Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Ти се радуваш што потпишал за израелски клуб? Наместо да гледаме да се појачуваат клубовите во Македонија за да биде поинтересно ние се радуваме што отишол во Израел :facepalm: , ај да беше во Германија или Шпанија ќе те разберев :rolleyes:
Сега за сега ме боли она ствар за тоа колку е интересно првенството дур Вардар зима титули.Можеби после неколку годипна доминација и ќе би се зажелил за конкуренција,но вака......баш ми е мило за секој избган играч од посраниве куртон екипи како селоруг.
Да беше Македонија како Германија и Вардар како Баерн,можеби и ќе ми беше мило што се засилуваат.
 
Досегашните фудбалери на Охрид 2004, Ардит Шаќири и Егзон Белица од следната сезона ќе го носат дресот на романскиот прволигаш Конкордија Чиајна.

Шаќири, кој претходно во својата кариера на меѓународната сцена има настапи и за Теута како и за словачкиот прволигаш Ружомберок, потпиша двегодишен договор со Романците, додека поранешниот стопер на Работнички, Егзон Белица се обврза на соработка во следните три години.

Шаќири и Белица во романската Прва лига им се приклучуваат на уште тројца македонски интернационалци. Пред само два дена за Астра Плоешти потпиша репрезентативниот офанзивец Мирко Ивановски, а од минатата сезона за Брашов настапува и поранешниот фудбалер на Работнички и Металург, Баже Илијоски. Веќе две сезони во дресот на Динамо Букурешт настапува и голманот Христијан Наумовски.
 
Најновото име е Владимир Никитовиќ, искусниот стопер од Србија и довчерашен фудбалер на Шкендија
Владимир Никитовиќ е шестото ново име во редовите на Металург. Од завчера искусниот стопер, инаку интернационалец од Србија и довчерашен клучен дефанзивец во Шкендија, е фудбалер на "железарците". Со овој трансфер раководството на Металург по се изгледа дека не престанува да доведува во своите редови нови и квалитетни засилувања. Колку за потсетување, досега тимот на стратегот Ѓорѓи Христов го засилија Оливер Пеев и Кемал Аломеровиќ (Шкендија), Милан Ристовски (Тетекс), Антонио Каланоски и Александар Далчески (Охрид).
 
Во Металург отишол :facepalm:
Пууу може да не сјебат овие годинава, ако продолжиме да ја чекаме ждребката па да мислиме на засилувања :icon_mrgr:
Неможам да ги поднесам... :icon_mrgr:
 
Џабе бе кого сакаа нека зема овја Металург, дупнат клуб. Клуб без навијачи - не е клуб, тоа е. Не дека навијачиве у Македонија се којзнае што, ама на пример кога не им иде најдобро и кога не се залагаат нема кој да им изврши притисок, кога ќе им тргне нема кој дополнително да ги мотивира и слично...Може у нашево првенство некако ќе освојат титула, чим можеше една Ренова зошто да не можат и тие. Ама ипак, тешко дека може да се очекува некој успех од нив. Освен ако Минчо не им плати на Пирати да го бодрат Металург и во фудбал :P
 
Нова политика има Минчо, пола клубови си ги прави втори екипи, што ќе му се навивачи, кога ќе си ги намести утакмиците :icon_lol:

Негооо за воља на вистината не ми се кадарни овие играчи за нешто повисоко. Не ме јеби Пеев и Кемо да не ќе им донесат титула... :icon_mrgr:
Овие од Охрид може ќе ги биде нешто, незнам на какво ниво се после куропецањето во вторава полусезона, ама па и Христијан Димоски беше одличен во Охрид, а кога дојде овде не се виде. Друга работа со кого ќе атакуваат на титула? Со децана како Марко Симоновски во нападот?
Милан е посебна приказна, ќе видиме колку ќе се снајде, или поубаво кажано колку ќе му се игра...

Е за Кировски веќе беше посебн приказна. Со таков трул напад може да се сликаат...
 
Симоновски мислам у Тетекс го пратиле на позајмица. Заедно со тој србинот, Карапаџиќ или као и да му беше презимето. Доста играчи трупаат, поише идат на квантитет него на квалитет. Нешто слично ко со ракометниот клуб. Ако земеме ние 2-3 квалитетни засилувања нема што да не плаши.
 
Металург нека донесат уште 10 вакви фудбалери ,а ние сакам уште три -четри како Ѓорѓиев нема да се жалам :D
 
Баже Илијовски ако не потпишел за Динамо Букурешт ке се врател во Металург.
Што направиа овие бе 100 играчи земаа,а освен Илијовски и Пеев до некаде другите за на клупа се сите.
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 19:45 ---
 
Баже Илијовски ако не потпишел за Динамо Букурешт ке се врател во Металург.
Што направиа овие бе 100 играчи земаа,а освен Илијовски и Пеев до некаде другите за на клупа се сите.
--- надополнето: 18 јуни 2012 во 19:45 ---
А за Работнички никакви инфорамции нема само што си отидоа скоро сите постари играчи ,има ли некакви најваи за засилувања знам дека е рано за вас пошто не играте во Европа ама би требало веќе барем да има некој шпекулации за играчи
 
А за Работнички никакви инфорамции нема само што си отидоа скоро сите постари играчи ,има ли некакви најваи за засилувања знам дека е рано за вас пошто не играте во Европа ама би требало веќе барем да има некој шпекулации за играчи
Најавите се дека ке играме со подмладен тим. Се очекуваат тројца Хрвати на проба и уште неколку играчи од наша лига,но засега нема информации за кои играчи станува збор.
Маневски,Тодоровски,Деспотовски,Живковиќ и Маџовски сигурно си заминуваат.
 
Деспотовски најверојатно потпишал за Вардар !
За секоја позиција во средниот ред имамае по 3 играчи ќе почнат да се тепаат за кој да игра , сега нека гледаат напад и одбрана да средат малце и спремни сме за во Европа
--- надополнето: 19 јуни 2012 во 12:22 ---
Најавите се дека ке играме со подмладен тим. Се очекуваат тројца Хрвати на проба и уште неколку играчи од наша лига,но засега нема информации за кои играчи станува збор.
Маневски,Тодоровски,Деспотовски,Живковиќ и Маџовски сигурно си заминуваат.
Значи Работнички се врти на сопствената школа , годинава пак ќе фатите средина а може и децава ако изненадат скоро сите имаат по една сезона изиграно веќе во прва лига може да изненадите и да стигнете до место за излез во Европа
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom