МВР се поднови со возило вредно 578 илјади евра

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување

Xibalba

Господин Господин
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.098
Поени од реакции
11.508
Локација
Sydney
МВР се поднови со возило вредно 578 илјади евра

g_mercedes-vr6.jpg


Блидниран автомобил “мерцедес“ ќе биде најновиот член на возниот парк на Министерството за внатрешни работи, откако беше потпишан договорот со единствениот понудувач Макауто Стар.

Возилото кое според барањата на МВР е произведено со највисоки безбедносни заштити ВР6/ВР7 вреди повеќе 35 милиони денари или околу 578 илјади евра.

Новиот “мерцедес“ ќе биде користен за превоз на државните функционери и високите странски делегации за кои е неопходно прв степен на безбедност.

Од Министерството велат дека набавката на ново блиндирано возило била и повеќе од неопходна.

“Оние блиндирани возила со кои сега располагаме се малку и често се расипуваат, а и ги позајмуваме на другите државни институции кога имаат потреба“, вели Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност во МВР.
 
Македонските функционери ќе се возат во нов „Мерцедес“

12.06.2012 - 18:34 |

Нов блиндиран Мерцедес вреден над половина милион евра деновиве треба да се паркира во гаражата на Министерството за внатрешни работи.
mercedes-benz-s600-05_101808.jpg
Македонската полиција го потпиша договорот со единствениот понудувач на објавениот тендер. Возилото кое е произведено по највсоките стандарди за безбедност ќе се користи за превоз на државните функционери и странските делегации кои ќе доаѓаат во посета на Македонија

Од МВР информираат и дека немало жалби од ниту една од фирмите кои конкурираа на тендерот за набавка на возила кои требаше да ги заменат дотраените крајслери и дека веќе започнала постапката за повтрорен избор на најповолен понудувач од кого МВР треба да купи 150 возила за потребите на полицијата.
Александар Спасовски

--- надополнето: 12 јуни 2012 во 22:32 ---
A ова демек отпорно од расипување? :pos:

:свиркам: не бе тоа еднаш го купуваш и пали вози :ROFLMAO:
 
A ова демек отпорно од расипување? :pos:

Не дај боже да му се расипе електриката на ретровизорот, ќе мора нов ребаланс на буџетот да правиме :icon_lol:
 
Добро,сега за државни функционери треба да се покажеме добро,ама чекај бе скоро 600 илјади евра??? :О па најскапата лимозина кадилак со сета опрема и елегант е 200 илјади евра,шо не купиле таква,ами морало најскапиот модел на мерцедес?!
Или пак знаат политичарите и да направат дека толку чини,ама 80% у џеб да завршат парите... :D
 
Блиндираното го прави отпорно на куршуми и слични срања,не од расипување..
 
Супер. И ние да имаме едно вакво возило а не со канти ги возат.
 
Добро е јас си реков да не фрлија едно 30 милиони евра :cautious: знаеш опрема ова она мора да се има :tapp: :icon_lol:

Добро велиш, за момент се загрижив дека можеби ќе нарачаат автомобили по посебна нарачка, во ретро стил, се разбира, по можност двокатни и по можност кинеско производство, бидејќи нашите пвеводбеници се луѓе со ептен посебен пвеводбенички вкус.

Но вака е добро, подобро нешто вакво отколку тоа што го спомнав пред малку.
 
Не дај боже да му се расипе електриката на ретровизорот, ќе мора нов ребаланс на буџетот да правиме :icon_lol:
На комшикава на цитроенот нешо кај воланот и се расипа и ја закрпија 1500 евра оригинален дел, замисли мерџово по улициве скопски кога ќе го развозат. Ќе се разглоби од дупкиштава па кредити ќе земаат за ремонт.
 
Машала Машала ......... ајт со среќа нек им е ............ ќе си се возат во тазе роба што би се рекло ......... малце скапичко, ама па кога станува збор за државни делегации тука нема скапо-нескапо, дури и евтино е .............. :ROFLMAO::LOL:
 
Блиндираното го прави отпорно на куршуми и слични срања,не од расипување..
Види ја изјавата на Иво Котески, не сме неписмени да не знаеме што значи блиндирано :)
 
само толку дале за возило?? ме разочараа бе:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom