Парга
е мало симпатично местенце, мирно, со 3 убави плажи и кристално чисто море. Убави ресторанчиња со свежа риба, не нешто посебно скапа. Навечер е мирно.
Од каршија се Пакси и Антипакси - обавезно излет сo бродче на Антипакси, една од најубавите лагуни што сум бил е таму
Феноменално е, за жал не можам да постирам од моите слики да не нарушувам приватност.
Во околината ако сте со кола одете до Амудиа(има супер плажа), кај реката Ахерон и блиску е и Сивота на север накај Игуменица. Има неколку убави увалици од Амудиа јужно.