The holiday
Романтична комедија за релаксација. Кејт Винслент и Камерон Дијаз во главни улоги, несреќни во љубовта ги заменуваат своите домови. Филмов веројатно би требало да се изгледа некаде пред Божик или во кој било период од зимата, но јас го трефнав сега па може се изгуби малце од магијата. Во секој случај, интересна приказна, ни малку патетична. Идилична слика за начинот на којшто треба да се доживее љубовта, спонтано, едноставно и без многу дилеми и размислувања. Нема поуки, нема филозофски прашања за кои би требало да се размислува, има чиста љубов која треба да ги премине сите пречки.
Суптилно се вметнати сцени во кои се слави филмската уметност, носталгијата по некое не толку дамнешно филмско време, можностите што денес ги имаме и квалитетот којшто сепак преовладува и владее над сè останато.
Гледајте го.
П.С. Jude Law е преубав.