Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Vlatko_Gjorce не би рекол дека глумата е крш,сепак Фасбендер ака Дејвид 8 по мое мислење е ХАЛ 9000 во тело на андроид и заслужува оскар за споредна глума.

А за
Исус,тоа е само шпекулација,се ќе се дознае во другите 2 дела,освен ако Ридли ни даде LOST епилог.
 
daj predlozite nekoj mindfuck film ko usual suspects,primal fear,fight club po 3 pat baram, fala :D
 
Некој го гледал 'Moon'?

Ме интересира дали го има на добра снимка, и можеби некој адискусија да се започне за него?
 
Го имам гледано филмот,тамам кога излезе.Доста бавен во стил на Одисеја 2001,интересна глума.

Го хајпаа дека бил како Одисеја 2001 а јас како Кјубриков фан си реков да му дадам шанса,но не ми беше нешто посебен.

Повеќе ми се бендиса District 9 од истата година.
 
Го имам гледано филмот,тамам кога излезе.Доста бавен во стил на Одисеја 2001,интересна глума.

Го хајпаа дека бил како Одисеја 2001 а јас како Кјубриков фан си реков да му дадам шанса,но не ми беше нешто посебен.

Повеќе ми се бендиса District 9 од истата година.

Да има таков вкус, на одредени делови од филмот, ама и јас не би рекол дека до толку сличен како Одисеја на Кјубрик (исто зборам како фан :) )

И мене ме зачуди она за споро (и кога чув дека бил кратен ...) си викам замисли цел филм да го гледав човече.

Disctrict 9 беше феномен, и ми се допадна приказната ептен, не беше нешто типично од Холивуд :D
 
Да има таков вкус, на одредени делови од филмот, ама и јас не би рекол дека до толку сличен како Одисеја на Кјубрик (исто зборам како фан :) )

И мене ме зачуди она за споро (и кога чув дека бил кратен ...) си викам замисли цел филм да го гледав човече.

Disctrict 9 беше феномен, и ми се допадна приказната ептен, не беше нешто типично од Холивуд :D

Moжеби затоа што доаѓа од Јужна Африка?

 
Јас сум еден од хејтерите. District ми беше лош. Али Moon, Kevin Spacey.. :cuc:
 
daj predlozite nekoj mindfuck film ko usual suspects,primal fear,fight club po 3 pat baram, fala :D

Ме потсети со Primal Fear на еден филм со Ричард Гир The Mothman Prophecies се вика. Не е лош трилер, инаку Gothika е добар психолошки трилер.
 
Ако му се глеа на некој Bourne-like* акција му го препорачувам Safe House.

*значи не ги споредувам по квалитет
 
Moon ми се свиѓаше оти немаше многу ликови и дијалози. Плус мајндфак... Ама бавен е
мојот attention span < времетраење на филмот :D
 
Moon е типичен пример за нискобуџетна и независна кинематографија at its finest. Воопшто не ми беше досаден, напротив цело време чувствував некаква напната атмосфера. Иако мора да му се честита на Роквел што го носи целиот филм на грб, за мене врвот на филмот е Спејси. Посовршена гласовна глума немам видено на филм. И покрај тоа што глумата му се состои од монотоност и непокажување емоции, сепак го тера гледачот постојано да се прашува кои се мотивите на Gerty.

Инаку, Moon не би можел да го споредувам со District 9. Не дека овој вториот е лош, ама е многу поразличен од првиот, и покрај тоа што и двата се научна-фантастика. Moon е попсихолошки, побавен и остава дејството само да си тече. District 9 е поакционен филм, иако има супер главен лик кој совршено е обработен. Мене ептен ми се допадна, ама ако бирам кој е подобар помеѓу двата, дефинитивно би го одбрал Moon.
 
не би рекол дека глумата е крш,сепак Фасбендер ака Дејвид 8

можеби (,) не го приметив, пошто цело време ме потсеќаше на Џад Лоу :):) (на кого што, пази, сега видов, правото име му е Дејвид :P )
 
Into the Wild - http://www.imdb.com/title/tt0758758/
MV5BMTAwNDEyODU1MjheQTJeQWpwZ15BbWU2MDc3NDQwNw@@._V1._SY317_CR0,0,214,317_.jpg


Филмов е според вистинска приказна која ќе ве шокира. Се работи за едно младо момче кое откако ќе дипломира ќе одлучи да остави се што има и да го помине неговиот живот во дивината, на патот кон неговот остварувањето ќе му се случат многу нешта кои што ќе му го сменат начинот на размислување.
На имдб има 8.2 ја би му дал чиста 10ка без сомнение, едноставно филм кој мора да го погледнете, а откако ќе го погледнете ќе барате како јуткави клипови од автобусот на јутјуб... :)

Завршена е дискусијата за тој филм, чисто да си прочиташ кој што имал да каже. Можеш се разбира да ја продолжиш овде, само внимавај на спојлери.
 
Не предложувам многу филмови и не пишувам рецензии. Но има ли подобар филм за ретко предложување од некој нискобуџетен, интелигентен, потценет филм кој алудира дека гледачот и обожавателот е многу паметен и кул? Не. :D
А не најдов рецензија или било што за филмов во подфорумов, така да me > you
I've struck gold I guess...

Трејлерот не помага ич. Подобро да не го гледате
И најверојатно ќе најдете подобри рецензии на имдб кај што копиљаците се фалат колку се они паметни со тоа што го гледале филмов и го сакале
Професорот Џон се спрема за да се сели. Доаѓаат кај него неговите пријатели, сите интелектуалци, професори со докторати во различни области. Џон тврди дека е човек стар 14000 години. Ова тврдење буди различни реакции кај сите ликови (сигурно ќе се пронајдете во еден). Низ целиот филм тече дискусија за разни филозофски и религиски теми. Цел филм е напнат и секогаш те тера да помислиш на темата на која зборуваат. Овие спојлери не знам дали би ви смениле нешто многу, но ако сакате plot twists не ги читајте, а ако го гледате филмот само заради дијалозите и пораките, читајте ги ако сакате.​
После долг муабет и убедување дали лаже или не, тој тврди дека бил Исус. Тука кажува тој дека многу работи се различни од тоа што го пишува во библијата.
Вториов спојлер е повеќе аматерско раскажување, ама whatеva', whateva' ill do what i waunt!
На крајот некаде, психологот го обвинува Џон дека лаже и му се „заканува“ дека ќе го пријави за лудак. Џон не сака да ризикува ништо бидејќи како што има кажано самиот му е страв од луѓе во бели костими да го набљудуваат додека тие пушат цигари. Па тој им вика дека ги лажел. И кога тврди дека ги лажел дава добри аргументи како на пример дека ја има најдобрата публика за вакво тврдење: психолог, теолог, физичар, историчар итн... Во текот на 10те години што се познава Џон со пријателите не остарел многу според нив. Џон ја кажуваше вистината. Почнуваат луѓето да си заминуваат и остануваат уште девојка му и психологот. Психологот ги наслушнува Џон и девојка му како прават муабет каде што Џон кажува дека бил професор во [не знам која година], каде што психологот го препознава својот татко. Итн итн, испаѓа дека психологот му е син на Џон (а всушност психологот е два пати постар од Џон). Психологот добива срцев удар и ова е прв пат Џон да си види свој син како умира.
Нема ич акција и уште помалку ефекти. Актерите не се многу познати, но добро изглумија. Може филмов и малку да ве насмее бидејќи има еден интересен лик што кажува one-liners и се „подбива“ со останатите. Има малку актери и целиот филм се врти само околу нив. Повеќе внимание е дадено на дијалозите и приказната.​
Омилен филм ми е после фајкла. Не знам да му дадам оцена, најверојатно 9/10 оти сум напален уште​

Од овде #355 натаму.
Очигледно многу членови ја промашиле темава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom