Lana Del Rey

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496

Јест да е женска песнава али стварно е магична :D
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Не знам за тебе, ама да ми беше мене ќерка или сестра, немаше да бидам горд да ми се убацува во такво издание, ќе ми беше срам. Не дека не ја слушам де, не дека не ми е слатка со тие усничките признавам на еден не без задни намери начин, ама ми удрија во очи зборовите фригидни, досадни и шупливи. Јас и за Леми Килмистер мислам дека е царот и еден од топ 3 највечи клабери што планетава земја ги држела па не го тинтрам културолошки. Немам ништо ни против неа, ни против песните ни против спотот. Кој што сака нека си прави. Ама шупљиви ми се бре. Нека си биде курвата-курва, пијаничиштето-пијаничиште, ама кога некој ќе каже дека првата била еротски уметник, а вториот боемски духовник, е не могу бре. Малата си е топ ама и си е сељанка, не дека ја нешто поарен сум, да не се сфатиме грешно.
Погрешно си ме сфатил, најверојатно јас погрешно се изразив, не мислев под описот дека треба „Прекрасен, нов свет“ да правиме.
Има една, според мене основна разлика меѓу Лана дел Реј и останати класични „мај в-џејџеј“ песни е тоа што, прво, кај нејзе нема разлика меѓу поштени и курви (I`m not that kind of girl-феномен), леле колку сум секси(I‚m feeling hot- феномен) леле колку си ти секси, леле колку е секси вечерва, колку ми се допаѓа, ќе бидеме засекогаш заедно, ќе те следам сегде, те сакам, ме сакаш,се сакаме, сите ќе знаат, вечерва, вечерва, вечерва, и утре сабајле, и не знам што уште не. E тоа е шупливо, фригидно и стерилно. Е сега фригидно може не се вклопува баш, али сигурно си видел такви женски, секси али живот у неа јок.
Лана дел Реј навистина добро искажува љубов, прилично единствено, а едноставно и јас најверојатно најмногу заради тоа ја сакам. Но тоа е веќе вкус.
А за тебе можеби е курва, јас од друга страна зборот курва гледам воопшто да не го употребувам.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.978
Поени од реакции
24.352

Абе јас кога ти кажав дека малата е освежење не се заебавав и не бев ироничен. Е сега постов ти е малце шминкан. Да го отшминкаме бива? Разликата помеѓу класични ваџејџеј песнички и Лана дел Реј е единствено естетиката. Како чоколадо спкувано во Европа и во Милка етикети. У случајов дури ни етикетите не се толку различни. Најдобар тест за колку вреди една песна барем за мене е да ја преведам на српски и да видам дали звучи како турбо фолк. Да извадиме некои цитати од дотичната

Let's go get high-Ајде да се дрогирамо

All my heart, it breaks every step that I take-Срце ми се ломи, сваки корак коју ходам

Keep making me laugh-Смеј ме смеј, увјек ме смеј

You like your girls insane-Луде девојке волим ја

Don't make me sad, don't make me cry-Нечу више да тугујем неечу, нечу плакати, срце ми је пуно радости.

Pull up in your fast car-У твојим брзим колима
Whistling my name-Шапутачеш моје име

Open up a beer-Отвори пиво

It's you, it's you, it's all for you-Ти, ти, ти си тај
Everything I do-све што радим, радим за тобом.

They say that the world was built for two-Ово свет је за нас двоје
Only worth living if somebody is loving you-Живим само кад ме волиш
Baby now you do-љубави моја то си ти

Singing in the old bars-певам у старе кафане
Swinging with the old stars-опет сам са старе другове

hold me in your arms-вежи ме за себе рукама
love me like your best friends did-памти ме ко пријатеља
promise i won’t hurt you kid-никада те мала оставити нечу
hold me really tight until the stars look big-загрли ме чврсто док ѕвезде падају
never let me go-не дај да ми душа страда и не иди никада

I will love you till the end of time-волечу те до краја времена/живота/љуби чу те све док сјаје ѕвезде
I would wait a million years-вежи за миљиун година/чекачу те до краја света
Promise you'll remember that you're mine-никад је нисам заборавио, ја сам је први имао
Baby can you see through the tears?-Сузама у очи ми не видиш
Love you more-волечу те више

Преводите се или буквални или минимално модифицирани цитати од турбофолк песни. Не се сумљај у ова ќе ти ги најдам сите :).

Така да малце подлжнуе за милинијанса некоја си нашминканата естетика, иначе се друго е исто. Значи не ми сметаат вкусови, ми сметаат глорификации и вреднување на нешто што е испувано. Следствено ако Лана Дел Реј добро искажува љубов, ондак добро искажува и Цеца Ражњатович. Разликата е единствено во ориеналниот мелоз на едната а спориот налик на трип хоп во другата. Како што кажав се друго е исто, дрога, бед бој јебо, брза вожња на кола, цицките надвор и тако даље, текстот такоџе. Тоа што ти гледаш да го избегнуваш зборот курва (претпоставувам дека и за тебе постојат само промискуитетни жени и проститутки како на една друга тука од форумов) поради претпоставувам политичка коректност, не го негира зборот неговата етимологија и што истиот значи, иако сепак индивидуално сфаќање варира, постои и едно генерално заедничко гледиште на приближно дефинирање на зборот. Ама тоа е веќе друга тема.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Абе јас кога ти кажав дека малата е освежење не се заебавав и не бев ироничен. Е сега постов ти е малце шминкан. Да го отшминкаме бива? Разликата помеѓу класични ваџејџеј песнички и Лана дел Реј е единствено естетиката. Како чоколадо спкувано во Европа и во Милка етикети. У случајов дури ни етикетите не се толку различни. Најдобар тест за колку вреди една песна барем за мене е да ја преведам на српски и да видам дали звучи како турбо фолк. Да извадиме некои цитати од дотичната

Така да малце подлжнуе за милинијанса некоја си нашминканата естетика, иначе се друго е исто. Значи не ми сметаат вкусови, ми сметаат глорификации и вреднување на нешто што е испувано. Следствено ако Лана Дел Реј добро искажува љубов, ондак добро искажува и Цеца Ражњатович. Разликата е единствено во ориеналниот мелоз на едната а спориот налик на трип хоп во другата. Како што кажав се друго е исто, дрога, бед бој јебо, брза вожња на кола, цицките надвор и тако даље, текстот такоџе.
Ок. Ајде сега кажи ми во време каде дрогата се користи за тргање на вниманието од вистинските проблеми; сексот се конзумира како производ, глорифицира како отсликување на статус, а не како биолошки нагон, и се вреднува како цена на човекот; луѓето се отуѓени еден од друг така да не можат или не знаат да изразат емоции; предметите се симболи на пенис... ти како што би ја опишувал својата состојба на заљубеност или било што, како Шекспир или како Петрарка?
Ајде нема да шминкам, кога живееш во турбофолк по што ќе се водиш ако не по турбофолк?
И да кажеме дека Лана Дел Реј, што најверојатно е точно, е неписмена глупача, барем е неписмена глупача која убаво, без лажен морал и со добра анализа; зошто и јас кога пишав психоанализа бев озбилна, Born to die е од Фројд, кој тврди дека животот е само пат кон стабилна рамнотежа-смртта; и без потреба од негирање и изигравање поштена девојка која има секс само во темница, убаво ја отсликува природата на просечниот западен човек во 21от век.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Тешки дискусии, ја напраевте нешто што не е.
Сусаро у свој стил секој артист вреден тронка го споредуе со канализацијата наречена турбофолк, а останативе членови од незнаење ја идигаат на ниво на божица.

Ланица е слатка да ја замислиш, иако не верувам дека е натпросечна лептоица и гласот и звучи како што звучи благодарение на напредната технологија, микрочипови и микрофони од 10 000 евра.
Прекрасно иде за вожња, али па тешки психологии навлагање :pos: не е нити кобејн нити достоевски туку обична размажена цура со желба да биде пејачка.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.978
Поени од реакции
24.352
Ок. Ајде сега кажи ми во време каде дрогата се користи за тргање на вниманието од вистинските проблеми; сексот се конзумира како производ, глорифицира како отсликување на статус, а не како биолошки нагон, и се вреднува како цена на човекот; луѓето се отуѓени еден од друг така да не можат или не знаат да изразат емоции; предметите се симболи на пенис... ти како што би ја опишувал својата состојба на заљубеност или било што, како Шекспир или како Петрарка?
Ајде нема да шминкам, кога живееш во турбофолк по што ќе се водиш ако не по турбофолк?
И да кажеме дека Лана Дел Реј, што најверојатно е точно, е неписмена глупача, барем е неписмена глупача која убаво, без лажен морал и со добра анализа; зошто и јас кога пишав психоанализа бев озбилна, Born to die е од Фројд, кој тврди дека животот е само пат кон стабилна рамнотежа-смртта; и без потреба од негирање и изигравање поштена девојка која има секс само во темница, убаво ја отсликува природата на просечниот западен човек во 21от век.
Мојата состојба на заљубеност? :pos::pos::pos:. Е ме изнасмеа да не пукниш. Јас инаетџија сум малце па баш не би ја изразил преку пример Адел. Иначе шо знам, ваљда би ја изразил преку Аца Лукас, можно е преку Лед Зепелин, Клод Дебиси или Армин Ван Бурен. Зависи во кое расположение сум. Ама има разлика меѓу набројаниве.
Кога живееш во турбофолк а имаш креативна енергија во тебе за повеќе, треба малце и да се заинаетиш и да искреираш нешто спротивно од тековното срање, да удриш малце контра, макар и да е тоа несфатено од општеството, тоа е одлика на вистински уметници низ историјата. Ама ова е само моја замисла. За другото горе долу ќе се сложам. Нарочито за делот без лажен морал, и отслика на просечниот западен човек во 21 век.
Чисто за појаснување, јас имам дуален метод на гледање на музиката-како entertainment (зборот забава не го опишува моментот што сакам да го постигнам затоа англискиот е посоодветен) или како уметност а некогаш и двете. И пак ќе кажам да не се сфатиме грешно јас и ја конзумирам музиката или како ентертејмент или како уметност а некогаш и како двете. Некогаш повеќе сакам да одам во кафана и да ми ја пеат Нисам те се нагледао, него ли да одам на Македонска филхармонија или дома да го слушам Филип Глас, Арнолд Шенберг или Едвард Григ. Подрага песна ми е Watch the sunrise од Аксвел отколку Летни мисло на своите крилја на Верди, чак што више оваа вторава и благо ме иритира. Се е тоа ок. Не е ок кога некој ќе проба нешто што не е уметност да ми го презентира како да е, нарочито преку некаков си релативитет на вкусови за уметност. Тоа е се. Релтивитетот кај ентертејментот е поголем, секој се ентертејнира на различен начин, кај секој различни мелодии и ритмови палат. Уметноста иако е исто така релативен концепт, маргините на релативноста се побајаги потесни, затоа што кога веќе ќе се каже уметност, самото дело е подложно на критички осврт и анализа од повисок вид, споредено со дела од една попримитивна сељанка како малава. За тоа малце ми забоде очи зборот (не)шупљиво. Кога таков збор ќе се употреби за музика јас си го земам како атрибут кој одредува или одрекува тежина на еден опус. Ако ти под шупљиво и неговиот антоним полно (исполнето) подразбираш нешто друго во конкретниот случај тогаш дефинитивно се работи за недоразбирање. Ако на исто мислиме а ти пробуваш да ја увалиш како нешто со висока вредност и уметничко тогаш скроз се несогласувам со тебе.
--- надополнето: 7 јуни 2012 во 12:03 ---
^ Колку само немаш поим од музика. :icon_lol::facepalm:
Жити се, просветли ме.
 
В

Вештерот

Гостин

Е на ова нешто морам да реплицирам. Секогаш во историјата постоела некаква си дрога, обликот бил различен, но ефектот ист- тргање на вниманието. Така да дрогата не е изговор.
Во времето кога Шекспир и Петрарка твореле најголемиот дел од луѓето биле далеку помалку еманципирани него денес (замо за илустрација би ти напоменал дека тогаш психоаналиозата не ни постоела). Значи многу полесно потпаѓале на било какви влијанија и се случувале поголеми глупости отколку денес. Со тоа паѓа во вода теоријата дека состојбата на заљубеност денес не би можела да се опише на начин на кој ја опишувале овие двајца.
АКо речам дека моралот не постои следува дека не постои ниту лажен морал. (Ок за моралот можеме да дебатираме, но не сега). Фројд умрел 1945 што значи дека на 21 век не ни можел да помисли, а емпиричките докази и експерименти ги отфрлуваат неговите претпоставки. Што значи дека психоанализата е еден дотраен концепт кој нема никакво значење (може да се употребува како аналогија за полесно разбирање на нештата и ништо повеќе). Е сега ако тврдиш дека оваа женскава прави некаква си психоанализа и со тоа ја отсикува природата на човекот во 21 век грешиш. Според изнесените аргументи тоа отсликување како прво би требало да биде на повисоко ниво од она што го правеле Петрарка и Шекспир. А како второ психоанализата не потврдува ништо. А ако тргнуваме од некој претпоставка е многу важно да имаме емпирички докази да ја потврдиме и да се пазиме од грешката да ги игнорираме доказите кои не ја потврдуваат нашата претпоставка.
Како и да е бурн84 даде добро мислење. За во кола е супер музика.
А дали едно дело е уметничко или не е ќе покаже времето. Денес постои консензус дека Бетовен е уметнкик. Во негово време сигурно постоеле секакви идиоти кои нешто пробувале да направат, но нивното дело не било доволно добро да биде уметност
и се заборавени. Па така за 200 години ќе има консензус за тоа што од денешната музика е уметност а што не е.
Можеби идните генерации и академици за 200 години ќе се воодушевуваат од турбофолкот и ќе го воведат да се учи и во основните училишта, како што денес во основните училишта децата учат народни песни. Тоа денес не можеме да го знаеме.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Мојата состојба на заљубеност? :pos::pos::pos:. Е ме изнасмеа да не пукниш. Јас инаетџија сум малце па баш не би ја изразил преку пример Адел. Иначе шо знам, ваљда би ја изразил преку Аца Лукас, можно е преку Лед Зепелин, Клод Дебиси или Армин Ван Бурен. Зависи во кое расположение сум. Ама има разлика меѓу набројаниве.
Кога живееш во турбофолк а имаш креативна енергија во тебе за повеќе, треба малце и да се заинаетиш и да искреираш нешто спротивно од тековното срање, да удриш малце контра, макар и да е тоа несфатено од општеството, тоа е одлика на вистински уметници низ историјата. Ама ова е само моја замисла. За другото горе долу ќе се сложам. Нарочито за делот без лажен морал, и отслика на просечниот западен човек во 21 век.
Чисто за појаснување, јас имам дуален метод на гледање на музиката-како entertainment (зборот забава не го опишува моментот што сакам да го постигнам затоа англискиот е посоодветен) или како уметност а некогаш и двете. И пак ќе кажам да не се сфатиме грешно јас и ја конзумирам музиката или како ентертејмент или како уметност а некогаш и како двете. Некогаш повеќе сакам да одам во кафана и да ми ја пеат Нисам те се нагледао, него ли да одам на Македонска филхармонија или дома да го слушам Филип Глас, Арнолд Шенберг или Едвард Григ. Подрага песна ми е Watch the sunrise од Аксвел отколку Летни мисло на своите крилја на Верди, чак што више оваа вторава и благо ме иритира. Се е тоа ок. Не е ок кога некој ќе проба нешто што не е уметност да ми го презентира како да е, нарочито преку некаков си релативитет на вкусови за уметност. Тоа е се. Релтивитетот кај ентертејментот е поголем, секој се ентертејнира на различен начин, кај секој различни мелодии и ритмови палат. Уметноста иако е исто така релативен концепт, маргините на релативноста се побајаги потесни, затоа што кога веќе ќе се каже уметност, самото дело е подложно на критички осврт и анализа од повисок вид, споредено со дела од една попримитивна сељанка како малава. За тоа малце ми забоде очи зборот (не)шупљиво. Кога таков збор ќе се употреби за музика јас си го земам како атрибут кој одредува или одрекува тежина на еден опус. Ако ти под шупљиво и неговиот антоним полно (исполнето) подразбираш нешто друго во конкретниот случај тогаш дефинитивно се работи за недоразбирање. Ако на исто мислиме а ти пробуваш да ја увалиш како нешто со висока вредност и уметничко тогаш скроз се несогласувам со тебе.
--- надополнето: 7 јуни 2012 во 12:03 ---
Жити се, просветли ме.
Прво не ми се смеј, што имаш против толку романтичната состојба на заљубеност, а, а, а, а?:P
Мене сеуште не ми е јасно што толку те изиритира зборот шупливо, и како најде толкава анализа колкави што ти се постовите во мојата една реченица. Не е ни битно, испадна недоразбирање. Јас не би ставала на кантар за уметничка вредност две дела,не зошто мислам дека не постои разлика, туку зошто јас не можам фино да ја дефинирам по сите марифети, а особено не би ги ставила цурава и Дебиси или нешто слично, зошто тоа е веќе очигледно.
Мене Лана Дел Реј навистина ми се допаѓа како тебе што ти се допаѓа Аца Лукас, и тоа е тоа. И ко тебе што те нервира поимот „шупливо“ во одредена конотација, мене така ме нервира етикетирање на луѓе ко мене, што ја слушаат, како наркомани, курви, идиокритети итн.
--- надополнето: 7 јуни 2012 во 16:02 ---
Е на ова нешто морам да реплицирам. Секогаш во историјата постоела некаква си дрога, обликот бил различен, но ефектот ист- тргање на вниманието. Така да дрогата не е изговор.
Во времето кога Шекспир и Петрарка твореле најголемиот дел од луѓето биле далеку помалку еманципирани него денес (замо за илустрација би ти напоменал дека тогаш психоаналиозата не ни постоела). Значи многу полесно потпаѓале на било какви влијанија и се случувале поголеми глупости отколку денес. Со тоа паѓа во вода теоријата дека состојбата на заљубеност денес не би можела да се опише на начин на кој ја опишувале овие двајца.
АКо речам дека моралот не постои следува дека не постои ниту лажен мор ал. (Ок за моралот можеме да дебатираме, но не сега). Фројд умрел 1945 што значи дека на 21 век не ни можел да помисли, а емпиричките докази и експерименти ги отфрлуваат неговите претпоставки. Што значи дека психоанализата е еден дотраен концепт кој нема никакво значење (може да се употребува како аналогија за полесно разбирање на нештата и ништо повеќе). Е сега ако тврдиш дека оваа женскава прави некаква си психоанализа и со тоа ја отсикува природата на човекот во 21 век грешиш. Според изнесените аргументи тоа отсликување како прво би требало да биде на повисоко ниво од она што го правеле Петрарка и Шекспир. А како второ психоанализата не потврдува ништо. А ако тргнуваме од некој претпоставка е многу важно да имаме емпирички докази да ја потврдиме и да се пазиме од грешката да ги игнорираме доказите кои не ја потврдуваат нашата претпоставка.
Како и да е бурн84 даде добро мислење. За во кола е супер музика.
А дали едно дело е уметничко или не е ќе покаже времето. Денес постои консензус дека Бетовен е уметнкик. Во негово време сигурно постоеле секакви идиоти кои нешто пробувале да направат, но нивното дело не било доволно добро да биде уметност
и се заборавени. Па така за 200 години ќе има консензус за тоа што од денешната музика е уметност а што не е.
Можеби идните генерации и академици за 200 години ќе се воодушевуваат од турбофолкот и ќе го воведат да се учи и во основните училишта, како што денес во основните училишта децата учат народни песни. Тоа денес не можеме да го знаеме.
За што сакаш да се караме, за психоанализата како правец, квантитативни версус квалитативни методи на истражување, за морални дилеми, за влијанието на историскот период врз музиката, за Бетовен версус Благица Павловска, за ренесансата наспроти капитализмот, Шекспир версус Буковски? Ова е премногу стварно.
Ако ти кажам дека си во право, ќе биде ли се како порано, како никогаш ова да не се случило?:giggle:
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.978
Поени од реакции
24.352
Прво не ми се смеј, што имаш против толку романтичната состојба на заљубеност, а, а, а, а?:P
Мене сеуште не ми е јасно што толку те изиритира зборот шупливо, и како најде толкава анализа колкави што ти се постовите во мојата една реченица. Не е ни битно, испадна недоразбирање. Јас не би ставала на кантар за уметничка вредност две дела,не зошто мислам дека не постои разлика, туку зошто јас не можам фино да ја дефинирам по сите марифети, а особено не би ги ставила цурава и Дебиси или нешто слично, зошто тоа е веќе очигледно.
Мене Лана Дел Реј навистина ми се допаѓа како тебе што ти се допаѓа Аца Лукас, и тоа е тоа. И ко тебе што те нервира поимот „шупливо“ во одредена конотација, мене така ме нервира етикетирање на луѓе ко мене, што ја слушаат, како наркомани, курви, идиокритети итн.
Таков ми е тонот на форум а потем и ти се удварам. Ако добро ме држи меморијата ти беше таа убавата цура со ептен секси лузна :giggle:.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Таков ми е тонот на форум а потем и ти се удварам. Ако добро ме држи меморијата ти беше таа убавата цура со ептен секси лузна :giggle:.
:pos::pos::pos: извини за мешање...ал хуморот
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Оваа Лана поима си нема од пеење во живо, а на компјутер и Амди Бајрам да пее може да го направат како Стивен Тајлер да пее.
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Извините, понатамошни офтопици нема да се толерираат. Удварање и слични работи по ПП или на профил. Да не ве чита сеа цел форум овде кој каде се упознал.. :P
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
23
Поени од реакции
25
Дека е здрава, здрава е.
Дека е лигава, лигава е.

Добри песни, одлична мелодија.
Ептееен е уфилмана.
Не знај да пеј. Точка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom