NBA Finals 2012

Кој ќе биде шампион во НБА за 2012


  • Вкупно гласачи
    229
  • Гласањето е завршено на .
G

grande-juve

Гостин
чист беше фаулот ко солза, и коментаторите го кажаа дека беше фаул во напад
Правилото е тоа, Батие за малку закасни според мене, а од коментаторите едниот кажа дека ни во успорена снимка не се гледа, другиот дека е 50-50, проверено на лигапас :)
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
Правилото е тоа, Батие за малку закасни според мене, а од коментаторите едниот кажа дека ни во успорена снимка не се гледа, другиот дека е 50-50, проверено на лигапас :)
и да го тргниме настрана тој фаул, се гледаше дека повеќе имаше досудено во корист на оклахома отколку на мајами
не дека сум настроен кон мајами повеќе, баш напротив (оклахома ми се омилен тим на западот), реално гледано кажувам
на само 9:53 во трета четвртина ти да ги ставиш во бонус оклахома, доста кажува. буквално секој допир го судеа за фаул
тоа со дјурант е како шлаг на сето ова
 
G

grande-juve

Гостин
И тие од трета четвртина, три беа чисти ко солза лични, таа на Леброн беше сомнителна, по мое и на двете страни имаше грешки, највлијателната беше пред крај што не досудија фаул за Кевин, а главна причина за поразот на ОКС им е прва четвртина, тешко е цело време да се брка негатива, плус што и Мајами беа одлични и добро направија што почнаа со Бош како центар, во напад можеа да рашират и секој да погоди, во одбрана можеа да си дозволат мисмеч зашто Ибака и Перкинс беа безопасни во напад.
А Кевин е најдобар играч моментално и прилично сум сигурен дека ќе им донесе титула на Тандер.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Каков фаул на крај над Дурант имаше,чист како солза
.Претходно неколку ситуации свирнаа во корист на ОКЦ ама сепак мораа да свирнат фаул,Оклахома и со волку лоша вечер стигнаа на крај мислам дека сепак ќе освојат на крај...
 

Arioth

Purpletrator
Член од
20 февруари 2007
Мислења
527
Поени од реакции
82
Денес го гледав само хајлајтот на НБА сајтот. Гледам многу се зборува за последниот шут на Дурент и ‘‘фаулот‘‘ на Џејмс. Во 95% судиите во последните секунди никогаш нема да судат фаул, едноставно оставаат машка игра до крај. Најдобар пример за такво нешто е финалето на светско првенство во Индианаполис и натпреварот Аргентина-Југославија. Дивац буквално го разнесе Сконокини......
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
При секоја победа мора да се најде нешто да оспори истата. Абе на гостински терени ги газеа 15 разлика, вие сакате без ниедно водство да победат. Џејмс стандард за него, во продор по 5 мина ги пробива, ама кога ќе добие помош од Вејд и Бош а секогаш тука е Чалмерс или како во случајов со Батие тогаш загарантирана е титулата.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
чист беше фаулот ко солза, и коментаторите го кажаа дека беше фаул во напад
остај ти коментаторите, тие го потат на Мајами цела сезона. :)

типувам на 2-2 после 4 утакмици, ќе направат еден брејк Тандерс сигурно.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
Без дилема, најзаслужен за тоа што Мајами се спасија е Shane Battie и за победава генерално (покрај Леброн и Вејд, но и нивниот напор ке пропаднеше да не беше учинокот на Battie)!

Последниве 2 утакмици ги игра без грешка, во шутот за 3 посебно им е единствена опција на Мајами и толку ефикасен па и со оглед на годините (34)........нема збор................е сега прашање е дали може да тера во вакво беспрекорно светло и наредните партии ??!(а ке биде повеке од неопходно), цела серија ( не верувам).
ЗА МАЈАМИ, ВО СЕРИЈАВА СО ОКC, BATTIE СЕ НАМЕТНА КАКО КЛУЧЕН ФАКТОР И ДЕФИНИТИВНО ЗА МАЈАМИ ДА ПОБЕДИ ДУЕЛОВ МОРА ОВОЈ ДА ИМА СЕРИОЗНИ БРОЈКИ, инаку лошо се пишува (или барем Chalmers да биде со 15-18 поени, ако овој го снема )

Неговата 5тројка (таа што влезе од табла) најбитна во последните минути !
==========================================================================
за личните грешки и судењето:

најсмешната одлука беше на 5.55 втора четвртина кога му пресудија на Ибака goal-tending, над Бош и им поклонија на Мајами 2 поена (а Ибака ја удри топката која веке се одби од таблата и демек банана :pos: !) ОВАА СО ОГЛЕД НА РАЗУЛТАТОТ НА КРАЈ , МНОГУ БИТЕН ПОКЛОН !

на Дурант фаулот над Battie беше фаул во напад нема дилема, ама поради 6-та лична НА ДУРАНТ им пуштија на OKC пресудија во нивна корист, тоа е (без Дурант ОКC нема шанса, мораше да го држат во игра!)

над Дурант можеше да се суди на крајот фаул од Леброн, исто така (и со оглед на домашниот терен мистериозно е зошто не се судеше тој фаул!)
===========================================================================

Сепак, OKC, со оглед дека Дурант ради личните играше многу претпазливо и се чуваше, а и Вестбрук го немаше нигде поголемиот дел и се отепа од промашување, чудо е како и се доближија и намалија толкава разлика и ја направија утакмицава неизвесна= што кажува за осцилациите и лошата игра на Мајами, кои не можат да одржат поголема предност оваа година во плеј (така беше и со Индијана и Бостон !)

Од досега прикажаното (првите 2 утакмици), давам предност на ОКC, поради играта во второто полувреме, кога молњиве ептен го расипуваат времево и обично попушта громобранската заштита на Мајами......................само судииве уште да бидат на ниво
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Нема многу што да коментирам освен тоа што сум импресиониран од играта на Батие..па човекот буквално во двата натпревари засега игра нинџа и во одбрана и во напад:cuc:..секоја чест за човекот..знаев дека е добар играч во дефанзива ама пак во напад тројка не промашува а игра 4-рка по потреба 5-тка....кога и да се намести за тројка без коски влегва топката мислам секоја чест..во одбрана обавезно по две три пробивања над него бидејќи знае да се постави и одлично го чуваше дурант во неколку наврати..како и да е сеуште сметам дека Оклахома ќе бидат шампиони..не е можно на сите утакмици да не му тргни шутот..пак катастрофални беа вчера и од поле и од дистанца..па и слободни промашуваа
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Кој им е крив на Оклахома. Дурант, Вестбрук, Харден, Фишер... имаа 12 секунди, шут за 3 за победа, овој за 2 иде преку Леброн :facepalm: Треба и дрскост да се има, ебаго...
 
N

Nicky Santoro

Гостин
3-2 ќе бидат ,оклахома тепа дома и идеме на мајсторка
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.655
Поени од реакции
35.528
Леброн изгледа почнал да ги расте јајцата... признавам изненаден сум. Но ќе видиме, една ластовица не прави пролетта.


Во врска со серијава.
Стартната петорка на Оклахома е премногу слаба офанзивно. Мајами на ОКЛ им го прави истото што ОКЛ им го правеше на ЛА: во одбраната ги чува/удвојува/утројува ѕвездите на ОКЛ а ги игнорира сите што не се одзиваат на имињата Дурант и Вестбрук.

Перкинс е за никаде офанзивно а ни Сефалоша/Ибака не се покажаа многу во нападот.
Мајами дури одат до таму да Перкинс го чува со Батие (или како во поголемиот дел од првата средба со Леброн) за да има лесен свич на Дурант, кога Перкинс оди на пик&рол со Дурант.

Предпоставувам дека во третава утакмица ќе има промени во првата петорка на ОКЛ... или тоа или пак ќе бркаат разлика уште во прва четвртина. Скот Брук не е најдобриот тренер во НБА ама ни тој не е толку глуп да не гледа дека Мајами игра доволно добра одбрана која ќе анулира било каква петорка со 3 офанзивно инфериорни играчи.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.639
Поени од реакции
10.397
Шо промени сакаш?
Ако ги сменат Сефолоша со Харден, тогаш ќе биди уште полошо, првата петорка ќе загуби многу на дефанзива, а од клупата ќе немаат никаква офанзива, и ќе ја изгубат оваа предност против Мајами ( пошто и тие имаат дупка клупа не за џабе со 6-7 играчи играат ).

Факт е дека и двата тренери се горе-долу дупки, но и факт е дека Дурант има далеку поквалитетен тим околу него за разлика од Џејмс.
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Незнам како може Двејн Вејд да се става во ист кош со цп3,гарнет,леброн,вестбрук ,.....
па Двејн вејд игра топло-ладно,некогаш постигнува 20+ поени али најчесто не му е денот :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom