LHC Судрувач на честички (Церн, Божја Честичка, Бозон, Хигс)

D

dystopian

Гостин
Пронајдена "Божјата честичка"?!

Physicists to Make Major 'God Particle' Announcement Next Week
The CERN lab in Geneva has cautioned that LHC's ATLAS and CMS experiments have not accrued enough data to make any conclusive statement on the existence or non-existence of the Higgs boson, an as yet undetected particle thought to give all other particles their mass.

Even so, the BBC is reporting that a "respected scientist from the CERN particle physics laboratory has told the BBC he expects to see 'the first glimpse' of the Higgs boson next week."
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.461
Поени од реакции
5.163
CERN најверојатно ќе објави дека Хигс бозонот е опсервиран
12.12.2011

Утре, во 15 часот CET, научници од Large Hadron Collider (LHC) во CERN (Швајцарија) се очекува со прилично голема сигурност да објават дека го опсервирале Хигс бозонот или „божјата честичка“ на маса-енергија од 125 GeV (gigaelectronvolts).

Повеќе од една недела се ширеа гласини дека се направени опсервации со 2.5 до 3.5 сигма сигурност (96% до 99.9%). Сепак, за да биде прогласено како вистинско откритие, сигма ниво од 5 треба да биде постигнато, иако и ова од 3.5 доволно би ги возбудило физичарите, инжинерите, научниците, па дури и философите. Можеби уште поважно е тоа што два детектори на LHC наводно го „виделе“ Хигс бозонот: CMS детекторот со сигма од 2.5 и ATLAS со сигма од 3.5. Оливер Бухмојлер (Oliver Buchmeuller), еден од научниците од тимот кој работи на CMS детекторот вели дека „благодарејќи на опсервациите кои се поклопуваат полека се приближуваме до заклучок во првите неколку месеци од следната година“.

http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=2809
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.842
го спуштив серијалот throw the wormhole with morgan freeman, и има убаво објаснето некои работи за вселената , времето, просторот и материјата, имаше една епизода и за хиксовиот бозон , зборуваше со научникот според кого е наречена оваа честичка но мене пак не ми се разјасни што претставува таа честичка ниту пак зошто е толку значајна и која е придобивката на човештвото со нејзиното откривање
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
^Не се одбирам многу но мислам дека Хигсовиот бозон претставува основна градбена честичка на секоја материја.
Се смета дека токму таа е најмалата честичка воопшто, и доколку биде изолирана, би се добило епохално откритие за настанокот на универзумот.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.132
Поени од реакции
801
го спуштив серијалот throw the wormhole with morgan freeman, и има убаво објаснето некои работи за вселената , времето, просторот и материјата, имаше една епизода и за хиксовиот бозон , зборуваше со научникот според кого е наречена оваа честичка но мене пак не ми се разјасни што претставува таа честичка ниту пак зошто е толку значајна и која е придобивката на човештвото со нејзиното откривање
Хигсовиот бозон објаснето од лаик како мене претставува честичка која на другите елементарни честички им дава маса.
Ние денеска знаеме дека материјата има маса - но немаме појма од каде таа доаѓа. Хигсовиот бозон би овозможил ова да се разјасни и би го потполнил Стандардниот модел на физиката.
 
B

Black Guard

Гостин
Постои т.н хигсов механизам при кој имаме кршење на симетријата па понатаму следуваат фермионите и создавањето на материјата,за ова да се разјасни треба поопсежно да се елаборира се надевам во некоја наредна прилика.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Постои тој Стандарден модел во физиката, според кој сите елеметарни честички кој што ги предвидува овој модел се експериментално докажани освен Хигсовиот бозон. Сега и овој стандарден модел си има мана, не може да ја објасни гравитацијата, инаку сите други сили електомагнетизам слаба и јака нуклеарна сила ги објаснува сосема задоволително.
 
B

Black Guard

Гостин
Постои тој Стандарден модел во физиката, според кој сите елеметарни честички кој што ги предвидува овој модел се експериментално докажани освен Хигсовиот бозон.
Штета што не можеме лабораториски да го предизвикаме биг бенгот.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Штета што не можеме лабораториски да го предизвикаме биг бенгот.
Биг бенг, мислиш да создадеме нов космос. :) Сега не но во некоја многу далечна иднина можеби ќе можеме:), некоја сега незамислива количина на енергија и таквата енергија да се материјализира во нов универзум.
Инаку постојниот LHC при сударите се создаваат честички кои постоеле само за време на биг бенгот, периодот додека постојат е многу краток, а треба да се детектираат пред да се распаднат
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
14
Поени од реакции
2
Нема шанси да се направи 10 000 пати поголема топлина од таа на сонцето. Пратете пример сега.
Тоа лето што помина сега е едно од најжешките лета што ги имаше во последните 50 години. Е сега температурата беше да не кажам 60 степени, ама во одредени денови достигнуваше до 55.
Па што ми е зборот ?...- На 55 степени кога се возаше по пат гумите се слеваа на патот, лепаа по патот на само 55 степени. На површината на сонцето температурата изнесува 5000 степени целзиусови...Ако со овој експеримент се добие 10 000 пати повеќе од температурата на сонцето можете ли да замислите што ке биде?
Зборот ми беше ние едвај ги издржавме летните температури...а ако го прават овој експеримент и ако се дојде до таква температура, од топлина ке се уништат и другите планети, а не само нашата.


There is no way to measure the temperature at the Earth's core directly. We know from mines and drill holes that, near the surface of the Earth, the temperature increases by about 1 degree Fahrenheit for every 60 feet in depth. If this temperature increase continued to the center of the Earth, the Earth's core would be 100,000 degrees Celsius!

But nobody believes the Earth is that hot; the temperature increase must slow down with depth and the core is probably about 3000 to 5000 degrees Celsius.

This estimate of the temperature is derived from theoretical modeling and laboratory experiments. This work is very difficult (and speculative) since nobody can reproduce in a laboratory the high temperatures and pressures that exist in the core. Also it is not known exactly what the core is made of.

 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
А мислев само ние сме фејл...

ЦЕРН се изрезили

Ви текнува кога научниците од ЦЕРН ја побија теоријата на релативитетот, откривајќи честици кои се движат побрзо од светлината? Епа, сега испадна дека такви резултати добиле затоа што им бил лабав кабелот.

Минатата година, физичарите во лабораторијата во Женева и се спротивставија на теоријата за релативитет на Алберт Ајнштајн, тврдејќи дека субатомските честици неутрини можат да патуваат неколку секунди побрзо од светлината.
Сега, портпаролот на ЦЕРН призна дека се сомневаат во резултатите, кои најверојатно ги добиле заради олабавен фибер оптички кабел, кој го поврзува GPS-от со компјутерот.
Сепак велат дека треба да се извршат дополнителни тестирања пред да се донесат какви било заклучоци.
Научниците кои работеа на експериментот наречен OPERA, велат дека пред да ги објават резултатите во септември 2011-та, повеќе пати во текот на неколку месеци проверувале сè што можело да наведе на погрешни заклучоци.
И вториот тест чии резултати беа објавени во ноември, донесоа дополнителни докази дека неутрините се побрзи од светлината. Сепак, и поктај тоа многу експерти останаа скептични.
Претседателот на Одделот за физика при универзитетот во Чикаго, Едвард Блухер вели дека доколку беше вистинита, теоријата на ЦЕРН ќе беше револуционерна.
"Не сретнав ниту еден кој поверува дека научниците од ЦЕРН се во право. Мислам дека луѓето навистина работеа многу внимателно на експериментот, но не можеа да смислат што би можело да биде проблемот, па одлучија да го презентираат откритието", вели Блухер, кој смета дека требале да почекаат бар уште неколку месеци.

http://on.net.mk/zhivot/nauka/cern-se-izbruka
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
церн не се изрезили. церн објави, и кога ја објави информацијата, дека се сомневаат во резултатот. неколку месеци се обидувале да воочат каде им е грешката, бидејќи биле сигурни дека грешат.
неутирно има маса, честица со маса не може да се дивижи побрзо од фотонот на светлината. фотонот нема маса
интересни факти има за неутрино. милиони неутрино честички поминуваат низ секој од нас во секоја секунда. поминуваат бидејќи ние (човекот, и се останото што го нарекуваме материја) е речиси празен простор. атомот е празен простор. атомот е составен од електорн и атомско јадро (протон и неутрон) колку за илустрација: ако атомското јадро е со големина на тениско топче, елкторнот е на растојание од еден километар со големина на зрнце песок.
ако атомот е со големина на сончевиот систем, неутриното е со големина на голф топче :)
ова е за мене вистинска слика за колку е нешто големо (мало) бидејќи како бројки со децимали до 15 нули многу баш и не ми значат :) таквата "големина" на неутрионо му овозможува да си поминува низ нас кога сака :)

хигс бозонот постои во теорија и никогаш не е детектиран.
малку да појаснам онака како јас знам. она што фотонот е за светлината, тоа е хигс бозонот за хигс полето, кое постои во стандарниот модел, но никогаш детектирано. хигс бознот кога е во интеракција со елементарните честици тоа е она што им дава маса. ова е моделот на кој што денешната наука се потпира. без овој модел не би имале идеа како еден предмет тежи. што прави тој еден предмет да има маса.
замислете ја физиката без величината "m"
се верува дека хигс бозонот ќе се детектира, иако преовладува мислење дека нема вопшто да се појави, односно анализите ќе го докажат неговито присуство. или ќе се докаже дека не постои. ќе биде тоа страшен пресврт и потрес за физиката како наука.
затоа овој експеримент е толку значаен. сударот на протон со протон ќе ги разбие сите елементарни честици од кои што се содржи. судар на протон со протон од водород биле условите на универзумот после милионити дел од секундата од големиот блесок. затоа се вели дека ќе се креира мал биг бенг.

некој спомна погоре и за гравитацијата како уште една голема енигма за стандарниот модел, гравитација која на сите нас ни е очигледна на овој свет, но во светот на атомот, во микроскопскиот свет моделот за гравитацијата едноставно се распаѓа, не постои, исчезнува. иако живееме во златната доба на науката, сепак уште долго долго време ќе помине додека моделот за гравитација кој ќе биде прифатлив се докаже со еден ваков експеримент. за да се детектира гравитонот, потребен ќе биде забрзувач на честици како овој швајцарија, но со големина на пола сончев систем :)
се уште сме многу далеку од она што се вели theory of everything, но сепак ова е време кога дури и како хоби науката и пред се теоретската физика е супер интересна и возбудлива.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
И што сега? Уште се работи на овој проект? Или џабе се дигна толкава прашина, и џабе милијардите што се инвестираа?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom