Често се врти муабетот за тоа колку е битен тренер за екипа. На ова првенство можеше најдобро да се види одговорот.
Во група А по еден пример за тоа како селектор може позитивно и негативно да влијае. Секоја чест за Сантос, како само овој тренер учествува во игра на својата екипа. Не спие на клупа, иако не стои постојано до аут линија и да се дере, со неговите одлуки влијае на теренот во тек на натпреварот.
Првиот натпревар со Полска во прво полувреме Грција катастрофа и останува дури со еден играч помалку и еден гол негатива. Во второ полувреме прави замена, дава совети, Грците требаше да поведат со играч помалку да не промашеа пенал. Слично чувство да делува во тек на игра покажа и со Чешка, но не можеше Грција со нив. Денес не го гледав цел натпревар, но видов голем дел од второ полувреме и повторно ми остави добар впечаток. Кога сме кај Грците, ние не ги сакаме што не ги сакаме, но мора да им се признае дека играат за државата, а бе гинат на терен. Каква реакција имаше Карагунис некаде во 60 минута кога не му сврна судијата пенал, излегоа од него сите емоции со кои влегоа Грците на натпреварот. А и тука направи Сантос добра работа што по заработениот жолт картон и големата нервоза го извади Карагунис нивниот најдобар играч.
Од друга страна Шмуда пример за катастрофа селектор. Лесно читлива тактитка, не менување ништо иако гледа дека не му оди на терен. Екипата му паѓа на секој натпревар овој не знае да ја врати, ниту еднаш не погоди со замените. Неуспехот на Полска во голема мера оди на негова душа.
Од другите мислам дека стручниот штаб на Германија знае што прави. Рано е да се пишува но мислам дека многу добро ја темпираат формата на репрезентацијата. Играње колку што е потребно да се оствари победа и се подобро и подобро ќе играат како ќе одминува првенството.
Рој Хоџсон го чекав да се избрука, но и тој добро си ја врши работата (добро, имаше и среќа). Без Руни Англија од првите два натпревара има 4 бода, од кој еден против Франција. Погодок занмена (Тео Волкот) против Шведска и добивање на натпревар.
Значи, муабетите со тие играчи секој ќе направи успех, тренерот не е важен, секој може да стане тренер не држат баш. На Блажевиќ во Хрватска и ден денес некои не му го признаваат успехот на СП 1998 година, а има огромна заслуга. На Пеп Гвардиола голем број никогаш нема да му го признае успехот со Барса... и да не набројувам...