Целиот текст е потполна вистина. Во Македонија неможеш да имаш удобен живот освен ако не си Авганистанец или човек од партија.
Денес во Македонија образованите и знаењето не се ценат, се ценат врски и платени работни места. Јас лично мојата иднина попрво ќе ја планирам и ќе се трудам уште сега да створам услови за да можам да заминам вон држава, отколку овде да работам и живеам, бидејќи јасно е колку корумпиран и трул систем имаме, во последно време дури и личната безбедност на улици ми е загрозена.
Познавам неколку луѓе кои се Македонци и живеат во странство, на разни краишта од светот, сите почнаа од 0, и сите завршија каде каде подобро од мене и моето семејство кое цел живот овде црнчи за пусти 12 000 ден. месечно. Сите луѓе кои заминале од државав воопшто не ги осудувам, туку им се восхитувам и ги почитувам затоа што имале храброст да почнат од 0, свесни за сите ризици од неуспех и слично.
Здравје боже, го планирам Филолошки, а после него, ако се укаже прилика ич не се мислам за Шведска, Швајцарија или Канада.