Ситуацијата во Шкендија сеуште не е јасна. До крајот на следната недела се ќе биде јасно, кој ќе си оди, кој ќе си остане и кој ќе си дојде.
Моментално само Ерсен Сали отиде во Дачија, на Никитовиќ не му е продолжен договорот, а сите други се во преговори со Шкендија за да го продолжат договорот. Нема никакво раскинување на важечки договори.
На тренинзите се појавил Ертан Хасан наш поранешен играч кога бевме во Втора Лига, а во текот на следната недела се очекуваат 2-3 нови имиња.
За Аломеровиќ да има шанси да си оди и најверојатно ќе си оди во Металург бидејќи не му го продолжуваат договорот. Пеев и Марко Јовановски имаат уште една година договор со Шкендија така да нема шанси да си заминат ако Шкендија не сака. Можеби има нешто вистинито за Пеев бидејќи поголемиот дел на сезоната го помина на клупа, така да можеби ќе биде продаден.
Сите тие играчи на кои им заврши договорот се појавиа на тренинзите и траат преговорите за продолжување на договорите. Бериша и Цуцули бараат клуб во странство, ако не испадне ништо остануваат. Усеини 99% останува. Не знам каква е ситуацијата со Елмедин Реџепи, се зборува дека нема да го задржат и можеби ќе си оди во Дрита или Руфеја.
Со Положани траат преговорите, а не знам до каде се со Ејупи.