Eвропско првенство 2012 - општа дискусија

Кој ќе биде шампион?

  • Германија

    Гласови: 150 39,5%
  • Шпанија

    Гласови: 62 16,3%
  • Холандија

    Гласови: 52 13,7%
  • Италија

    Гласови: 48 12,6%
  • Англија

    Гласови: 38 10,0%
  • Франција

    Гласови: 17 4,5%
  • Португалија

    Гласови: 13 3,4%

  • Вкупно гласачи
    380
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
kako mozete da kazete deka ronaldo ne e dobar igrac bozeeeeeeeee.... dobar igrac e igrac sto dava samo golovi? okej kiksna ronaldo 2 puti, zaeba i toa mozese mn da gi kosta ama sve je dobro kad se dobro svrsi. a primetuvate kolku trca ronaldo? primetuvate deka on e srceto na portugalskata reprezentacija i gi vodi i deka vo sekoja akcija ima udel? primetuvate deka go cuvaat po trojca najmalce, i deka 1 v 1 koa e so igrac od 10 puti ednas ja gubi topkata? bas sakam sea so holandija da ve zakjuti site i da vi naprai CALMA CALMA (y)
Добар играч е, ама не е голем, ако ме разбираш што сакам да кажам... играч од негов калибар не смее да си дозволи такви промашувања на утакмици од големо значење, негова среќа што има добри соиграчи... а и како му го лижат во репрезентацијата, на таков љигљо му дале капитенска лента :facepalm:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Од ФБ на Драган Николовски


Да нема дилеми во однос на преносите од последното коло - ЕДЕН НАТПРЕВАР ВО ЖИВО ОД 20.35 (оној што најдиректно решава), ЕДЕН ВО СНИМКА ОД 23.30 (оној што решава за нијанса помалку).. Такви се правилата на игра, нема ниту можност за комбиниран пренос, бидејќи сигналот од натпреварите мора да биде во континуитет и не смее да се прекинува !!!

сабота - пренос ПОЛ-ЧЕШ, снимка РУС-ГРЦ
недела - пренос ПОР-ХОЛ, снимка ГЕР-ДАН
понед - пренос ШПА-ХРВ, снимка ИТА-ИРС
вторн - пренос АНГ-УКР, снимка ФРА-ШВЕ
(y)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ne mozat da prenesuvaat eden natprevar na MTV1, a eden na Sobraniski Kanal?
Не. Вчера кажаа дека такви им се правата не смеат двата во живо да одат, мора едниот снимка нормално по завршување на мечот а и денес на собраниски од исто време има Македонија ракомет во живо.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Како и да е супер е вака, многу подобро отколку комбиниран пренос, за мене најголемото зло што им се случило на преносите на спортските натпревари.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Добар играч е, ама не е голем, ако ме разбираш што сакам да кажам... играч од негов калибар не смее да си дозволи такви промашувања на утакмици од големо значење, негова среќа што има добри соиграчи... а и како му го лижат во репрезентацијата, на таков љигљо му дале капитенска лента :facepalm:
Да си почутеше ќе те мислев за посовесен член на кајганава,ама сепак ограничен си со твојот Милан и твојата Италијанска..
Арно сеа за првпат си гледал Европско па си ги начекал Португалија и да го видиш К.Роналдо...
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.334
Поени од реакции
26.274
Ne mozat da prenesuvaat eden natprevar na MTV1, a eden na Sobraniski Kanal?
Драган Николовски:
„Поради стриктните правила од договор за екслузивни права, МРТВ не смее да го емитува ЕП на Собранискиот Канал. Затоа и нема можност за два парарелни преноса."
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Овој Драган Николовски има одговор за се :)
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.217
Поени од реакции
14.493
Често се врти муабетот за тоа колку е битен тренер за екипа. На ова првенство можеше најдобро да се види одговорот.

Во група А по еден пример за тоа како селектор може позитивно и негативно да влијае. Секоја чест за Сантос, како само овој тренер учествува во игра на својата екипа. Не спие на клупа, иако не стои постојано до аут линија и да се дере, со неговите одлуки влијае на теренот во тек на натпреварот.

Првиот натпревар со Полска во прво полувреме Грција катастрофа и останува дури со еден играч помалку и еден гол негатива. Во второ полувреме прави замена, дава совети, Грците требаше да поведат со играч помалку да не промашеа пенал. Слично чувство да делува во тек на игра покажа и со Чешка, но не можеше Грција со нив. Денес не го гледав цел натпревар, но видов голем дел од второ полувреме и повторно ми остави добар впечаток. Кога сме кај Грците, ние не ги сакаме што не ги сакаме, но мора да им се признае дека играат за државата, а бе гинат на терен. Каква реакција имаше Карагунис некаде во 60 минута кога не му сврна судијата пенал, излегоа од него сите емоции со кои влегоа Грците на натпреварот. А и тука направи Сантос добра работа што по заработениот жолт картон и големата нервоза го извади Карагунис нивниот најдобар играч.

Од друга страна Шмуда пример за катастрофа селектор. Лесно читлива тактитка, не менување ништо иако гледа дека не му оди на терен. Екипата му паѓа на секој натпревар овој не знае да ја врати, ниту еднаш не погоди со замените. Неуспехот на Полска во голема мера оди на негова душа.

Од другите мислам дека стручниот штаб на Германија знае што прави. Рано е да се пишува но мислам дека многу добро ја темпираат формата на репрезентацијата. Играње колку што е потребно да се оствари победа и се подобро и подобро ќе играат како ќе одминува првенството.

Рој Хоџсон го чекав да се избрука, но и тој добро си ја врши работата (добро, имаше и среќа). Без Руни Англија од првите два натпревара има 4 бода, од кој еден против Франција. Погодок занмена (Тео Волкот) против Шведска и добивање на натпревар.

Значи, муабетите со тие играчи секој ќе направи успех, тренерот не е важен, секој може да стане тренер не држат баш. На Блажевиќ во Хрватска и ден денес некои не му го признаваат успехот на СП 1998 година, а има огромна заслуга. На Пеп Гвардиола голем број никогаш нема да му го признае успехот со Барса... и да не набројувам...
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Овај Дик Адвокат, не знам. Чоекот нема капацитет, а пак добива високи позиции на силни репрезентации. Клајте го таму, спортски директор и решен проблем. Не го бива, шо не го бива за тренер. Ти со ваква Русија да не обезбедиш пласман и да загубиш од онаква Грција е срамота.

Сепак, ептен ми е мило за Чесите. Заслужија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom