Мислиш на навивање или на хулиганство?
И да не има факултет за навивање па пола од тука немале врска?
Едноставно е, гледаш натпревар, слушаш реакција од трибини, ако таа реакција кај тебе потикнува позитивни емоции, ако допре до тебе, тогаш тоа е добро навивање. Нема тука што да се ’има врска’, зборуваме за емоции, а не за математички операции.
Навивањето и хулиганството до некаде имаат допирни точки ако не си знаел,значи до некаде.
Во секоја навивачка група,јака навивачка група има барем по една јака хулиганска група или подгрупа.
И тие идат на утакмици да навиваат,ама пред утакмица се шамараат на договорени тепачки или на сред улица.Им чуе.
Прееска Ирците звучеа многу добро,на моменти и грмеа,ама да ги плукате и Хрватите поради две бакљи што ги запалиле,мислам нема логика.
Па Хрватите се едни од најватрените навивачи на репрезентативни настапи во фудбал,таму има членови и на секоја навивачка група од Хрватска и нормално е да се запали некоја бакља.
Ако не си бил на стадион,не си навивал и наеднаш гледаш околу тебе дузина бакљи како се палат,како ти се крева адреналинот до крајни граници и ти дава се повеќе и повеќе сила да навиваш,нема што да збориме.
Ирците навиваат воглавно со раце,глас,шалови,т.е стара англиска школа,додека цела Европа,со исклучок на Англија е во друга димензија.