Ме интересира дали сѐ уште зборуваш за 2001 и злосторства (против човештво, итн.) извршени во тој период ?
Ако не, која е разликата ? (прашувам од формални причини за дискусија, се разбира дека нема разлика in concreto)
Затоа, благовремено требаше да се егзекутираат заради давање отпор при апсење. Инаку, ќе гледаме организирани (јавни, јасни, гласни, недвосмислени) протести за поддршка на убијците. За волја на вистината, толку трае размислувањето на народот во однос на случајот, што се однесува до нив, немаат забелешки (не се зборува никаде, итн.), иако двајца од егзекуторите не се пронајдени, иако потврдија дека се сами убијците кога рекоа дека требало да убијат униформирани лица, итн.
Таа страшна медиумска контрола! Нема независни новинари. Поточно, нема новинари.
Не е точно ако речам дека сум изненаден од случајот и последиците.
Уште повеќе, не би бил изненаден и да се случи нешто што ќе доведе до амнестија (од било кој ред, причина и релаксирање на околности и казни). Да, тоа звучи нереално, но јавна поддршка на убијците исто е далеку од здрав разум, но се има случено. Слично, се има случено и амнестија (на потешки дела дури). Лага која се протна дека овој случај е „најтежок“, пласирана од драгата(драгиот?) министер за внатрешни, е застрашувачки понижувачка во однос на жртвите од 2001. Дали до толку нѐ сметаат неинформирани ? (не, сѐ личи дека нѐ сметаат и поглупави, попасивни, меки, незаинтересирани, итн. елементи на тесто.. (како народ, како целина) - објективна вистина).