Кошаркарска репрезентација на Македонија

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
На Олимпијадата во Атина тогашната Српска репрезентација и изгуби од Нов Зеланд.
На припремите ние на домашен терен одвај ги тепавме.

На овие квалификации и за првпат ќе се сретнеме со скоро цели тимови од НБА играчи.На Европското само со Шпанија и Русија се сретнавме како тимови со повеќе НБА играчи и од двата изгубиме .Нигерија последните неколку години е земја од која највеќе играчи се префрлиле да играат во НБА.

Порторико,Венецуела,Нигерија,Ангола,Доминиканска република сите имаат шанса исто колку европските земји да идат ( освен Русија која гарант ќе иде ) а и колку нас.

И да се квалификуваме на Олимпијада од првата група освен против Тунис и евентуално другиот од квалификации и ослабената Аргентина немаме со никој друг шанса.Ако пак идеме во другата тогаш би требало имаме неколку победи и да поминеме понатаму.
Како што сам си кажа, на припремите едвај го тепавме Нов Зеланд, значи припреми се и не значи дека нашата репрезентација играла со максимумот. Не викам дека Нов Зеланд неможе да изненади, ама ако играме јака одбрана и мирен напад без непотребни шутеви и тоа како ќе ги тепаме.

Моите очекувања се дека ќе завршиме први во група со максимален учинок, а за понатаму незнам како ќе биде.
Како што не се надевав на ништо за ЕП, така и сега на ништо не се надевам, но не значи дека не сакам да ги видам нашите квалифицирани за ОИ.
Единствено што очекувам од нив е да не не посрамотат како ракометарите на предолимпискиот турнир што направија... од фаворити да завршат со 3 изгубени. Нека си играат јака одбрана, стрплив напад и другото само ќе си дојде :)
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Ангола го врати најдобриот - Сипријано

Репрезентацијата на Ангола е најдобрата африканска кошаркарска селекција (со вкупно 10 шампионски, три вицешампионски места и две трети места) и моментално е 15-та на ранг-листата на ФИБА

Кои се првите противници на македонските кошаркари во Каракас?
Анголците се речиси постојан учесник на Олимписките игри (1992, 1996, 2000, 2004, 2008) и на Светските првенства (1986, 1990, 1994, 2002, 2006, 2010). Лани Ангола по шесте освоени титули во низа, загуби од Тунис во финалето со 56-67 на 26. африкански шампионат на Мадагаскар и не успеа да избори директно учество на ЛОИ.

Нов играч во тимот е Олимпио Сипријано, МВП-то на анголската лига (игра за шампионот Либоло), кој неочекувано лани не беше повикан за афробаскетот, на кој Ангола загуби во финалето. Сипријано подоцна се приклучи на подготовките на репрезентацијата поради тоа што стана татко. Тој играше на ЛОИ 2004 и 2008. На СП 2010 во Турција, Сипријано имаше просек од 14,8 поени по меч.

Во составот ги нема искусните бекови Едсон Ндонемиа, Жорге Татис и ветеранот, 35-годишниот Карлос Алмеида, кој настапи на последните три ЛОИ. Анголците деновиве се подготвуваат во тренинг-кампот во Шпанија, каде што веќе одиграа една од неколкуте планирани контролни средби и го совладаа Балкончесто со 108-44. Селекторот Гимараеш им дал шанса на сите кошаркари да се најдат на паркетот.
Експедицијата на Ангола од Шпанија заминува за Бразил на 25 јуни, а оттаму за Венецуела.

Состав: Леонел Пауло, Армандо Кошта, Кикаш Гомеш, Фелизардо Амброзио, Карлош Мораиш, Пауло Барош, Роберто Фортес, Дивалдо Мбунга, Пауло Сантана, Едуардо Мингаш, Милтон Барош, Олимпио Кипројано и Валдесио Жоаким.
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 14:10 ---
Нов Зеланд ќе игра брзо и необично!?

Селекцијата на Високите црни на квалификациите ќе настапи ослабена, без капитенот Пени, Аберкромби, Вебстер и Фути, сите што играа лани против Македонија на тест-мечот во Скопје (68-67 за црвено-жолтите)

Репрезентацијата на Нов Зеланд, позната и по прекарот Високи црни е еден од ривалите на Македонија во групата на квалификациите за ЛОИ. Ако се суди според вестите што стигнуваат од Нов Зеланд,, оваа селекција во доста изменет и ослабен состав ќе настапи во Каракас.

Во тимот поради повреди ги нема најискусните и најефикасните, капитенот Кирк Пени и Том Аберкромби, Кори Вебстер, кој е суспендиран, потоа Стив Адамс и Ајсак Фути. Затоа селекторот Ненад Вучиниќ мораше да направи големи промени во составот кој има повеќе кошаркари со кусок од меѓународни натпревари. Шанса добија четворица дебитанти - тинејџерот, 17-годишниот Таи Вебстер, Еверард Бартлет, Џош Блоксам и искусниот Хајден Ален (32).

Репрезентацијата на Нов Зеланд од вчера се наоѓа во Канбера, Австралија, каде што ќе одигра две пријателски средби со Австралија, по што заминува за Бразил, на турнир на кој ќе настапат четири тима. Потоа на ред е патот за Венецуела на предолимпискиоот турнир.

Новозеландските медиуми најавуваат дека нивната селекција ќе се обиде да игра што побрзо и што понеобично, за да се изненади противникот.

- Без Кори и Аверкомб ќе имаме недостиг од 30 до 35 поени по натпревар и тоа ќе биде тешко да се надомести. Голем проблем ќе ни биде реализацијата, па затоа ќе мораме да го менуваме стилот на игра и да бидеме многу поагресивни - рече белграѓанецот Вучиниќ (45).

Новозеланѓанците двапати настапиле на ЛОИ, во 2000-та и во 2004-та. Во Сиднеј единствената победа на турнирот ја забележаа против Ангола во натпреварот за 11-то место. Во 2004-та, пак, единствената победа ја прокнижија против селекцијата на Србија и Црна Гора, тогаш актуелен светски првак.

Минатата година Македонија го победи Нов Зеланд со 68-67, во тест-мечот во Скопје, пред настапот на ЕП. За Нов Зеланд на тој меч најефикасни беа Аберкромби (сега нема да игра) и Линдзи Тејт.

Состав: Хајден Ален (Окланд Пирати), Џош Блоксам (Нелсон Џајантс), Еверард Бартлет (Беј Хокс), Кејси Франк (Велингтон Сентс), Леон Хенри (Отаго Наџетс), Џерод Кени (Беј Хокс), Роберт Лое (Сент Луис универзитет, САД), Алекс Плеџер (Окланд Пирати), Линдзи Тејт (Окланд Пирати), Џеремаја Труман (Минавату Џетс), Мика Вукона (Нелсон Џајанс), Таи Вебстер (Окланд Пирати).
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ангола го врати најдобриот - Сипријано

Репрезентацијата на Ангола е најдобрата африканска кошаркарска селекција (со вкупно 10 шампионски, три вицешампионски места и две трети места) и моментално е 15-та на ранг-листата на ФИБА

Кои се првите противници на македонските кошаркари во Каракас?
Анголците се речиси постојан учесник на Олимписките игри (1992, 1996, 2000, 2004, 2008) и на Светските првенства (1986, 1990, 1994, 2002, 2006, 2010). Лани Ангола по шесте освоени титули во низа, загуби од Тунис во финалето со 56-67 на 26. африкански шампионат на Мадагаскар и не успеа да избори директно учество на ЛОИ.

Нов играч во тимот е Олимпио Сипријано, МВП-то на анголската лига (игра за шампионот Либоло), кој неочекувано лани не беше повикан за афробаскетот, на кој Ангола загуби во финалето. Сипријано подоцна се приклучи на подготовките на репрезентацијата поради тоа што стана татко. Тој играше на ЛОИ 2004 и 2008. На СП 2010 во Турција, Сипријано имаше просек од 14,8 поени по меч.

Во составот ги нема искусните бекови Едсон Ндонемиа, Жорге Татис и ветеранот, 35-годишниот Карлос Алмеида, кој настапи на последните три ЛОИ. Анголците деновиве се подготвуваат во тренинг-кампот во Шпанија, каде што веќе одиграа една од неколкуте планирани контролни средби и го совладаа Балкончесто со 108-44. Селекторот Гимараеш им дал шанса на сите кошаркари да се најдат на паркетот.
Експедицијата на Ангола од Шпанија заминува за Бразил на 25 јуни, а оттаму за Венецуела.

Состав: Леонел Пауло, Армандо Кошта, Кикаш Гомеш, Фелизардо Амброзио, Карлош Мораиш, Пауло Барош, Роберто Фортес, Дивалдо Мбунга, Пауло Сантана, Едуардо Мингаш, Милтон Барош, Олимпио Кипројано и Валдесио Жоаким.

Ете за сите кои викаа дека Ангола ќе било лесно да сме гледале на полу финале.Ако успееме некако Ангола и Доминиканска република да ги поминеме треба да сме ептен среќни.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ако е Ангола силна тогаш подобро да не учествуваме... Од Ангола се поквалитетни Венецуела и Доминиканска Република за европските да не отвараме дискусија... И да почекаме прво да видиме ние во какво издание ќе се покажаме, ако се повтори играта од Литванија а сега имаме и повеќе комбинации тогаш нема да има дилеми со овие аутсајдери.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.940
Поени од реакции
16.238

Шо има толку Венецуела ? Има некој познат играч што настапува за нив?
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Шо има толку Венецуела ? Има некој познат играч што настапува за нив?
венецуела има неколку добри играчи, од кои најпознат е васкез кој игра во њу орлеанс хорнетс. тука е и торес кој игра во тарагона од шпанија. сите останати се од јужноамеричките првенства.
селектор им е ерик маселман, тие кои следат повеќе нба го паметат како тренер на кингс и вориорс.

мене ме плаши поприлично доминиканската република која е наш потенцијален противник. селектор им е џон калипари, екс нба тренер, помошници му се тренерски имиња како дел харис (екс тренер на лал, милвоки, хјустон) и род стрикленд (доста добар нба играч, сега во пензија). играчкиот фонд им е доста добар.
предводени се од ал хорфорд од атланта и франциско гарсија од кингс. од попознатите тука се баез и аселин кои играат во шпанското првенство, а имаат и 3-4 играчи кои играат низ америчките универзитети. дел од играчите им се од аргентинското првенство. не се за потценување!
ако ни се паднат во 1/4 финале, треба особено да се внимава на хорфорд, значи антиќ, гечески и самарџиски ќе ја имаат клучната улога тука. ако тој се разигра, се разигрува целиот тим.
 
1

1292

Гостин
Што ако имаат НБА играчи кога ние во тимот имаме полубог? :icon_lol:
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Ете за сите кои викаа дека Ангола ќе било лесно да сме гледале на полу финале.Ако успееме некако Ангола и Доминиканска република да ги поминеме треба да сме ептен среќни.
Да, да... Дрим тимот и после нив се Ангола... ако познаваш бар еден играч од Ангола јас главава ја сечам.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Да, да... Дрим тимот и после нив се Ангола... ако познаваш бар еден играч од Ангола јас главава ја сечам.
Не им ги знам играчите зошто сите им играат во домашната лига али им ја знам статистиката и им го знам успехот и според нив знам дека не се за потценување воопшто.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Мало загревање пред турниров ... :)

Кој сака нека дојде бе ... :vozbud:
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Не им ги знам играчите зошто сите им играат во домашната лига али им ја знам статистиката и им го знам успехот и според нив знам дека не се за потценување воопшто.
Која е статистиката?
15-ти на FIBA ранг листата? Нема поголема смешка од FIBA ранг листата.
Може ли јас да ти ја кажам статистиката?
На последните пет светски првенства само еднаш афричка репрезентација била меѓу првите 10...
На последните пет Олимпијади само еднаш афричка репрезентација била пласирана подобро од 11 место, т.е. 10... од 12 учесници.
Вистина е дека таа репрезентација била Ангола, ама ако ние играме како што треба не треба да се замараме со вакви репрезентации.
 
Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Играат по 10 минути на утакмица у НБА, просек имаат по 2 поени на утакмица и ги направивте богови...
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Играат по 10 минути на утакмица у НБА, просек имаат по 2 поени на утакмица и ги направивте богови...
http://www.nba.com/playerfile/al_horford/career_stats.html

ова за тебе просек е?
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 18:01 ---
никој не ги велича толку ко шо велиш ти. само не се ни толку за потценување.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе што има врска 1 играч не гради тим, не градат ни 5 играчи тим, гради тимот заедно со клупата, ако сите го дадат својот максимум кај нас, ич не ми чие за нба ,, звездите,,
Кога можеа нашите 30 м да се држат со Шпанија, која лесно ни дрим тимот на Америка не ја победува, ќе се грижам за Ангола. Пау, Марк, Наваро, Калдерон, Рубио и останатите вредат колку сите овие што се на турнирот.:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom