Читавте во ВЕСТ?

  • Креатор на темата Креатор на темата TripleH
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 јуни 2005
Мислења
3.399
Поени од реакции
19
Незнам кај да оди ова...

{7DBB9344-4936-486F-ADF9-358C78BF2125}_smokvin-2.jpg

СЛАТКА ОДМАЗДА ИЛИ НЕДОРАЗБИРАЊЕ
Пензионерка ја наместиле на хот лајн
"Немав претстава што се случува, се додека едно попладне не се јави еден постар глас кој зборуваше хрватски. Тој ми кажа дека телефонот го дознал од порно весникот 'Смоквин лист' од Риека, од оглас под кој имало и слика


"Пензионерка од Скопје, 55 години, бара маж за забава и разговор на хот лајн", вака гласи огласот во хрватското порно списание "Смоквин лист" кој излегува во Риека. Во продолжението на огласот стои и телефонски број од Скопје. Навистина се работи за 55-годишна скопјанка која, како што ни кажа, најверојатно некој ја наместил и го испратил огласот со телефонот во риечката редакција на "Смоквин лист".
"Дерман немам веќе две недели. Телефонот sвони постојано, особено навечер по 12 часот. Морав да почнам да го исклучувам оти немав мира дење - ноќе. Се јавуваат стотици", вели нашата пензионерка која пред една недела поднела во Телеком молба за промена на телефонскиот број, но се уште го чека.
Пензионерката вели дека главно и се јавувале млади момчиња: "Барем така ми се чини по гласовите. Јас веднаш им ја треснував слушалката кога ќе чуев дека зборуваат на хрватски, но немав претстава што всушност се случува, се додека едно попладне не се јави еден постар глас којшто исто зборуваше хрватски. Тој ми кажа дека телефонот го дознал од порно весникот, од огласот под кој, замислете, имало и слика на насмеана средовечна русокоса, а под неа тела на голи жени во различни еротски пози. Сега пријателките, на кои веднаш им се пожалив, се шегуваат на моја сметка. Ме викаат смоквичка".
Таа вели оти е сигурна дека не се работи за никаква коинциденција, туку за местенка: "Тоа го направил некој од моето опкружвање и за солено да се пошегува и да се изживува на моја сметка", вели таа.
(Д.С.)

Шо не пра` ова стариве:pos:
 
leleee sabajle citav vo skolo,
se zgaziv od smeenje!
Kako i da e, ako e kako sto vika, stvarno sme za sramota poso praime takvi raboti!:wink:
 
епа сега, пазете се со кој се дружите

Господе, чувај ме од пријателите, од непријателите сам си се пазам
 
Абе срамота што еден дневник кој колку толку се труди да припаѓа на група весници кои реално известуваат си дозволува да личи на трач рубрика.Ебем ја све тоа од новинарски сој кои џавкаат само за читаност или гледаност.
 
Mad Maxx напиша:
Абе срамота што еден дневник кој колку толку се труди да припаѓа на група весници кои реално известуваат си дозволува да личи на трач рубрика.Ебем ја све тоа од новинарски сој кои џавкаат само за читаност или гледаност.
Ништо чудно и самите да ја ставиле жената на „оглас“. :raz:
 
Е стварно ова е малку претерано забегано.
Можеби затоа што сеуште не сме навикнати на вакви трач муабети, а можеби и затоа што не ни треба да се навикнеме.
И сеирот си има свои граници.
 
StormAngel напиша:
Е стварно ова е малку претерано забегано.
Можеби затоа што сеуште не сме навикнати на вакви трач муабети, а можеби и затоа што не ни треба да се навикнеме.
И сеирот си има свои граници.
Абе друже,си има посебни списанија кои се бафтаат со оваа тематика.
Арно ама изгледа им снемало теми или настани па се фатиле за првата која на некојси научник му се видела ко најпрофитабилна кај народов наш.
 
уредувачката политика на Вест е таква.....да се заинтригира читателската публика со пикантерии....
ЗГРАПЧИ ГО ДЕНОТ :)
 
Mad Maxx напиша:
Абе друже,си има посебни списанија кои се бафтаат со оваа тематика.
Арно ама изгледа им снемало теми или настани па се фатиле за првата која на некојси научник му се видела ко најпрофитабилна кај народов наш.
Вест го читав скоро секој ден.
Кога почнаа со вакви тракатаници, не го ни погледнувам, а камоли да го земам. Ја претераа.
 
Како што напомена Лавот,зграпчи го денот е најдобра работа у весников.
Многу несериозно и аматерски изгледа дневни збиднувања да се филуваат со идиотски работи ко телефонски напастувана баба,и тоа пак ке кажам,само за тираж.
 
море направив уште еден серијал.....
значи продолжува серијалот ЧИТАВТЕ ВО ВЕСТ?

убава насловна нема што
{1795C02E-B1BB-42E5-9C78-23DC9C3EF932}_naslovna-2.jpg
 
а, и текстот во статијата е јак!

пазете на подвлеченото.....

Подзинати усни, врисоци и испружени раце кон згодно голо машко тело. Така беше завчера во кафулето "Инсомнија", во ГТЦ, кое специјално за понежниот пол го донесе познатиод белградски стриптизер, Драган. Тој требаше да настапи во 21 часот, но за жал на жените, кои нестрпливо го очекуваа, му се расипал автобусот, па голата уживанција беше поместена за еден час пред полноќ.
Драган ги воодушеви девојките, кои го преполниоа горниот дел од кафулето. Беше преполно од запалени женски, а Драган едвај се пробиваше за да го покаже своето знаење.
Мускулестиот задник, бицепсите беа доволен предизвик за женските кои збудалеа по него. Секси пози, еротски движења, пипкање по обичните гаќички, тангата, а на крај, како награда, се соблече гол. Жените збеснаа, трчаа накај него, а тој со раце си ја криеше машкоста и паѓаше од смеење.
Голата журка продолжи до доцна, зашто жените не се тргаа од него. Горниот дел од кафулето беше забранет за мажи, па така дечковците ги чекаа своите драги запалени партнерки доле со чашка пијалок и се радуваа за вториот дел од претставата, кога Драган ќе заврши а тие ќе им се вратат ним. :pos: :pos: :pos: :pos:
На убавината на Драган не останаа рамнодушни поп-пејачката Тамара, која дојде со еден куп другари, но и манекенката Натали Грубовиќ која ни рече дека и е преку глава од жени кои ги гледала на изборот за мис модел на светот во Кина, па дошла да види машко, и тоа голо. Но, тоа не е се, зашто за сите љубителки на голи машки идната среда ќе има реприза.
Фото и текст: З. Василевски
 
boze sho e ova be dneven vesnik ili ... degenerizam ne e zatoa sho e golo masho i golo zensko da beshe ozbilno
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom