Александров и Делчев изедначени во Скопје

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Па не е така, делата покажале кој е предавник а кој вистински се борел за македонија.
Да да Јане Сандски на пример служел војска у Бугарија (доброволно неморал ако не сакал у отоманска империја е роден и живеел) да му е*ам предавникот да му е*ам ;)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Да да Јане Сандски на пример служел војска у Бугарија (доброволно неморал ако не сакал у отоманска империја е роден и живеел) да му е*ам предавникот да му е*ам ;)
Значи според тебе македонци што сега живеат во грција и зимаат палта и служат војска се предавници?

Значи битно е со каква свест си, не е битно каде ќе се родиш, туку со каква идеја си.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Значи според тебе македонци што сега живеат во грција и зимаат палта и служат војска се предавници?

Значи битно е со каква свест си, не е битно каде ќе се родиш, туку со каква идеја си.
Дечко Јане се родил у ОТОМАНСКА ИМПЕРИЈА а отишол да служи војска во БУГАРИЈА во БУГАРСКАТА ДРЖАВА значи сам по своја волја му текнало и отишол да служив војска у БУГАРИЈА :)
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.465
Поени од реакции
6.798
Истото и кај мене у Велес. Доста позната улица кај што живеам од Неретва ја преименуваа во некој си Бугарин Стефан Димитров или Димитар Стефанов :facepalm: Идиоти !
БРАВО ЦАРЕ !!!!
КАПА ДОЛЕ!!!!
како само го разоткри велешкиот војвода СТЕФАН ДИМИТРОВ во бугарофил, секоја чест.
Свесен ли си ти што напиша, имаш ли барем малце сива маса во тиквата или онака ја носиш колку одвреме навреме да му залепиш добар балгам на некој што загинал за ти денеска да можеш да го пцуеш......
Стефан Димитров, учесник на Прилепскиот конгрес како претставник на Велес. Роден во село Ореше(велешко како за неписмени), сред село чешмата е во негова чест изградена. Учесник во Илинденското востание рамо до рамо со Алабакот и Докурчев.
Овој човек не само што не е бугарин нити бугарофил, туку е родум од Велешко. ЗАСРАМИ СЕ и трк до библиотека, има таму книги за велешките комити и војводи, да си го научиш сојот од кај ти е, ако ти е од Велес !
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Дечко Јане се родил у ОТОМАНСКА ИМПЕРИЈА а отишол да служи војска во БУГАРИЈА во БУГАРСКАТА ДРЖАВА значи сам по своја волја му текнало и отишол да служив војска у БУГАРИЈА :)
И што има врска тоа? Делата негови кажуваат спортивно д Тодор Александров кој се родил во штип, македонија а се борел за бугарската кауза, се одродил.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Не може фа ги ставате во ист кош Јане Сандански, Гоце Делечев и Тодор Александров, Ванчо Михајлов.

Јане Сандански е еден од најголемите револуционери во македонската историја. Тој ги наредува убиствата на најголемите врховисти (предавниците) на организацијата, односно причинителите на предвременото илинденско востание. Тоа биле Иван Гарванов и Борис Арафов. Имало и други но овие биле крупните риби. Убиствата ги извршува војводата Тодор Паница во Солун.
Тодор Паница е роден во Орехово и е Бугар по националност. И сега што правиме, и Јане Сандански не е македонски револуционер? А Тодор Александров е роден во Ново Село, штипско. Истото село каде што Гоце Делчев бил директор во една гимназија со интересно име. И сега, едните се Македонци, другите не се?
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
И што има врска тоа? Делата негови кажуваат спортивно д Тодор Александров кој се родил во штип, македонија а се борел за бугарската кауза, се одродил.
Па тоа е дело нели ? ДЕЛО онака човекот служел по своја волја на БУГАРИЈА тоа валјда го сметаш за дело o_O ? а Тодор Александров за што е предавник за тоа "преку голгота до независна Македонија" ли ? :)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Добро што сакате да кажете дека сме бугари?
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Јас брат ништо не кажувам јас пренесувам работи како стоеле тогаш како размислувале луѓето .. што правеле луѓето тогаш и слично :) како што читам во книгите ништо мое не измислувам ;)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Добро што сакате да кажете дека сме бугари?
Не, туку дека врската на македонските револуционери со бугарскиот царски двор во тоа време била нужна и дека не може едни личности да ги осудуваме за тоа, а кај други да пробаме тоа да го избришеме.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Јас брат ништо не кажувам јас пренесувам работи како стоеле тогаш како размислувале луѓето .. што правеле луѓето тогаш и слично :) како што читам во книгите ништо мое не измислувам ;)

Ама изгледа не ја сфаќаш позадината на ова. Јас така го осеќам, како некој да сака да ме освести дека сум бугар, и дека комунистите ме лажеле дека посоти македонска нација. Исто како што тврди српската и бугарската пропаганда.

Јас нема проблем, сум го кажал на многу луѓе ова, пишете се бугари на попис. ако треба јас и упте 300 луѓе ќе бидеме македонци со свест, кои го сакаат знамето, химната и симболите на макеоднија, ама барме ќе знам на што сум, а не сега сите вејат знамиња а не знаеш кој за кого работи.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.465
Поени од реакции
6.798
Не ми е јасно како народот на тие лицемери по неколку пати им ја дава власта. Типично лицемерие е тоа што го прават.
Глумат патриотизам, а пропагираат Бугарштина во Македонија. По кој основ да има статуи од нив восочни, мостови и улици? За утре Цацко да ни биде крив кога Бугарите ќе велат дека сме един народ во две држави?
Па во Велес оној бугарофилот Драги Каров кога постави статуа од Тодор Александров цела јавност се крена, знам дека и на вести даваа за тоа, сега на овие им ќутат, ЗОШТО?
Што се случи со статуата од Симеон Радев? Како воопшто некој можел да дозволи да се постави? Тоа треба под итно веднаш да се одбие и да не се помисли воопшто да се дава предлог за такво нешто. Потоа кога народот изреагира демек грешка се случила, срамота нафта пиеме ние.
Туку, не научија дека сме мирни и си ќутиме, дека оставаме да не дупчат како сакаат, па затоа вака курташак си играат.
Кога ќе дојде јајцето на газот е тогаш ќе се чешаме. Овие се поголеми Бугари од Љубчо, јас ова го гарантирам.
Среќа оти ти гарантираш, ти да не гарантираше, којзнае што ќе направеше државава без тебе.......
Тоа е тоа, прашајте ги во северна кореја за тоа како лидерот ким јонг ил им се родил 4 месеца после затруднувањето на неговата не чепната мајка, на ист начин Тодор Александров преку ноќ стана бугарин.
Како 50 години ви ја полнат главата со догми за тоа како страхил гигов и лазар колишевски се единствените двајца кои се бореле за независна Македонија, ама во рамките на југославија. Лазо колишевски, мочкото што се помочал на точакот додека во жарот на војната бегал од штип...... па после на сета сила и го судеше Ченто на голи оток зошто ноќта во 12 на границата со грција се телепортирал од прилеп да избегал во странство, зошто имал антидржавни идеи.....
Темата не е за политика, намерно ја вртите на политика, не ви одговара, немате доволно отворено книги не лекторирани од колишевски да прочитате нешто повеќе. Не се вика тито улицата, плукаааај брате додека не крстиле по друг војвода, зошто да се вика Пандо Кљашев, Зошто да се вика Чакаларов улицата кога може фино лепо да си се вика Карл Маркс(огромен борец за независноста на Македонија), Енгелс(пиринска Македонија), Сутјеска( река кај прилеп), Бошко Буха(Војвода од лерин).........
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Ама изгледа не ја сфаќаш позадината на ова. Јас така го осеќам, како некој да сака да ме освести дека сум бугар, и дека комунистите ме лажеле дека посоти македонска нација. Исто како што тврди српската и бугарската пропаганда.

Јас нема проблем, сум го кажал на многу луѓе ова, пишете се бугари на попис. ако треба јас и упте 300 луѓе ќе бидеме македонци со свест, кои го сакаат знамето, химната и симболите на макеоднија, ама барме ќе знам на што сум, а не сега сите вејат знамиња а не знаеш кој за кого работи.
Сеа забега скроз :) .... богами никој не те "освестува" од ништо ама треба објективно да гледаме на работите ... а друго ние сме си Македонци ако ништо више имаме 70 години УСТАВНА традиција со тоа име :)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Сеа забега скроз :) .... богами никој не те "освестува" од ништо ама треба објективно да гледаме на работите ... а друго ние сме си Македонци ако ништо више имаме 70 години УСТАВНА традиција со тоа име :)
За мене и за многумина Тодор Александров ќе биде личност со бугарска свест.

Внуката на Гоце, Мима при изградбата на бистата на Тодор Александров во Благоевград мислам беше, кога ќе подигаа споменик на Тодор, беше против со изјавата:

„Рацете на Александров се извалкани со многу крв од многу другари на Гоце Делчев! Ќе ги дадам сите пари што ги имам, за да се купи динамит и да се урни споменикот на Тодор Александров“.

Тодор Александров има ликвидирано огромен број на Македонци со прогресивни идеи околу слободна Македонија...

никогаш ваков човек не може да биде исто со другите од тоа време.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.465
Поени од реакции
6.798
Да да Јане Сандски на пример служел војска у Бугарија (доброволно неморал ако не сакал у отоманска империја е роден и живеел) да му е*ам предавникот да му е*ам ;)
И Делчев служел официр во бугарска школа, таму научил и коњ да јава(спротивно на неговата "внука" која вика Гоце не е јахал коњ).

Таму било единственото место каде што можеле да научат да ракуваат со оружје, таму смееле да испукаат 5 куршума а да не ги штедат за себе или за турци, тоа е приказна за многу што сакале да војуваат и да се ослободат од отоманската империја. Во тие времиња немало многу комити кои оделе од село до село да бараат млади деца да ги носат со нив да ги учат за комитлук, морале сами да се снаоѓаат, за потоа да ги учат другите како треба. ;)
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 03:18 ---
За мене и за многумина Тодор Александров ќе биде личност со бугарска свест.

Внуката на Гоце, Мима при изградбата на бистата на Тодор Александров во Благоевград мислам беше, кога ќе подигаа споменик на Тодор, беше против со изјавата:

„Рацете на Александров се извалкани со многу крв од многу другари на Гоце Делчев! Ќе ги дадам сите пари што ги имам, за да се купи динамит и да се урни споменикот на Тодор Александров“.

Тодор Александров има ликвидирано огромен број на Македонци со прогресивни идеи околу слободна Македонија...

никогаш ваков човек не може да биде исто со другите од тоа време.
И многу други од десницата на Александров како и самиот Александров се ликвидирани и покрај прогресивните идеи за слободна Македонија.
Тоа е резил општ на Македонците, братоубиствената војна помеѓу левицата и десницата внатре во ВМРО. Истите овие атентати им одговараат само на нашите соседи, на бугарите, србите на грците а и тогашната османлиска империја.
И најнормално дека после ликвидацијата некој морал да се оправда со нешто, комунистичките догми кои траеја 50 години во Македонија дополнително фрлија сенка врз овие личности.
Колку од вас се 100% сигурни дека материјалите кои ги читате по интернет и литератури се точни?
Секоја приказна има две вистини, зависи од кај ќе ја чуете или прочитате.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom