Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
206206_306443489450602_1444956599_n.jpg
 
И више кога се потпишува играч минимален договор нека му биде две години. Жално е да ти отиде најдобриот играч а ти да не видиш општета за него
Во тој случај ретко кој ќе потпише... мислам на играчи кои се на ниво и возраст како Филип Ивановски.
 
Во тој случај ретко кој ќе потпише... мислам на играчи кои се на ниво и возраст како Филип Ивановски.
Ако не го промениме тоа џабе е целава работа...
 
И више кога се потпишува играч минимален договор нека му биде две години. Жално е да ти отиде најдобриот играч а ти да не видиш општета за него
Добро е што и на толку потпишуваат. Порано играчи како Ивановски правеа договор на 6 месеци со можност да си одат во било кое време без никаква оштета. Само да се оддржи континуитет на стабилност на клубот, ќе се сменат тие работи на подобро. Сега сеуште многумина гледаат со недоверба кон Вардар.
 
Што стана со тоа која ќе биде опремата на Вардар за следната сезона?
 
Effosa Eguakun и Abraham Alechenwu се двајцата Нигеријци што треба да бидат испробани на подготовките во Златибор. Првиот е десно крило и има настапувано во клубови од повеќе афрички земји, додека вториот е лев бек и најголем дел од кариерата го има пројдено во албанското првенство. Што е интересно дури 4 пати успеал да го освои со 3 различни екипи. Овој левиов бек мислам дека би бил добро освежување за екипата.
http://en.wikipedia.org/wiki/Effosa_Eguakon
http://en.wikipedia.org/wiki/Abraham_Alechenwu
Исто така се погласно шпекулира дека Вардар ќе се обиде да го позајми напаѓачот Nathaniel Asamoah од Гана за наредната сезона. Момакот моментално е во Звезда, ама не добил никаква прилика да ги покаже своите квалитети и поради тоа размислуваат да го пуштат на позајмица. Инаку додека настапувал во својата матична земја стигнал дури до повик за националниот тим, а стандардно настапува за младата селекција.
http://en.wikipedia.org/wiki/Nathaniel_Asamoah
 
Црвено-црно семејство наскоро најавува некои многу лоши вести на ФБ. :confused:
 
Денес и утре треба играчите да ги поминат лекарските прегледи и официално да ни започнат подготовките
 
Ekskluzivno (neoficijalno) doznava:
Grad Skopje se povlekuva (delumno ili celosno, seuste nemame tocna informacija) od finansiranjeto na FK VARDAR. Istovremeno se najavuva vlez na Italijanska kompanija kako glaven finansier. Vo ovoj moment ne mozeme da potvrdime so sigurnost koj stoi zad niv, nitu pak koi se tie famozni Italijanci.
Doznavame deka veke mu e vracen otkaz na Ilco Gjorgjioski.
Kako nov sef na strucniot stab se najavuvaat Cede Janevski ili Gjore Jovanovski.

Ова бе тие лоши вести....
Колку се лоши толку се и добри.Се зависи од спонзорот.Ако е сериозен и има амбиција за финансирање и верува во успех со клубот тогаш ова е одлично плус ке добиеме и тренер кој реално има далеку поголемо меѓународно искуство од Илчо...
Ке видиме што ке се случи како и да е ке имаме интересно лето излеа
 
^ Ти стварно мислиш дека има некакви италијани?!?!
Ќе испадне на крај како Агрокор, малтежаните, норвежанецот и сл.
А на Илчо да му врачиш отказ, откако не направи шампиони со тим склопен во 5 до 12 е стварно срамота!
 
Ѓоре Јовановски :/
Bad news...
Океј кад-рад мораше да се повлечат, само очекував да останат уште година-две, бар дур не направевме успех некој во Европа :D
Ај да видиме што ќе излезе, кои се овие Итаљанциве ко прво...
Плус ако има промени сега ќе дојдат во многу лош тајминг...
Илчо ја знаеше екипата, вака со нов тренер, ќе му треба подолго време да ги научи играчиве. Така да во Европа по се изгледа ќе поминеме како топовска храна :icon_mrgr:
 
Ѓоре Јовановски :/
Bad news...
Океј кад-рад мораше да се повлечат, само очекував да останат уште година-две, бар дур не направевме успех некој во Европа :D
Ај да видиме што ќе излезе, кои се овие Итаљанциве ко прво...
На Берлускони му скурчило од Милан па ќе ги земел Вардар сега:pos:
 
Италјанска компанија... и позади неа Брацо.
Ич не ми се допаѓа ова, се сложувам со Saber Rider дека требаше Град Скопје кога тогаш да се повлечи, но очекував тоа да биде бар за две-три години кога ќе застанеше тимот на здрави нозе. Па згора на тоа и Ѓоре Јовановски ако биде тренер... :facepalm:
 
На Берлускони му скурчило од Милан па ќе ги земел Вардар сега:pos:
Се е можно :icon_lol:
Сега ќе испадне и дека стварно Инзаги потпишува за Вардар :icon_mrgr:
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 13:55 ---
Италијанска компанија ќе биде новиот финансиски двигател на фудбалскиот шампион Вардар, а градот Скопје како основач на клубот и мнозински сопственик во новото АД, ќе се повлече делумно или целосно, е жешката најава за долго топло лето во најтрофејниот македонски спортски колектив.

Сигурна потврда нема, иако е извесно дека во блиска иднина ќе има промени во сопственичката структура на ФК Вардар. „Црвено-црните“ од неодамна се првиот наш клуб што се трансформира во акционерско друштво, па сега е време да се замени мнозинскоот вложување од државната каса со приватен капитал.

- Се уште немаме точна потврда за влез на нов спонзор, но сигурно е дека таквиот концепт за влез на приватен капитал во Вардар е во согласност со нашите размислувања. Градот Скопје помогна да се стабилизира клубот, но според сите светски норми, веќе не може да биде главен финансиер. Ако веќе станавме акционерско друштво мора да доминира приватен капитал – велат од Вардар.

Веројатно градот како основач на клубот ќе остане, но со помал влог и удел. Кој стои зад италијанската фирма не е познато, а ако се случи промената се очекува деновиве „новите сопственици“ да и се претстават на јавноста. На една од специјализираните страници на социјалната мрежа фејсбук наречена „Црвено-црно семејство“ што ги следи исклучиво состојбите во Вардар излезе информација дека ќе има промени и во стручниот штаб.

Фудбалерите од „црвено-црниот“ табор денеска попладне од 17 часот треба да се појават на првата прозивка со што се означува стартот на подготовките пред се за настапот во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=13C7E8D0EE4AF142B9CE265B147F28CF
 
Да да, италјани... ко што арапи беа заинтересирани за Тетекс, американци за Пелистер и тако даље... Освен инвестирање на некој локален спонзор, не се надевајте на друго.

Требаше градот да фрли пари уште година две... (n)

Туку, ме интересира, знамето со грбот на градот, го носите на трибина од сезонава или од порано !? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom