церн не се изрезили. церн објави, и кога ја објави информацијата, дека се сомневаат во резултатот. неколку месеци се обидувале да воочат каде им е грешката, бидејќи биле сигурни дека грешат.
неутирно има маса, честица со маса не може да се дивижи побрзо од фотонот на светлината. фотонот нема маса
интересни факти има за неутрино. милиони неутрино честички поминуваат низ секој од нас во секоја секунда. поминуваат бидејќи ние (човекот, и се останото што го нарекуваме материја) е речиси празен простор. атомот е празен простор. атомот е составен од електорн и атомско јадро (протон и неутрон) колку за илустрација: ако атомското јадро е со големина на тениско топче, елкторнот е на растојание од еден километар со големина на зрнце песок.
ако атомот е со големина на сончевиот систем, неутриното е со големина на голф топче

ова е за мене вистинска слика за колку е нешто големо (мало) бидејќи како бројки со децимали до 15 нули многу баш и не ми значат

таквата "големина" на неутрионо му овозможува да си поминува низ нас кога сака
хигс бозонот постои во теорија и никогаш не е детектиран.
малку да појаснам онака како јас знам. она што фотонот е за светлината, тоа е хигс бозонот за хигс полето, кое постои во стандарниот модел, но никогаш детектирано. хигс бознот кога е во интеракција со елементарните честици тоа е она што им дава маса. ова е моделот на кој што денешната наука се потпира. без овој модел не би имале идеа како еден предмет тежи. што прави тој еден предмет да има маса.
замислете ја физиката без величината "m"
се верува дека хигс бозонот ќе се детектира, иако преовладува мислење дека нема вопшто да се појави, односно анализите ќе го докажат неговито присуство. или ќе се докаже дека не постои. ќе биде тоа страшен пресврт и потрес за физиката како наука.
затоа овој експеримент е толку значаен. сударот на протон со протон ќе ги разбие сите елементарни честици од кои што се содржи. судар на протон со протон од водород биле условите на универзумот после милионити дел од секундата од големиот блесок. затоа се вели дека ќе се креира мал биг бенг.
некој спомна погоре и за гравитацијата како уште една голема енигма за стандарниот модел, гравитација која на сите нас ни е очигледна на овој свет, но во светот на атомот, во микроскопскиот свет моделот за гравитацијата едноставно се распаѓа, не постои, исчезнува. иако живееме во златната доба на науката, сепак уште долго долго време ќе помине додека моделот за гравитација кој ќе биде прифатлив се докаже со еден ваков експеримент. за да се детектира гравитонот, потребен ќе биде забрзувач на честици како овој швајцарија, но со големина на пола сончев систем

се уште сме многу далеку од она што се вели theory of everything, но сепак ова е време кога дури и како хоби науката и пред се теоретската физика е супер интересна и возбудлива.