Евро 2012 - група Д (Англија и Франција во 1/4 финале)

Кои две репрезентации ќе продолжат во втората фаза?

  • Вкупно гласачи
    158

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Друже, таму играта е таква со многу прекини.
Да не глумиме Берни Еклстон во фудбалот, само ќе се искарикира играта така со непотребни глупости.

Да не збориме што на чиста одлука можат да фрлат жолто знаме тренерите и да прекинат напад во сред игра. Или пак како вчера, ако било гол и после англичаните дадат гол во контра-напад - а тренерот фрлил жолто знаме...што праиме?

Технологијата е веќе одааамна решението, но проблемот е чисто маркетиншки - со вакви контроверзни работи само се зголемува гледаноста, напротив. :)
Јас не сум за да биде како во америчкиот фудбал потполно но ајде да ти кажам!
Таму нема прекин на напад. Знаменце се фрла доколку има спорна ситуација. Значи од кога ќе заврши нападот, после се прегледува снимка.
Јас сум за тоа знаменце да се употреби, исто како челинџ во тенисот. Ако си во право ти останува челинџот, ако не го губиш.
Сепак тоа е мој став. Може и технологија ама сигурно е и ти тоа што велиш!
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069

Види, ти пишав што е проблем ако нападот продолжи и отпосле се разгледа ситуацијата.

Еве конкретно, вчера Украина дава гол, но играта продолжува и Англија дава контра-гол. Знаменцето е фрлено, се докажува дека голот на Украина е чист.

Тогаш што со голот на Англија, кој го дале откако акцијата продолжила нерегуларно? Ќе се поништи тој?

Нема логика вакво правило, само ќе се создаде гнев кај сите страни. Технологииве со чип верувај ми дека одамна може да се имплементираат, ете види во хокеј како светнува диода над голот кога пакот ќе ги пројде стативите. Само што вакви ситуации го прават фудбалот поинтересен, бар така е проценето и затоа не се средуваат, не дека не може.
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Види, ти пишав што е проблем ако нападот продолжи и отпосле се разгледа ситуацијата.

Еве конкретно, вчера Украина дава гол, но играта продолжува и Англија дава контра-гол. Знаменцето е фрлено, се докажува дека голот на Украина е чист.

Тогаш што со голот на Англија, кој го дале откако акцијата продолжила нерегуларно? Ќе се поништи тој?
Не ме разбираш. Има сомнителна ситуација, се фрла знаменце и готово. Нема ни контра ни ништо. Ако е гол на Украина е гол и готово, џабе дале англичаните од контра.

Само секој со свој став:icon_lol:
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.675
Поени од реакции
22.783
Абе какви знаменца, какви жолти крпи. :facepalm:
Гледајте фудбал и уживајте. А, тоа што некој ќе биде оштетен, а некој награден... тоа си е дел од спортот и од фудбалската игра. :свиркам:
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Абе какви знаменца, какви жолти крпи. :facepalm:
Гледајте фудбал и уживајте. А, тоа што некој ќе биде оштетен, а некој награден... тоа си е дел од спортот и од фудбалската игра. :свиркам:
Не е таќно Че. Многу често си во право за многу работи, меѓутоа ова ти е ептен опортунистички. Види, така на хартија може ке те поверувавме, ама знајш кој најчесто е оштетуван? Бар Македонија треба да има симпатии спрема оштетените, и презир спрема оштетувачите.

Оштетувањето не е и не е дел од спортот. Спортот требаше да биде благородна работа, а не „јеби га“ работа.

П.С. Освен ако ти е друга поентата :icon_mrgr:
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Абе какви знаменца, какви жолти крпи. :facepalm:
Гледајте фудбал и уживајте. А, тоа што некој ќе биде оштетен, а некој награден... тоа си е дел од спортот и од фудбалската игра. :свиркам:
Да но за мене тоа не е фер, било тоа да биде оштетена мојата екипа или наградена!
Бил попривлечен спортот така, заради грешките? Ма немој да ме јебеш бре!
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Абе какви знаменца, какви жолти крпи. :facepalm:
Гледајте фудбал и уживајте. А, тоа што некој ќе биде оштетен, а некој награден... тоа си е дел од спортот и од фудбалската игра. :свиркам:
Се додека не се работи за тим за кој ти навиваш нели?:свиркам:
Дел од спортот и од фудбалската игра е фер и коректно играње и судење, па после кој е подобар нека победи. Ако е за така, дај да ги извадиме сите судии, па нека не се свири ни офсајд, ни фаул, ни пенали, ни ништо, нека се испоколат на терен, па сега некој ќе е награден, некој оштетен. :нинџ: Поентата е да се ужива во надигрувањето и самата игра како таква. Еве конкретно за случајов (а и за милион претходно, како тогаш Англија кога играше со Германија на Светско, давам пример да не излезе дека сум против Англија, што не е точно) 5 страни и повеќе се зборува за ситуацијава, никој не зборува за тоа дали натпреварот бил добар или не. И за другите примери. После толку време никој нема да зборува “еј ама беше јак мечов“, туку ќе зборат “ти текнува тогаш судијата... Мене тоа ме нервира, наместо да се говори за фудбалската ИГРА која ти ја потенцираш, се зборува за неправилности на судиите затоа што тие се ќори/неспособни/штоидае.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.675
Поени од реакции
22.783
Biafran Jet Set Постот ми е напишан со иронија. Точно дека најмалку е убаво во спортот тоа фаворизирање на некои на сметка на некој друг, кој ќе биде оштетен. Ама, знам оти и да зборуваме и да пишуваме и да молчиме, НИШТО нема да преземат во врска со ова. И Платини и Блатер се против оваа идеја.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Ќе те потсетам само на Челзи, најтазе е, да не те враќам многу назад :icon_lol:
Темава не е ЛШ или Премиер, ама сега осеќам ќе ти стигнат уште 18 нотификации, со оглед на потписот (y)
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Темава не е ЛШ или Премиер, ама сега осеќам ќе ти стигнат уште 18 нотификации, со оглед на потписот (y)
Само направив компарација, Челзи со никаква игра стана шампион!
Сега ако не можеш да си поврзиш што сакав да кажам не сум јас крив!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom