Да да Јане Сандски на пример служел војска у Бугарија (доброволно неморал ако не сакал у отоманска империја е роден и живеел) да му е*ам предавникот да му е*ам
И Делчев служел официр во бугарска школа, таму научил и коњ да јава(спротивно на неговата "внука" која вика Гоце не е јахал коњ).
Таму било единственото место каде што можеле да научат да ракуваат со оружје, таму смееле да испукаат 5 куршума а да не ги штедат за себе или за турци, тоа е приказна за многу што сакале да војуваат и да се ослободат од отоманската империја. Во тие времиња немало многу комити кои оделе од село до село да бараат млади деца да ги носат со нив да ги учат за комитлук, морале сами да се снаоѓаат, за потоа да ги учат другите како треба.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 03:18 ---
За мене и за многумина Тодор Александров ќе биде личност со бугарска свест.
Внуката на Гоце, Мима при изградбата на бистата на Тодор Александров во Благоевград мислам беше, кога ќе подигаа споменик на Тодор, беше против со изјавата:
„Рацете на Александров се извалкани со многу крв од многу другари на Гоце Делчев! Ќе ги дадам сите пари што ги имам, за да се купи динамит и да се урни споменикот на Тодор Александров“.
Тодор Александров има ликвидирано огромен број на Македонци со прогресивни идеи околу слободна Македонија...
никогаш ваков човек не може да биде исто со другите од тоа време.
И многу други од десницата на Александров како и самиот Александров се ликвидирани и покрај прогресивните идеи за слободна Македонија.
Тоа е резил општ на Македонците, братоубиствената војна помеѓу левицата и десницата внатре во ВМРО. Истите овие атентати им одговараат само на нашите соседи, на бугарите, србите на грците а и тогашната османлиска империја.
И најнормално дека после ликвидацијата некој морал да се оправда со нешто, комунистичките догми кои траеја 50 години во Македонија дополнително фрлија сенка врз овие личности.
Колку од вас се 100% сигурни дека материјалите кои ги читате по интернет и литератури се точни?
Секоја приказна има две вистини, зависи од кај ќе ја чуете или прочитате.