Печалбарски леб. Америка, Италија, Словенија, Црна Гора, Авганистан?

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
V

Vollstandig

Гостин
баш на оваа тема размислував и ако имам шанса би се отселил целосно во Црна Гора како најблиска и добра варијанта......мислам дека е прилично безбедна земја за разлика од другите и дека сега почнаа со кревањето на стандардот на граѓанинот,прогнозите ми се дека ќе бидат подобри од Словенија на полесен начин

искуство некое од Црна Гора за профит,селење,па макар и склопување на брак со црногорец/ка ??
Добра ти е идејата, црна гора примаше работници во градежно, а и не е тешко да останиш таму. Улцињ ти го препорачувам како поефтино место за почеток,таму од туризам живеат скоро сите и не се замараат за вработување многу, шо значи има доста слободни работни места. Само труд сака и ништо повеќе. Брак со црногорка, појди па ќе најдиш.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас си заминав пред 5 месеци од МКД и искрено немам намера повеќе да се враќам да живеам таму.Кога човек ќе стапне надвор од МКД, гледа во каков ќумез живеел дотогаш.Луѓето што ги познавам во МКД, почнаа полека да се иселуваат и тие, никој нема намера најдобрите години да ги потроши чекајќи го тоа подобро утре, додека некој друг се богати на твој грб.
Добро ако некој не може да се збогати, ајде сите околу него да не можат. Да му умре козата на комшијата работава.
100 пати сум рекла, мене ништо не ми значи ако некој има 100 пати повеќе или помалку од мене. Мене ме занима моето. Ако тој некој нема леб за јадење, мене поубаво нема да ми биде. Само нему ќе му биде полошо.

Значи да се разбереме, знам дека срање е работава во земјава. И не, јас не сум од тие кои се богатат на нечив грб. Ама чисто ме занима зошто тоа што некој се збогатува или не би влијаело врз мене.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Добро ако некој не може да се збогати, ајде сите околу него да не можат. Да му умре козата на комшијата работава.
100 пати сум рекла, мене ништо не ми значи ако некој има 100 пати повеќе или помалку од мене. Мене ме занима моето. Ако тој некој нема леб за јадење, мене поубаво нема да ми биде. Само нему ќе му биде полошо.

Значи да се разбереме, знам дека срање е работава во земјава. И не, јас не сум од тие кои се богатат на нечив грб. Ама чисто ме занима зошто тоа што некој се збогатува или не би влијаело врз мене.
Можда мислеше дечкото на политичките фаци и слични на нив, не на комшиите...
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Можда мислеше дечкото на политичките фаци и слични на нив, не на комшиите...
Баш тоа мислеше дечкото.Немам апсолутно ништо против богатите луѓе, ама имам против апашките политичари.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
искуство некое од Црна Гора за профит,селење,па макар и склопување на брак со црногорец/ка ??
Не знам колку е релевантно, ама ќе споделам приказна на познаник кој замина на печалба во Црна Гора пред некоја година.

По професија е багерист, пред да замине од тука се мачеше ко грешен ѓавол, работеше во нашите градежни „гиганти“ за 150 евра месечно, а и приватно кога проба заглави уште повеќе (држава, општина, приватни лица, никој не му плаќаше за сработеното).
Кога реши да замине за странство заглави уште повеќе давајќи пари на разноразни преваранти за работа по Италија, Германија, па побара помош од мене (и моите). Јас само го упатив кај една од нашите приватни агенции за времени вработување (името беше Тренквалдер или нешто слично) и они одма му најдоа ангажман во Црна Гора.

Почетна плата му беше 600 евра со платени смештај и храна, по година време газдата му качи на 800 евра и му ја вработи жената како собарка за 400 евра плата (претходно она дремеше невработена во Мкд).

Пред неколку недели го видов и ми се пофали дека одлично му оди, плата 1000 евра, жена му уште си работи таму. Ми вика стварно тврдо се работи ама барем знам зошто работам.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Добро ако некој не може да се збогати, ајде сите околу него да не можат. Да му умре козата на комшијата работава.
100 пати сум рекла, мене ништо не ми значи ако некој има 100 пати повеќе или помалку од мене. Мене ме занима моето. Ако тој некој нема леб за јадење, мене поубаво нема да ми биде. Само нему ќе му биде полошо.

Значи да се разбереме, знам дека срање е работава во земјава. И не, јас не сум од тие кои се богатат на нечив грб. Ама чисто ме занима зошто тоа што некој се збогатува или не би влијаело врз мене.
луѓето бегаат одовде зошто длабоко се повредени од тоа што не можат да заработат и си пружат живот во државата на чесен начин.....последно скапијата влезе на голема врата,а платите во приватниот сектор останаа исти така да со твојот труд и мака не можеш да ги исплатиш сметките за месецот и храна,што е најосновно за да преживееш,ами каде е школство,лекување,добар автомобил,годишен одмор,излегување со свои пријатели и истомисленици - зборувам за обичен живот,не за луксуз,за нешто што на човек му е потребно да има средн живот и да нема проблеми во бракот и со своите..........кој сака нека речи далеку сме да заличиме на социјална држава иако во Уставот стои како таква........
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Јас планирам наредно лето да заминам во америка, бев минатото лето супер беше. За 6 месеци сменив 4 работни места без да гласам, молам по врати!
И денар нема да пратам наваму, се додека се овие гарнитури на политичари, никогаш, ама баш никогаш нема да имаме држава со сите нишани!
 
M

Mussolini

Гостин
„Заминав пред пет години во Италија. Откако добро се снајдов, ги повлеков и двајцата браќа со семејствата. А и сите мои другари се отидени низ Италија. Во Виница можев да работам само како таксист или во кафуле. Овде во близината на Милано работам во една градежна компанија. Возам кран и работам по 12 часа. Работата е тешка, но е добро платена, околу 5.000 евра. Знам зошто работам. Кога дојдов не планирав толку да останам. Но, добрата заработувачка и средениот систем ме задржаа да останам овде“, вели Ангел Николов од Виница.
ne znam koj poveke laze: avtorot na textot ili taj so e dadel izjavata... so se glupira da vika oti zima 5000 evra ko ednostavno nema logika i posebno kak so rabote gradezno, zimi chmarot. Najmn plata so moze da zeme eden vraboten u gradeznoto i tava pod uslov firmata da e na zdravi noze i ima dosta rabota, nema sansi da pomine 1600evra. i tava pazi alo: pred 5 godini e dojden!! ne be... fuck logic...

p.s. nemam kirilicna poddrska na taj pc
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Fakt e deka makedonskoto naselenie masovno bega preku granica sto ne e nimalku pametno za site ama gi svacam vo potpolnost
Primer site gubat od prv do poleden drzavata ducandziite ma site sto nekoj ce se otseli ...
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Јас имам роднини во Германија,и вујко ми исто таму живееше и работеше...и,полни се со пари.Сите имаат таму куќа/стан,работа,коли...да не зборам пари во банка.

А секој што има познавање,знае колку пари се потребни за да имаш стан во Германија,а камоли куќа...и кога јас би се прашувал,би отишол,без размислување.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
И јас кога за првпат стапнав во Западна Европа, се изненадив колку им е среден и едноставен животот. Никој не се замара со политика, вестите траат 5 минути, кога има избори одвај ќе видиш плакат.
Најнормално е 3-4 пати во годината да одиш на одмор, да вложуваш во себе, да се забавуваш...
И секогаш мис е стемнуваше од мојот мрачен вилает каде што плаќаш здравствено, ама не дај Боже да те стрефи нешто, ќе треба да бараш пари преку телевизија, ако сакаш државна работа со која ги имаш сите работнички права, треба на вееш бајрак на политичката партија, протекционизам, големи суети и мали луѓе на високи места.
Жал ми е што е така, ама така е.

Македонските политичари (ниту од една гарнитура) не сфатија дека освен нив има и други луѓе во оваа држава.
Најтажното е што д државата заминаа луѓе од селата со плодна почва. Ќе дојде ден кога Македонија ќе гладува, зашто земјоделец не се бидува преку ноќ ниту со курс. За да обработуваш земја, треба д аживееш со земјата.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
ЈБГ дечки,таа е..
Ако почнам поопширно да пишувам ќе се изнервирам,така да само ќе апелирам последниот да не заборави да го изгаси светлото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom