Александров и Делчев изедначени во Скопје

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Популарната фолк пејачка Соња Тарчуловска на новото издание на фестивалот за патриотски песни "Гоце фест", што ќе се одржи на 14 февруари 2009, ќе настапи со песна посветена на Тодор Александров. Настапот на "Гоце фест" му го посветува на нејзиниот сопруг Јохан Тарчуловски, кој многу го почитува ликот и делото на Александров.

Музиката и текстот за песната "За Александров" се на Мишко Талески, додека аранжманот е на Сашо Ливрински.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 03:24 ---
Секоја приказна има две вистини, зависи од кај ќе ја чуете или прочитате.
Една е вистината, а тоа е дека бугарска нација не постои. Постојат одродени, или предавници кои работат за уништување на македонската национална свест. Но не е случајно заклетвата да биде дадена со пиштол и кама врз библија. тоа значи дека еден ден ако камата или пиштолот не ги казни предавниците, божјата правда можеби ќе закасни ама ќе ги казни тие што се заколнаја ама ја издадоја македонија.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.811

Ја само ќе речам, згрозен сум од тоа какви човечиња без 2 грама мозок во лејката си дозволуваат да пишуваат се и сешто, да плукаат по било кој ќе им текне од Македонската историја, само затоа што не им се допаѓала идеја на актуелна власт.
 
spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
БРАВО ЦАРЕ !!!!
КАПА ДОЛЕ!!!!
како само го разоткри велешкиот војвода СТЕФАН ДИМИТРОВ во бугарофил, секоја чест.
Свесен ли си ти што напиша, имаш ли барем малце сива маса во тиквата или онака ја носиш колку одвреме навреме да му залепиш добар балгам на некој што загинал за ти денеска да можеш да го пцуеш......
Стефан Димитров, учесник на Прилепскиот конгрес како претставник на Велес. Роден во село Ореше(велешко како за неписмени), сред село чешмата е во негова чест изградена. Учесник во Илинденското востание рамо до рамо со Алабакот и Докурчев.
Овој човек не само што не е бугарин нити бугарофил, туку е родум од Велешко. ЗАСРАМИ СЕ и трк до библиотека, има таму книги за велешките комити и војводи, да си го научиш сојот од кај ти е, ако ти е од Велес !
Стефан Димитров е роден 1876 година вo леринското село Зелениче, тогав вo Османската империja, дeнес Склитро, Грциja.
Пролетта на 1904 година е изпратен оd ВМОРО за воjвода вo Велешко на мeстото на убитиja Никола Дечев,
На 2 jaнуари 1905 година Стефан Димитров участвyва на Скопскиот конгрес на ВМОРО, на коj са уште Ефрем Чучков, Крсто Блгаријата, Атанас Бабата, Мише Развигоров, Петар Ангелов, Коста Нунков и други.
Стефан Димитров загива на 5 маj 1905 година при село Гостиражни во сржение со четата на Григор Соколов. На негово место велешки воjвода става Панчо Константинов,...
 
M

Moon Child

Гостин

Види, ако се водиме по Википедија и немора да значи.
Погледни го ова:

Партенија Зографски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Партенија Зографски​

Портрет на Партенија Зографски​
Роден(а)​
1818
Галичник, Македонија
Партенија Зографски (Галичник, 1818 - Цариград, 7 февруари 1876) бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19. век во Македонија и прв македонски митрополит.[1]

А кога ќе стегнеш од страна на Бугарски погледни:

Партениј Зографски

от Уикипедија, свободната енциклопедија
Направо к'м: навигација, т'рсене
Партениј Зографски
б'лгарски духовник и филолог

Роден:​
Починал:​
Партениј Зографски е б'лгарски духовник, Поленински и Нишавски епископ, и книжовник, един от п'рвите б'лгарски филолози и фолклористи .
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Не може фа ги ставате во ист кош Јане Сандански, Гоце Делечев и Тодор Александров, Ванчо Михајлов.

Јане Сандански е еден од најголемите револуционери во македонската историја. Тој ги наредува убиствата на најголемите врховисти (предавниците) на организацијата, односно причинителите на предвременото илинденско востание. Тоа биле Иван Гарванов и Борис Арафов. Имало и други но овие биле крупните риби. Убиствата ги извршува војводата Тодор Паница во Солун.
За историја кога се дискутира според мене, треба да се дискутира со факти, податоци и да се земат во предвид општествено политичките околности од тоа време.
Погоре набројаниве лесно се ставаат во ист кош а тој “кош“ е непобитниот факт дека се македонци. Едниот од нив (Ванчо Михајлов) е бугарски шпиун. (поговорката „во Македонија на маса на која седат тројца едниот е шпиун“ е за жал точна и со традиција)
Факт1. Јане Сандански голем Македоски револуционер и за време на младотурската ревоуција е на страната на младотурците, со надеж дека по промена на султанот од власт, Македонија (етничка) ќе добие автономија а подоцна можеби и целосна независност од новата Турска држава. Поради оваа негова идеја односно став, никој го нема наречено Туркофил, за разлика некои други револуционери кои се или Бугарофили или Србомани.
Факт2. Тодор Александров исто така голем македоски револуционер, кој го возобновува ВМРО по теркот на илинденците (по теркот поставен од Гоце) и во периодот за време на балканските и првата светска војна бара разноразни начини за остварување на вековниот сон на Македонците, за независна држава. Еден период воспоставува автономија на Пиринска Македонија, потполна независност од Бугарската државна власт. Додека е на чело на организацијата Александров не проневерил ниту денар. Живеел скромно скоро астетски и се што се собирало пари се трошело за оружје и опрема. И покрај своите идеолошки разлики со комунистите тој за остварување на целта, да се ослободи и обедини Македонија, потпишува и мајски манифест со комунистичката итернационала (коминтерната). Прочитајте го манифестот па видете за што се борел и залагал Александров. Александров е убиен од Бугарската држава (нормално преку Ванчо) а после тоа е кроена пропаганда за него како за голем Бугар и сл.

За смрта на Ѓорче Петров директен виновник е Ванчо Михајлов а не тодор Александров. Со лицемерното појавување на погребот на Ѓорче, Ванчо Михајлов само си ишка мувата од капата и продолжива со шпиунската дејност меѓу Македонските револуционери.

Барањето помош од надвор за остварување на целта независна Македонија неможе на никого да му се зема за зло.
Сите околни држави се ослободуваат од османлиите со странска помош и со наметнување на монархии, со увезени монарси (Кралеви).
Македонците не сакаат монархија сакаат модерна република (Крушевска република прва република во Европа), и затоа се бараат други начини за остварување на целта.
Македоската левица (ВМРО Автономна) е во директна соработка со коминтерната. Комунистичкото движење се покажало како најпогодно во тоа време (втората светска војна) да се оствари сонот за независна и слободна Македоска држава.
Во мислите на сите револуционери била обединета македоја (Македонија во етничките граници пред Букурешткиот договор)
И во првото заседание на АСНОМ јасно се истакнува потребата од обединување и на него присуствуваат претставници и од Пиринска и од Егејска Македонија.
Дури откако превласта кај Македоските комунисти ќе ја земе Лазо со другарите, почнува да се отстапува од таа идеја.
Вината на Панко Брашнаров, Ченто, Шатев е што и по ослободувањето 45-та инсистираат на потпишаните договори на ВМРО со коминтерната за обединување на Македонија и бараат начини да се реализира таа идеја.
По 48-ма и пукањето на тиквата помеѓу Тито и коминтерната, овие македоски револуционери и борци за обединета независна Македонија се прогласени за сталинисти, врховисти и сл.
Српската пропаганда во вардарска Македонија и бугарската во пиринска Македонија си го прават своето и затоа имаме поделени мислења, односно сатанизирање на некои искрени борци за независна Македонија а издигнување на многу сомнителни топиви, кои што си го гледале само личниот интерес, каков што е Лазо.
Ако се читаат и дискутираат факти, без предходни предрасуди и наметната слика за некоја историска личност може да створиме реална слика за некого и да оцениме дали тој бил добар или не за Македонија.
Крај краева и добри и лоши наши си се. Странските пропаганди не треба дополнително да не разединуваат. Сите комшии ни бараат да се откажеме од некои наши историски личности, на крај ќе ја дотераме до таму да се откажеме и од најблиските па и од самите себе.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.811
Крај краева и добри и лоши наши си се. Странските пропаганди не треба дополнително да не разединуваат. Сите комшии ни бараат да се откажеме од некои наши историски личности, на крај ќе ја дотераме до таму да се откажеме и од најблиските па и од самите себе.
Тоа е тоа, какви такви наши се, спомнав погоре, ќе спомнам пак, најголем наш резил е токму тоа, братоубиствата, желбата за превласт на државата, а меѓусебе не биле свесни не само дека во тој момент немаме држава туку и дека сите што им ветиле дека ќе им помогнат, сите сакале да им одмогнат.
Не ти го цитирав целосно мислењето(да не изгледа грдо), ама комплетно се слагам со него, редно време е да ги погледнеме сите агли, сите моменти од тој период и да знаеме кој за што се залагал и што направил, да ја испишеме историјата токму онакава каква што била!
 
Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
БРАВО ЦАРЕ !!!!
КАПА ДОЛЕ!!!!
како само го разоткри велешкиот војвода СТЕФАН ДИМИТРОВ во бугарофил, секоја чест.
Свесен ли си ти што напиша, имаш ли барем малце сива маса во тиквата или онака ја носиш колку одвреме навреме да му залепиш добар балгам на некој што загинал за ти денеска да можеш да го пцуеш......
Стефан Димитров, учесник на Прилепскиот конгрес како претставник на Велес. Роден во село Ореше(велешко како за неписмени), сред село чешмата е во негова чест изградена. Учесник во Илинденското востание рамо до рамо со Алабакот и Докурчев.
Овој човек не само што не е бугарин нити бугарофил, туку е родум од Велешко. ЗАСРАМИ СЕ и трк до библиотека, има таму книги за велешките комити и војводи, да си го научиш сојот од кај ти е, ако ти е од Велес !
Се извинувам :( не го знаев ова... Се извинувам
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ја само ќе речам, згрозен сум од тоа какви човечиња без 2 грама мозок во лејката си дозволуваат да пишуваат се и сешто, да плукаат по било кој ќе им текне од Македонската историја, само затоа што не им се допаѓала идеја на актуелна власт.

Ма немој, викаш по било кој, или по тие што се одродиле од македонската кауза. Ако ти не правиш разлика значи кај тебе е проблемот. Зарем јас што ја бранам македонија имам 2 грама мозок, а тие кои ги воскреснуваат врховистите се многу паметни. Епа паметни се не викам не, сакаат да не изедначат со бугарите полека за сите години стварање и развивање на македонска култура и свест после втора светска војна они сега сакаат да направат контра период.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
И Делчев служел официр во бугарска школа, таму научил и коњ да јава(спротивно на неговата "внука" која вика Гоце не е јахал коњ).

Таму било единственото место каде што можеле да научат да ракуваат со оружје, таму смееле да испукаат 5 куршума а да не ги штедат за себе или за турци, тоа е приказна за многу што сакале да војуваат и да се ослободат од отоманската империја. Во тие времиња немало многу комити кои оделе од село до село да бараат млади деца да ги носат со нив да ги учат за комитлук, морале сами да се снаоѓаат, за потоа да ги учат другите како треба. ;)
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 03:18 ---

И многу други од десницата на Александров како и самиот Александров се ликвидирани и покрај прогресивните идеи за слободна Македонија.
Тоа е резил општ на Македонците, братоубиствената војна помеѓу левицата и десницата внатре во ВМРО. Истите овие атентати им одговараат само на нашите соседи, на бугарите, србите на грците а и тогашната османлиска империја.
И најнормално дека после ликвидацијата некој морал да се оправда со нешто, комунистичките догми кои траеја 50 години во Македонија дополнително фрлија сенка врз овие личности.
Колку од вас се 100% сигурни дека материјалите кои ги читате по интернет и литератури се точни?
Секоја приказна има две вистини, зависи од кај ќе ја чуете или прочитате.
Ама фората е што не е баш точно така .. можеле и у Грција и у Србија да служат војска ама они си одбирале во Бугарија ...
За мене и за многумина Тодор Александров ќе биде личност со бугарска свест.

Внуката на Гоце, Мима при изградбата на бистата на Тодор Александров во Благоевград мислам беше, кога ќе подигаа споменик на Тодор, беше против со изјавата:

„Рацете на Александров се извалкани со многу крв од многу другари на Гоце Делчев! Ќе ги дадам сите пари што ги имам, за да се купи динамит и да се урни споменикот на Тодор Александров“.

Тодор Александров има ликвидирано огромен број на Македонци со прогресивни идеи околу слободна Македонија...

никогаш ваков човек не може да биде исто со другите од тоа време.
Како да ти кажам дека внука од Брат/Сестра или Братучед/ка не сум сиугрен на Гоце делчев којшто никогаш не го видела во својот живот не е релевантна за расправијава :D
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 12:04 ---
Популарната фолк пејачка Соња Тарчуловска на новото издание на фестивалот за патриотски песни "Гоце фест", што ќе се одржи на 14 февруари 2009, ќе настапи со песна посветена на Тодор Александров. Настапот на "Гоце фест" му го посветува на нејзиниот сопруг Јохан Тарчуловски, кој многу го почитува ликот и делото на Александров.

Музиката и текстот за песната "За Александров" се на Мишко Талески, додека аранжманот е на Сашо Ливрински.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 03:24 ---

Една е вистината, а тоа е дека бугарска нација не постои. Постојат одродени, или предавници кои работат за уништување на македонската национална свест. Но не е случајно заклетвата да биде дадена со пиштол и кама врз библија. тоа значи дека еден ден ако камата или пиштолот не ги казни предавниците, божјата правда можеби ќе закасни ама ќе ги казни тие што се заколнаја ама ја издадоја македонија.
Па што ако ? сите патриоти од тоа време 90тите да кажеме биле почитувачи на Тодор Александров па дури и на Борис Дрангов(особено тие од Љубанци како Јохан) немој да мислиш дека тоа време патриотите се дивеле на античкиве ствари на којшто ти очигледно се дивиш :D
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ама фората е што не е баш точно така .. можеле и у Грција и у Србија да служат војска ама они си одбирале во Бугарија ...

Како да ти кажам дека внука од Брат/Сестра или Братучед/ка не сум сиугрен на Гоце делчев којшто никогаш не го видела во својот живот не е релевантна за расправијава :D
Значи одсекогаш во македонија имало проблем внатре многу повеќе отколку однавор. Ниту хрватите ниту србите, ниту било која друга нација немала дилема што се, дали се хрвати или некој други, само ние не знаеме кој сме поради ваквото мешање на историјата и изедначување на тие што се одродиле и вистинските револуционери кои се бореле со македонска свест. Не знам каде ќе води сево ова, но реков дека еднаш треба да паднат маските и кој има бугарска свест нека се покаже не мора да се крие, кој има српска свест исто така, еднаш засекогаш да се откријат сите овие кои се кријат позади во наводници македонзимот, за да може преостанатиот народ кој има македонска свест па макар бил и малцинство да ја гради оваа држава по вистинскиот пат.
 
Има во Црна Гора слично нешто некој викаат дека постои Црногорска нација некој викаат не постои само што кај нив повекето сметаат дека се Срби и дека Црногорска нација не постои всушност или дека барем тоа е нова нација
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
А

Па што ако ? сите патриоти од тоа време 90тите да кажеме биле почитувачи на Тодор Александров па дури и на Борис Дрангов(особено тие од Љубанци како Јохан) немој да мислиш дека тоа време патриотите се дивеле на античкиве ствари на којшто ти очигледно се дивиш :D
Ти стварно мислиш дека јохан и соња ќе го почитуваат делото на александров да не се наоѓаа во таква завидна ситуација? Значи многу си наивен, или пак не си, туку и ти бранејќи ја овде таа теза се криеш позади македонизмот а у ствари немаш македонска свест. Друго објаснување немам.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Ти стварно мислиш дека јохан и соња ќе го почитуваат делото на александров да не се наоѓаа во таква завидна ситуација? Значи многу си наивен, или пак не си, туку и ти бранејќи ја овде таа теза се криеш позади македонизмот а у ствари немаш македонска свест. Друго објаснување немам.
Толку разбираш -_- .. у Љубанци си бил некогаш бе ? или познаваш некој од таму ? а исто така знаеш ли дека Јохан беше воџа на комити? и знаеш ли зошто Јохан е осуден што направил за да го осудат ? абее патриоти бе ц ц ц :D

а за мене јас сум си Македонец патриот и си ја сакам единствено мојава Македонија :) а во минатото како било тоа е друго
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Има во Црна Гора слично нешто некој викаат дека постои Црногорска нација некој викаат не постои само што кај нив повекето сметаат дека се Срби и дека Црногорска нација не постои всушност или дека барем тоа е нова нација
Ама сега ние и таму ли ќе им кажуваме дека црногрците не се тие што се дека се срби? Како не сваќате што значи да се има национална свест. Значи јас како македонец осеќам дека тодор александров немал македоснка национална свест, и сега некој сака да го рехабилитира. Па како да гледам јас на тоа? како испаѓа дека е? Пак ќе кажам мене не ми смета ако некој се осеќа бугар, слободно нека се пише нека каже јавно. Не сакам некој да ги изедначува бугарите и македонците како едно. Има разлика и тие што се кријат позади македонија а работат за бугарски интереси се одродени и предавници.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Ама сега ние и таму ли ќе им кажуваме дека црногрците не се тие што се дека се срби? Како не сваќате што значи да се има национална свест. Значи јас како македонец осеќам дека тодор александров немал македоснка национална свест, и сега некој сака да го рехабилитира. Па како да гледам јас на тоа? како испаѓа дека е? Пак ќе кажам мене не ми смета ако некој се осеќа бугар, слободно нека се пише нека каже јавно. Не сакам некој да ги изедначува бугарите и македонците како едно. Има разлика и тие што се кријат позади македонија а работат за бугарски интереси се одродени и предавници.
Охооо Зоте Зоте .... Добро бе мајката Гоце Делчев бил учител у егзархијата (Таму не ги учеле за античките македонци тоа е чисто бугарско училиште) значи еден Македонец како што го опишуваш ти не би требало тоа да си го дозволи тоа е предавник од твоја гледна точка нели ?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Охооо Зоте Зоте .... Добро бе мајката Гоце Делчев бил учител у егзархијата (Таму не ги учеле за античките македонци тоа е чисто бугарско училиште) значи еден Македонец како што го опишуваш ти не би требало тоа да си го дозволи тоа е предавник од твоја гледна точка нели ?
Не си во право и не можеш да ги споредуваш Гоце и Александров. Значи и во библијата пишува дека на два господари не можеш да им служиш. Значи не може според делата и со каква идеја се бореле да ги изедначиш според делата. Гоце Делечев не бил за кревање на востание, знаел дека не дојдено време, затоа е тргнат од страна на врховистите за да може востанието да не успее и македонија да не биде целосно слободна. И денес имаме министер за одбрана албанец па сигурно не работи за македоснките интереси без разлика што добива државна плата.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Не си во право и не можеш да ги споредуваш Гоце и Александров. Значи и во библијата пишува дека на два господари не можеш да им служиш. Значи не може според делата и со каква идеја се бореле да ги изедначиш според делата. Гоце Делечев не бил за кревање на востание, знаел дека не дојдено време, затоа е тргнат од страна на врховистите за да може востанието да не успее и македонија да не биде целосно слободна. И денес имаме министер за одбрана албанец па сигурно не работи за македоснките интереси без разлика што добива државна плата.
Тодор Александров бил во затвор и тоа во куршумли ан мислам дека беше (ако си бил некогаш таму патриоту знаеш што и каде е) тоа време а исто така и не бил некој влијателен војвода :D па да одлучува за што било ..

п.с. за албанскиот министер па нормално дека ќе има кога имаш 20% албанци во државава мора да имаат и они некој претставник нели -.- ?
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.811
Да не те цитирам. Дијаспората на Македонија во бугарија била многу поголема отколку во србија, а поголемиот дел од егејските комити заминувале на воена школа во софија затоа што е поблиску од белград, а неможеле во грција поради огромните разлики во јазикот.
ВМРО силно делувало и од бугарија. Што е и една причина плус, лесно било за бегање од османлиите во бугарија, се декларирале како бугари за да спасат жива глава(дел од нив, дел си пукале во уста) а потоа повторно назад по некое време за да продолжат со воени дејствија. Многу муабети се испреплетени тука, и многу фактори кои влијаеле на нив во тоа време мора да се земат во предвид.
Мал п.с. Ќе го продолжиме муабетот, и би ве замолил игнорирајте ги бугарите, тука се само за провокација, се чудам зошто спие модераторот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Али после чива политика продолжил да води? Врховистичка така?

Јас сум за граѓанска војна, кој се за гоце и јане на една страна, на друга михајловисти и алкесандровисти и кој победи нека ја води државата нека прави што сака. Вака џабе се пишуваме, јас никогаш нема да го прифатам тодор и ванчо за македонци.
А тие што мислат дека дејствувањето на Александров влече корен од дејствувањето на Гоце, на која страна да застанат во твојата шизофрена граѓанска војна? Инаку Дамјан Груев бил за кревање на востанието. И тој бил врховист и Бугар?

После им се лутиме на Бугарите зошто ни ја присвојувале историјата. Не ни ја присвојуваат ние сами им ја поклонуваме и се носиме во ситуација да бидеме смешни. Гоце Македонец - Александров Бугарин, Ѓорче Петров Македонец - Симеон Радев Бугарин...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
А тие што мислат дека дејствувањето на Александров влече корен од дејствувањето на Гоце, на која страна да застанат во твојата шизофрена граѓанска војна? Инаку Дамјан Груев бил за кревање на востанието. И тој бил врховист и Бугар?

После им се лутиме на Бугарите зошто ни ја присвојувале историјата. Не ни ја присвојуваат ние сами им ја поклонуваме и се носиме во ситуација да бидеме смешни. Гоце Македонец - Александров Бугарин, Ѓорче Петров Македонец - Симеон Радев Бугарин...
Па ти што мислиш дека турците го убиле на Гоце делчев? Па Дамјан Груев го убил, тој бил масон, и мислиш случајно е ставен на плоштад одма до Гоце Делчев?

Значи не знам колку си просветлен но не постои бугарска нација. Постојат одродени македонци. прочитај малку за значењето и терминот бугар. па тука има една таква тема истражи ја и ќе видиш. Мојата војна е против таквите одродени македонци.

http://forum.kajgana.com/threads/Значењето-на-термините-“Бугар“-и-“Грк“-во-однос-на-Македонците.38256/
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Па ти што мислиш дека турците го убиле на Гоце делчев? Па Дамјан Груев го убил, тој бил масон, и мислиш случајно е ставен на плоштад одма до Гоце Делчев?
И Дамјан Груев бил одроден Македонец? Зошто тогаш сме го ставиле во химната заедно со Делчев? Тоа што бил масон била огромна предност за ВМРО, не е грев. Што може една емисија на Ефтов и црно-бело сфаќање на историјата да ти направи... :(
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
И Дамјан Груев бил одроден Македонец? Зошто тогаш сме го ставиле во химната заедно со Делчев? Тоа што бил масон била огромна предност за ВМРО, не е грев. Што може една емисија на Ефтов и црно-бело сфаќање на историјата да ти направи... :(
Епа зашто го нема Никола Карев во химната? И јас се прашувам. Нема врска емисијата со вистината, логички е затоа што Гоце Делчев имал влијание и бил пречка на врховистите и одродените макеоднци кои сакале пред време да го кренат востанието. Значи се гледа разлика помеѓу тој што работел за македонските интереси и тој што бил против.

Тоа што бил масон не и донело преднсот на макеоднија, туку можеби на маосните кои го креираат светот не им одговарало македонска држава и имале други планови. Зашто? Затоса што како што кажав тракијците биле античк имакедонци, во тоа време фромирање на држава макеоднија значело и обединување на старата славна држава од античко време, егејскиот дел тогаш би бил во наши граници, албанија немало да се формира како држава, и можеш да ја замислиш таа сила на балканот што ќе била? Да да, македонија ќе била америка на балканот силна моќна и фактор, а не сега и до внатре и од надовр не зеза кој стигне.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Епа зашто го нема Никола Карев во химната?
Не знам зошто го нема Карев во химната и нема врска со муабетот што го правиме. Кажи едноставно дали според тебе Дамјан Груев бил Македонец? Да или не? Толку е тешко да се одговори?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Не знам зошто го нема Карев во химната и нема врска со муабетот што го правиме. Кажи едноставно дали според тебе Дамјан Груев бил Македонец? Да или не? Толку е тешко да се одговори?
Сите биле македонци, но имало одродени и такви кои работеле за други интереси, значи шпиони кодоши како сакаш. Ако е вистина дека Дамјан Груев го убил Гоце Делчев, според тебе што е тогаш?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Сите биле македонци, но имало одродени и такви кои работеле за други интереси, значи шпиони кодоши како сакаш. Ако е вистина дека Дамјан Груев го убил Гоце Делчев, според тебе што е тогаш?
Таа „вистина“ ќе треба прво да ја докажеш и да го откриеш мотивот за убиството. Потоа ќе може да дискутираме на тема што тогаш. Дотогаш и едниот и другиот се големи Македонци какви што ние никогаш нема да бидеме.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Таа „вистина“ ќе треба прво да ја докажеш и да го откриеш мотивот за убиството. Потоа ќе може да дискутираме на тема што тогаш. Дотогаш и едниот и другиот се големи Македонци какви што ние никогаш нема да бидеме.
Мотивот се знае, да се крене пред време востанието кога не биле време за целосно ослободување.

Е сега второт кој стои позади него, имиња и личности не знам, ама се знае кој бил за предвремено дигање на востанието а тоа биле врховистите, значи шпионите и кодошите во органиацијата кои работеле за бугарските интереси.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Мотивот се знае, да се крене пред време востанието кога не биле време за целосно ослободување.

Е сега второт кој стои позади него, имиња и личности не знам, ама се знае кој бил за предвремено дигање на востанието а тоа биле врховистите, значи шпионите и кодошите во органиацијата кои работеле за бугарските интереси.
Докази, не претпоставки. Кога таа „вистина“ на внуката на Делчев ќе стане историски факт ќе разговараме за тоа. Сега таа дискусија е беспредметна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom