Турски / Индиски / Шпански и останати „Ш“ серии - тема само за хејтери!

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Е сеа веќе се претерува со одземањето лиценци и чуда.. јес да е невкусна шега, ама секој со просечно iq ќе сфатеше на крај дека станува збор за серија/емисија.
 
Мене ме чуди што толку народот придава важност на едни вести...после толку лажни информации што ни ги пласираа последнава деценија,не заслужуваат ни да ги гледаме...во последен период сум во состојба и телевизорот да го фрлам низ прозорот од нив,но ептем да не го пропуштам Европското првенство...
Телевизорот не го фрлај. Ќе ти треба. Стави си сателитска. (y)
 
Советот за радиодифузија изрече мерка три дена забрана за рекламирање за Канал 5 телевизија откако емитуваше невистинит спот со кој го прекршил Законот за радиодифузија по 2 основи, брифираат извори од СРД.
Прекршокот е во тоа што Канал 5 објавила спот за промовирање на својата програма кој е невистинит и кој ја доведува во заблуда јавноста. Исто така, лицето кое што е презентер во вестите на телевизијата, било искористено во рекламен спот за реклама за телевизијата, што исто така, според заклучокот на СРД е противзаконско.

http://www.plusinfo.mk/vest/46964/Tri-dena-zabrana-za-reklamiranje-za-Kanal-5

Е па ете им го сега, нека се глупираат пак.;)
 
Мислев дека ке си поминат неказнето но згрешив. Добро штом ги казниле.
 
Новата Хит серија што ги потресе турција и целиот свет,канал 5 вие не потресовте нас пичкави матер !
 
Абе им го накршија веќе со три дена забрана за реклами. Нека им забранат три дена програма (турски серии воглавно) па ќе правиме муабет.
 
Сакам да направат римејк на Лост, баш ме интересира како ќе го изведат Смоук Монстер :pos:
 
Абе им го накршија веќе со три дена забрана за реклами. Нека им забранат три дена програма (турски серии воглавно) па ќе правиме муабет.

Најлошо што можеш да и направиш на телевизија е да и забраниш реклами. Они од тоа живеат и од тоа ги откупуваат дебилните серии. :)
 
Иако ги казнија, мислам дека треба реформа во законот, построги казни, малку им е три дена. Мора да се воведе оној принцип на поголема процентуална застапеност на македонска програма на тв станиците. Се додека не се воведе тоа и не се поттикнат да прават корисна програма, ќе не окупираат со турски серии, вести и реклами.
 
Еве бе, паднал авион во Индонезија, сега шо прајме? Луѓето си најавија дека наскоро ќе биде и ете бидна :)
 
Најлошо што можеш да и направиш на телевизија е да и забраниш реклами. Они од тоа живеат и од тоа ги откупуваат дебилните серии. :)
Три дена ќе нема реклами, ќе ги обештетат тие што закупиле и никому ништо. Да бевме нормална држава со народ што не гледа вакви срања, да, ќе беше лоша казна. Ама да им забранеа да ги емитуваат срањава три дена, ќе го навлечеа гневот на народов, и тие што мислеа дека ова со авионот е глупост ќе почнеа да си викаат, што се изглупираа, сеа серијава не можам да си ја гледам... Tака да подобро за нив е ова.

Испуштени се од раце телевизииве, ни ден на жалост ко пево почитуваат ни ништо. :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom