Lana Del Rey

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Видеото е прекрасно, а песната е една од најдобрите на албумот Born To Die.
Клипот потсетува на „старата“ Лана и видеата што ги правеше со помош на својата веб камера и исечоци од разни други видео материјали. Carmen е песна со порака до младите девојки да не се угледуваат многу на познатите девојки кои си го упропастуваат животот.
Мене лично ми се допаѓа и видеото и песната :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.460
Поени од реакции
7.914
Пеачкава е само да ја слушаш кога ти е напнат денот да ти го направи опуштен
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
Официјално најавено. Новиот сингл е National Anthem а видеото е веќе снимено. :D :cuc:
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Прва ја слушнав Blue Jeans по препорака на девојками, иако сметав дека е една од миљонте MTV глупости, но сепак и дадов шанса и многу позитивно се изненадив.

Во наредните денови слушнав само 2-3 нејзини песни и ми се потврди мислењето дека се работи за онаа "магична" музика.
Да бидам потополно искрен додека ги листав овие 7 страни ги слушав остатокот од песните што ги има на youtube и дефинитивно тоа е тоа.
Тие што кењаат, кењаат затоа што толку им фаќа акалот.

Ја сум еден од тие квази музички експерти со јебано огромно его на таа тема ради кредибилитет и музичкото искуство. Сум преслушаш сито и решото, свирам 3 инструмента, пеам, сум свирел во бендови, сум пеел во хор, поголем дел од досегашнот живот ми поминаа во дружба и муцицирање со дипломирани од музичка академија и разно разни самоучени бендови...не постои фактор на форумов кој може на овие теми да ми се прае паметен...и не се срамам тоа да го кажам вака дрско.

Лана е толку одлична што е доказ дека позитивниот музички тренд што се јавува последиве неколку години премина и во поп водите. Музиката и е заносна, меланхолична, секси, несекојдневна итн...вакви цурици не се појавуваат секој ден.

Да бидеме прецизни, сепак голем дел од работата е завршена со одличната и очигледно скапа продукција за сето тоа да звучи така. Но нејзината појава и глас свршено го комплементираат тоа.

Ако сте хејтери барем хејтајте со факти, пример адел е тешко тешко тешко тешко јебан и преисфорсирано неквалитетно срање. Ја сакате само ради тие две песни кај то можете да плачете за бивши или сегашни љубови...и има малку поубав глас од просечната поп певаљка. А во суштина песните и се монотони, досадни, патетични, предвидливи и едноставно...со секоја преслушаа песна нејзина губите по еден IQ поен. Но темата не е за неа.

Бројот на артисти во поп индустријата за кои би дал пари за да им ја купам музиката е 0...до сега. За оваа би ги лупнал тие 15 евра чисто за да ја подржам да го прави ова што го прави.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Lana Del Rey -психоанализа :love:
Тоа што луѓето ги сакаат нејзините песни е доказ дека сепак не сме шупливи, досадни и фригдни ко што повеќето сакаат да се претстават.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Прекрасна е новата песна, штета што ја има во live верзија па не се слуша убаво од вресоците
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.961
Поени од реакции
24.165
Lana Del Rey -психоанализа :love:
Тоа што луѓето ги сакаат нејзините песни е доказ дека сепак не сме шупливи, досадни и фригдни ко што повеќето сакаат да се претстават.
И јас ја сакам малата бидејќи е вистинско освежување покрај Лејди Гаги и остали срања. Спотови полугола како се лапа и драпа со некој амерички пандан на Земунски тетовиран и испирсан бед бој сељо кој дува ганџа и вози 200 на саат не е знак за шупљивост туку на едно продуховение, ментално чистение, кармичко себеспознание притоа рушејќи ги негативните стереотипи за преференците на жените. За досадно и фригидно исто ќе се сложам. Дрогирај се, еби се, бањај се во црно-бело езеро, шетај се по вруча џинс панталона, сликај се на престол со 2 тигри во црква е се само не досадно и фригидно. Чак што више ме асоцира на животот и делото на Жељко Ражњатович-Аркан и неговата избраничка. They did it before it was cool.

Да не зборам за Тони Монтана

Овој вториов исто си купи тигар за да му шета низ двор,ебеше, пушеше, се дрогираше, пиеше.

Овие 2 култни особи останаа запаметени како едни од најзначаните лица во културата. Секој битен писател, сликар, општо уметник ги вбројува како луѓе кои извршиле најголемо влијание во нивната уметност. Додека Аеродромци, Ѓорчевци, Драчевчани се собираа во литературни кружоци и во самоиницијативни трибини го толкуваа Данте Алигиери, вистинските идни интелектуалци им се дивеа на овие двајца, се шетаа низ маало со скакавци, и швајцарски ножеви звани лептири или сојки (источно македонско наречје), тепаа деца и им зимаа пари за ужинка.
Лана дел Реј претставува еден модерен синоним за културните вредности, служејќи како пример кој треба да се следи од новите генерации.
 
Дали јас спомнав спот, видео, ликовна семиотика, симболичко значење, нешто? Дали ја споредив со Аца Лукас па те инспирирав за волкав пост?
Јас разбирам дека си загрижен за младината која учи толку неморални работи од лоши модели, додека не си ги чита лектирите, предлагам да се јавиш кај Јанко да го изразиш својот револт.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.961
Поени од реакции
24.165
Дали јас спомнав спот, видео, ликовна семиотика, симболичко значење, нешто? Дали ја споредив со Аца Лукас па те инспирирав за волкав пост?
Јас разбирам дека си загрижен за младината која учи толку неморални работи од лоши модели, додека не си ги чита лектирите, предлагам да се јавиш кај Јанко да го изразиш својот револт.
Па ти се љутиш и го сфаќаш ова лично. Одлично.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Па ти се љутиш и го сфаќаш ова лично. Одлично.
Моето его е значително нарушено. Тоа зошто сигурно се вклопувам во профилот на личност што ја опишуваш. Шмркам пред доручек, по ручек и пред спиење, имам секс во
црно-бело езеро дур два тигри чуваат стража, да. Редовно, секоја недела барем по еднаш. А кога немам, сонувам да имам. (y)

А како планираше да ти вратам на пост каде толку ниско гаѓаш? Да те прашам ко Венко, што имаш против тетовирани луѓе? :)
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.961
Поени од реакции
24.165
Моето его е значително нарушено. Тоа зошто сигурно се вклопувам во профилот на личност што ја опишуваш. Шмркам пред доручек, по ручек и пред спиење, имам секс во
црно-бело езеро дур два тигри чуваат стража, да. Редовно, секоја недела барем по еднаш. А кога немам, сонувам да имам. (y)

А како планираше да ти вратам на пост каде толку ниско гаѓаш? Да те прашам ко Венко, што имаш против тетовирани луѓе? :)
Не знам за тебе, ама да ми беше мене ќерка или сестра, немаше да бидам горд да ми се убацува во такво издание, ќе ми беше срам. Не дека не ја слушам де, не дека не ми е слатка со тие усничките признавам на еден не без задни намери начин, ама ми удрија во очи зборовите фригидни, досадни и шупливи. Јас и за Леми Килмистер мислам дека е царот и еден од топ 3 највечи клабери што планетава земја ги држела па не го тинтрам културолошки. Немам ништо ни против неа, ни против песните ни против спотот. Кој што сака нека си прави. Ама шупљиви ми се бре. Нека си биде курвата-курва, пијаничиштето-пијаничиште, ама кога некој ќе каже дека првата била еротски уметник, а вториот боемски духовник, е не могу бре. Малата си е топ ама и си е сељанка, не дека ја нешто поарен сум, да не се сфатиме грешно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom