не е ова прв "испад" на навивачите на ирска. си го имаа епитетот најдобри навивачи на свет (во репрезентатвина смисла) и пред ова. во една прилика цел стадион ја пееја француската химна додека се интонираше. еволуирани се во навијачки смисол далеку пред многу други, би рекол пред сите други.
инаку за информација, песната што ни ги галеше срцата последните 10 минути е fields of anfield road
кој сака може да си ја преслуша на youtube.
не е само дека пееа на крај, него начионот, од срце, со љубов кон репрезентацијата. тоа го зборам овде на овој форум 7 години , од кога постои! репрезентацијата не е локален богат клуб, репрезентацијата е светост и те претставува тебе, гледал-не гледал, сакал-не сакал фудбал (или било кој спорт).
како да немаш почит кон вакви фанови?
споредено со хрватине кои фрлаат бакљи на терен, која година сме 1988? бакља фрла на терен на европско првенство 2012, да помислиш дека играат хајдук-раднички ниш, прва сојузна лига.
шпанците - класика. криво ќе ми биде ако не освојат. оваа генерација сакам да остави печат на ова време и после 100 години да се збори за оваа шпанија. заслужуваат по сите основи