Не може фа ги ставате во ист кош Јане Сандански, Гоце Делечев и Тодор Александров, Ванчо Михајлов.
Јане Сандански е еден од најголемите револуционери во македонската историја. Тој ги наредува убиствата на најголемите врховисти (предавниците) на организацијата, односно причинителите на предвременото илинденско востание. Тоа биле Иван Гарванов и Борис Арафов. Имало и други но овие биле крупните риби. Убиствата ги извршува војводата Тодор Паница во Солун.
За историја кога се дискутира според мене, треба да се дискутира со факти, податоци и да се земат во предвид општествено политичките околности од тоа време.
Погоре набројаниве лесно се ставаат во ист кош а тој “кош“ е непобитниот факт дека се македонци. Едниот од нив (Ванчо Михајлов) е бугарски шпиун. (поговорката „во Македонија на маса на која седат тројца едниот е шпиун“ е за жал точна и со традиција)
Факт1. Јане Сандански голем Македоски револуционер и за време на младотурската ревоуција е на страната на младотурците, со надеж дека по промена на султанот од власт, Македонија (етничка) ќе добие автономија а подоцна можеби и целосна независност од новата Турска држава. Поради оваа негова идеја односно став, никој го нема наречено Туркофил, за разлика некои други револуционери кои се или Бугарофили или Србомани.
Факт2. Тодор Александров исто така голем македоски револуционер, кој го возобновува ВМРО по теркот на илинденците (по теркот поставен од Гоце) и во периодот за време на балканските и првата светска војна бара разноразни начини за остварување на вековниот сон на Македонците, за независна држава. Еден период воспоставува автономија на Пиринска Македонија, потполна независност од Бугарската државна власт. Додека е на чело на организацијата Александров не проневерил ниту денар. Живеел скромно скоро астетски и се што се собирало пари се трошело за оружје и опрема. И покрај своите идеолошки разлики со комунистите тој за остварување на целта, да се ослободи и обедини Македонија, потпишува и мајски манифест со комунистичката итернационала (коминтерната). Прочитајте го манифестот па видете за што се борел и залагал Александров. Александров е убиен од Бугарската држава (нормално преку Ванчо) а после тоа е кроена пропаганда за него како за голем Бугар и сл.
За смрта на Ѓорче Петров директен виновник е Ванчо Михајлов а не тодор Александров. Со лицемерното појавување на погребот на Ѓорче, Ванчо Михајлов само си ишка мувата од капата и продолжива со шпиунската дејност меѓу Македонските револуционери.
Барањето помош од надвор за остварување на целта независна Македонија неможе на никого да му се зема за зло.
Сите околни држави се ослободуваат од османлиите со странска помош и со наметнување на монархии, со увезени монарси (Кралеви).
Македонците не сакаат монархија сакаат модерна република (Крушевска република прва република во Европа), и затоа се бараат други начини за остварување на целта.
Македоската левица (ВМРО Автономна) е во директна соработка со коминтерната. Комунистичкото движење се покажало како најпогодно во тоа време (втората светска војна) да се оствари сонот за независна и слободна Македоска држава.
Во мислите на сите револуционери била обединета македоја (Македонија во етничките граници пред Букурешткиот договор)
И во првото заседание на АСНОМ јасно се истакнува потребата од обединување и на него присуствуваат претставници и од Пиринска и од Егејска Македонија.
Дури откако превласта кај Македоските комунисти ќе ја земе Лазо со другарите, почнува да се отстапува од таа идеја.
Вината на Панко Брашнаров, Ченто, Шатев е што и по ослободувањето 45-та инсистираат на потпишаните договори на ВМРО со коминтерната за обединување на Македонија и бараат начини да се реализира таа идеја.
По 48-ма и пукањето на тиквата помеѓу Тито и коминтерната, овие македоски револуционери и борци за обединета независна Македонија се прогласени за сталинисти, врховисти и сл.
Српската пропаганда во вардарска Македонија и бугарската во пиринска Македонија си го прават своето и затоа имаме поделени мислења, односно сатанизирање на некои искрени борци за независна Македонија а издигнување на многу сомнителни топиви, кои што си го гледале само личниот интерес, каков што е Лазо.
Ако се читаат и дискутираат факти, без предходни предрасуди и наметната слика за некоја историска личност може да створиме реална слика за некого и да оцениме дали тој бил добар или не за Македонија.
Крај краева и добри и лоши наши си се. Странските пропаганди не треба дополнително да не разединуваат. Сите комшии ни бараат да се откажеме од некои наши историски личности, на крај ќе ја дотераме до таму да се откажеме и од најблиските па и од самите себе.