даунинг да играше место Јанг сигурен сум дека поише желба за докажување ќе покажеше и и он како и сите други наши топ ќе изиграше. Али ај барем никој не се повреди и сите рано ќе си се вратат. Да не забораиме дека и Агер, кој исто изигра велемајсторски за Данска, ќе добие малце одморче. Реина не дека ќе го видиме уопште на екран (може само у позадина на клупата), туку он само си има бесплатно глеање на сите утакмици на Шпанија. Касиљас никад нема да се повреди или да биде суспендиран, па ваљда и Валдез би бил втор избор во тој случај.

Како и да е, се надевам на олимпијада нема да заминат поголем дел од постарите играчи. Очекувам Шелви, Робинзон, Фланаган, Стерлинг, Коатес и Сусо да отидат од младите. Од постарите засега знаеме само дека Белами 100% иде, па не го планирајте и него за стартот на сезоната. А Суарез ако отиде сме го наебале исто ко лани шо беше на Копа Америка...

П.с: Лукас се враќа на фул тренинг за една недела (y)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
154
Поени од реакции
26
Единствено од сите 2-3 страни кој ми беа непрочитани ме израдува оваа последното
П.с: Лукас се враќа на фул тренинг за една недела (y)

Инаку напагач и едно крило мора да купиме! а се прашувам зошто ЛИВЕРПООЛ никогаш не позајмил играч ? па екипи како ЈУВЕ и МИЛАН цел живот играат на тој принцип.

И околу Европското тоа дрвото од тренер , тој неспособниот , глуп и туп зар толку негледаше во 4 утакмици дека Јанг и Милнер ама баш ништо не играат ама баш ништо и упорно они прва постави! заради тоа шо играат во Манчестер и Манчестер истото и со Велбек. Јас сум убеден дека Даунинг ако добиеше шанса ке ја искористеше 1000% али јбг.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Единствено од сите 2-3 страни кој ми беа непрочитани ме израдува оваа последното
П.с: Лукас се враќа на фул тренинг за една недела (y)

Инаку напагач и едно крило мора да купиме! а се прашувам зошто ЛИВЕРПООЛ никогаш не позајмил играч ? па екипи како ЈУВЕ и МИЛАН цел живот играат на тој принцип.

И околу Европското тоа дрвото од тренер , тој неспособниот , глуп и туп зар толку негледаше во 4 утакмици дека Јанг и Милнер ама баш ништо не играат ама баш ништо и упорно они прва постави! заради тоа шо играат во Манчестер и Манчестер истото и со Велбек. Јас сум убеден дека Даунинг ако добиеше шанса ке ја искористеше 1000% али јбг.
ами тој поспособен да беше немаше од ливерпул да лета по пола сезона...
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.671
Поени од реакции
11.826
До Петок мислам дека ќе биди решена сагата со Сигурдсон. Ама ако нашиве стварно сакаат да го земат, а не успеат во тоа и дозволат Спарс да го земи, тогаш јас одма би им поделил откази на неколку личности таму. Еден ебан Сигурдсон не можиме да донесиме цел месец се маткаме со него.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 00:35 ---
Мики Роке, почивај во мир. Always a red!
Puyol paid for the whole treatment of Betis and former LFC player Miki Roque, who was diagnosed with cancer in 2011 and passed away yesterday. RESPECT for Carlos Puyol RIP Miki Roque

[via el mundo]
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Што е моабетот со Сигурдсон дека ќе иде у Тотенхем?? Ако успеат да не го земат овој тогаш нема потреба веќе да се збори ни за траснфери ни за политика на клубот а ни за титула(некогаш) дека ќе освоиме...
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Хахаха да да сигурно. Кој ќе го зема у Тотенхем бе? Леви ќе ги купува сам играчите? Последен пат коа проверив, клуб без менаџер не може да купува играчи. Тоа само кај Абрамович у некој редок случај може да се најде :D
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
Eziz Allamov ‏@EzizAllamov
WOW! Tottenham have signed Gylfi Sigurdsson from Hoffenheim for €10 million, according to Bild.
Neil Jones ‏@neiljonesecho
I may need a tin hat here, but Gylfi Sigurdsson looks like he is on his way to Tottenham. Hoffenheim yet to confirm, but it looks like it.
Neil Jones ‏@neiljonesecho
LFC will be very disappointed. They were sure they had him ten days ago. Rodgers wanted "chance to show him what (LFC) had to offer".
Neil Jones ‏@neiljonesecho
It either wasn't enough, or what Spurs had to offer was deemed better. Blow to LFC, he's a very good player, and good value too.
Единиствено ако планираат да доведат некој подобар од Сигурдсен ова може да е добро(како Белханда на пример) во спротивно треба сами да си дадат оставка и да се откажат од фудбал они кои ни се задолжени за трансфери...
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Што е моабетот со Сигурдсон дека ќе иде у Тотенхем?? Ако успеат да не го земат овој тогаш нема потреба веќе да се збори ни за траснфери ни за политика на клубот а ни за титула(некогаш) дека ќе освоиме...
Не зборувај така за Ливерпул бе! Предавник! Смени си го тимот! Што е ова контра на тимот одење?



:icon_mrgr:


Ајде, полека и на сите вас, ке ви стане јасно „колку е сатот“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom