Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
БТ беше преголем залак за Град Скопје, затоа беше довршена од државата, без разлика кој и да бил градоначалник.

Ама во Битола да се реновира салата како што се реновираше во Ниш е возможно од страна на градот. истот важи и за велес и за охрид или куманово или кавадарци, каде има поголеми сали. Нека ги средат и нека игра таму репрезентација немам ништо против.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.299
Поени од реакции
15.535
Ама во Битола да се реновира салата како што се реновираше во Ниш е возможно од страна на градот. истот важи и за велес и за охрид или куманово или кавадарци, каде има поголеми сали. Нека ги средат и нека игра таму репрезентација немам ништо против.
Има разлика од реновирање до изградба, се согласувам..
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.844
Поени од реакции
16.006
Ама во Битола да се реновира салата како што се реновираше во Ниш е возможно од страна на градот. истот важи и за велес и за охрид или куманово или кавадарци, каде има поголеми сали. Нека ги средат и нека игра таму репрезентација немам ништо против.
Охрид, Велес, Кавадарци немаат потреба од реновирање за да се одигра некој меч од квалификации/бараж, на тие спортски сали ама апсолутно ништо не им фали.
А за организација на нешто повеќе им треба некое додатно реновирање. Но репрезентацијата комотно може да одигра некој дуел во тие градови што ги набројав.
За Куманово не сум запознаен во каква состојба е, ама ми се чини на ниво на Велес е.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Што сакате вие од навивачите да скокаат како мајмуни цел утакмица или па да влезат на терен, идат и деца мали и жени на натпревари што е сосема ок. Ако некој го тупи постојано за атмосфера очигледно нема видено малку подалеку во каква атмосфера играат други репрезентации... Ако негде е жешко тоа е кај нас и само кај нас без разлика кај се игра... Па онаков притисок во саботата беше само мотив повеќе за нашите кои на крајот не го искористија односно наивната публика само повеќе направи хаос на теренот баш со тој притисок...
Значи да се разбереме ние кога ќе заминеме надвор да играме сме нула репрезентација, без навивачи сме немоќни, и затоа е глупо постојано да се тупи тоа со навивачите. Па добро бе ако сме силна репрезентација треба во Австрија да си го добиеме мечов пред нивната 5000. публика. Само така ќе докажеме дека вредиме иако ако треба од негде нешто да се менува тоа е од раководството и внесување на ред во репрезентација.... Засега се друго функционира одлично, ваква поддршка скоро никоја репрезентација во светов нема, само што имаме тапчовци во федерација кои имаат други интереси.
Во БТ и да сакаш да скокаш ко мајмун и да даваш натчовечки напори не можеш, затоа што во салата е +40 и не се дише. На финалето од купот Сајбер Рајдер се направи како во Вардар да пливал :D, а и јас од што се напнав последните минути маицата се залепи за мене, едвај се дишеше. Еве ми кажуваат и вчера дека било убиство во салата. Сигурно нема некои будали да си ризикуваат здравје таму со скокање и давање 100% од себе за после да не можат воздух да земат :)
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.740
Поени од реакции
8.736
Edno samo ke kazam... Nemoze nekoj da mi se pravi neznam kakov navivac na reprezentacija, da patuva i po hrvatski i srbii i shvedski, a jade govna tuka celo vreme zaso ne sme igrale u Bitola a sme igrale u Skopje... Pa ke dojdes so ekipa u Skopje i ke ja bodris reprezentacijata, pa i puna ke bide salata. A ne vaka samo govna da se jadelo!
 
B

BBlisto

Гостин
Охрид, Велес, Кавадарци немаат потреба од реновирање за да се одигра некој меч од квалификации/бараж, на тие спортски сали ама апсолутно ништо не им фали.
А за организација на нешто повеќе им треба некое додатно реновирање. Но репрезентацијата комотно може да одигра некој дуел во тие градови што ги набројав.
За Куманово не сум запознаен во каква состојба е, ама ми се чини на ниво на Велес е.


Кога сме кај саливе, има ли шанси некој да постира слики од некои сали во државава? Од Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Струмица, Куманово, Кавадарци...(Или нека се отвори посебна тема за спортски објекти во Македонија...Ако веќе постои таква тема, се извинувам, не сум ја видела...)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Охрид, Велес, Кавадарци немаат потреба од реновирање за да се одигра некој меч од квалификации/бараж, на тие спортски сали ама апсолутно ништо не им фали.
А за организација на нешто повеќе им треба некое додатно реновирање. Но репрезентацијата комотно може да одигра некој дуел во тие градови што ги набројав.
За Куманово не сум запознаен во каква состојба е, ама ми се чини на ниво на Велес е.
Јас не знам може ти повеќе знаеш но под реновирање мсилам и на паркетот и на внатрешноста и на од надвор, исто како што се реновираше салата во ниш.

Значи погледнете ја разликата








Овде има видео каква била како се реновира и после како изгледа. Значи салата е по европски стандарди исто како БТ во скопје.

http://www.ni.rs/hala-cair.html
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.657
Поени од реакции
70.693
Кога сме кај саливе, има ли шанси некој да постира слики од некои сали во државава? Од Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Струмица, Куманово, Кавадарци...(Или нека се отвори посебна тема за спортски објекти во Македонија...Ако веќе постои таква тема, се извинувам, не сум ја видела...)
http://forum.kajgana.com/threads/Македонија-домаќин-на-СП-ЕП.57920/

Еве една слична тема...

Мада сликиве лажат, рачунај дека уште полоша е состојбата...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Во БТ и да сакаш да скокаш ко мајмун и да даваш натчовечки напори не можеш, затоа што во салата е +40 и не се дише. На финалето од купот Сајбер Рајдер се направи како во Вардар да пливал :D, а и јас од што се напнав последните минути маицата се залепи за мене, едвај се дишеше. Еве ми кажуваат и вчера дека било убиство во салата. Сигурно нема некои будали да си ризикуваат здравје таму со скокање и давање 100% од себе за после да не можат воздух да земат :)
што ми е мене поентата дека е смешно на сета оваа долгогодишна поддршка делумно и во континуит биле полни салите кога сме немале никакви успеси ниту услови за успеси. Постојано се тупи едно те едно исто каква била атмосферата како па божем треба да се испоубиеме во сала да победиме на терен10 р азлика. На многумина уште не им е јасно како игра Хрватска која била светски и олимписки шампион во празни сали и ред други репрезентацѝи. Како па божем некој е поголем патриот ако скокне на терен за да покаже дека навија за Македонија. Кога ќе имаме стабилна федерација и кога ќе ги добиваме противниците на гости тогаш ќе кажеме дека сме силни а не постојано да се прави притисок.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.351
На многумина уште не им е јасно како игра Хрватска која била светски и олимписки шампион во празни сали
Кога играла Хрватска пред празна сала ?
Кога играла пред сала што не бил исполнета до крај ?
Само таму не ја фураат секоја утакмица во Загреб, скоро сите пријателски турнири и квалификации си ги играат и во помалите места(Пореч, Задар, Вараждин, Осијек, Сплит.....,па ни на светското не играа во Загреб првиот круг,а како домаќини можеа кој сакаат град да си го бираат).Затоа нема таму,а да не е полна салата.
И кај нас треба така,се можно во Скопје се игра.......и после тоа ќе имало празни сали,е ќе има.Секогаш интересот во главниот град е најмал...
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.934
Поени од реакции
4.418
Може ли некој да постави слики од битолската сала, ме интересиира како изгледа :)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ни требаат повеќе тимови да се натпреваруваат во европските лиги во повеќе спортови за да изградиме сали.

Вардар да има претставник во ракомет женски и машки во лига на шампиони,одбојка мажи и жени и хокеј па заедно со МЗТ да им се изгради сала во Аеродром за едно 12-14 000 е тогаш би се исплатело зошто цело време би имало добри натпревари и би имало публика во друг случај само за еден тим во еден спорт нема шанси да се исплати.Вардар го спомнав зошто само он е спортско друштво со претставници во повеќе спортови.

Другите сали во Македонија се супер за наши услови.Кавадарци,Куманово да се обноват салите и да им се зголемат капацитети од 5-8к и да се обноват само во Охрид,Велес,Прилеп и Струмица би било повеќе од доволно.

Инвестицијата во стадионот во Скопје е чист промашај.Толку пари се фрлија за стадион на кој може да се игра само еден спорт каде што нашите екипи се х10 класи пониски од регионалните тимови не па од западните земји.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Што го тупите бе со истиот муабет 3 дена, факт е дека не сме држава што може да има повеќе сали што исполнуваат услови за европски натпревари на репрезентацијата, ама и ова претерано е, да се занемарат останатите градови, па макар и пријателска утакмица немаат видено во Битола, Куманово градови по 100К +, а камоли другите. Сепак Битола е најракометен град, 50% од овие играчи ако не и више излегле од таму, сакале признале или не имаат право да се бунат...
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.654
Поени од реакции
9.891
Читав у некој од днениве весници, Шундо може ќе го казнел Борко и нема да го носи у Австрија на реваншот....
Да видам да не верувам :icon_mrgr:
 
P

PewDiePie

Гостин
Санкција за Борко Ристовски?!

Голамнот на машката ракометна репрезентација, Борко Ристовски се соочува со санкции од селекторот Ѕвонко Шундовски по одбивањето да игра на првата бараж средба со Австрија. Постои можност голманот Ристовски да не биде во тимот за саботниот реванш во Виена.

Благодарение на настапите за националниот тим на ЕП во Србија направи трансфер во Гумерзбах во февруари. Тој без објаснување си седна на клупата по само десетина минути игра а како причина за тоа беше повреда или лошо отварање на средбата. По два примени гола, тој им приговори на соиграчите од одбраната и едноставно, побара да биде заменет. Ристовски не седеше мирен ниту при инцидентот во финишот на средбата, добивајќи две минути исклучување, откако го турна австрискиот голман Бауер покрај записничката маса.

Селекторот на македонската машка репрезентација сеуште размислува какви мерки да превземе за Борко Ристовски.
„Ќе решам денеска-утре. Имав разговор со Борко и недоразбирањата ќе се расчистат, но засега не можам да коментирам што ќе биде“, изјавил Шундовски за дневниот весник „Вест“.

Информација дали Борко Ристовски ќе застане или не позади голот на македонската репрезенатција во саботниот натпревар во Виена, Шундовски сеуште не излегол со конкретна информација. Но сите опции се во игра. Петар Ангелов одлично си ја заврши работата по инцидентот на Ристовски. Како евентуална замена на Ристовски можно е да биде Никола Митревски, кој во целост ги одработил сите подготовки, но нема добиено шанса да се покаже во изминатиов период.
http://backstage.com.mk/mk/articles/makedonska-scena/sankcija-za-borko-ristovski

Дај боже,чисто да се знае дека не смее кој што сака да прави во репрезентација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom