Xibalba
Corona Australis
- Член од
- 24 јануари 2012
- Мислења
- 6.091
- Поени од реакции
- 11.496
МВР се поднови со возило вредно 578 илјади евра
Блидниран автомобил “мерцедес“ ќе биде најновиот член на возниот парк на Министерството за внатрешни работи, откако беше потпишан договорот со единствениот понудувач Макауто Стар.
Возилото кое според барањата на МВР е произведено со највисоки безбедносни заштити ВР6/ВР7 вреди повеќе 35 милиони денари или околу 578 илјади евра.
Новиот “мерцедес“ ќе биде користен за превоз на државните функционери и високите странски делегации за кои е неопходно прв степен на безбедност.
Од Министерството велат дека набавката на ново блиндирано возило била и повеќе од неопходна.
“Оние блиндирани возила со кои сега располагаме се малку и често се расипуваат, а и ги позајмуваме на другите државни институции кога имаат потреба“, вели Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност во МВР.