Не те цитирав за твое добро, ама кога веќе инсистираш... Вештица said;
Еве јас ќе ти кажам
Lana del ray е демистифицирање на табуа, ослободување од заостанати патријахални општествени норми, прифаќање на реалната слика за себе, интаперсонална интелигенција, ослободување од суперегото. А за филозофија можам дури да кажам дека има дијалектичка насока, зошто во нејзините песни се губи осетот за дихотомија, за добро и лошо. Ете така почнаа толку жени да ја сакаат
Ослободување од патријархалните норми, па сите до една денешни пејачки се ослободување од патријархалните норми. Прифаќање на реалната слика за себе, ок, само вистинска штета е тоа да е
целосната слика за себе. Интраперсонална интелигенција, тоа е сигурно некој паметен термин, само појма неам на што се однесува, т.е. како потребата од некоја личност значи интраперсонална интелигенција. Ослободување од суперегото, да, тоа ми се допаѓа. Не дека мене не ми се свиѓаaт луриксов, ама тоа се должи на тоа што сум у поебан тинејџерски период. Она што ми беше проблемот е што срам ми е да гледам дека на толку девојки околу мене оваа им е прва идолка. Знаеш зошто
?
Пошо сите нејзини песни се :
I've nothing without you.
All my dreams and all the lights mean
Nothing without you
Кога веќе спомна патријархалност и реална слика за себе, ако на ова се базираме ние како женски род, е тогаш е проблем. Јасно е дека додека мажите си имаат actual интереси, како фудбал, игрици, филмови, стрипови, женските уште на 14 год масовно се опседнуваат со машки. Ако тоа е период у животот на женските, ок, дури и потребно, ама кога гледам сега како многу 21 - годишни девојки на кои не им фали ни влакно во косата, немаат други идолки освен оваа, проблем ми е.
Инаку Лана не е нешто ново. Ова потсеќа на оние fine classics од 50-60ти:
Ми се свиѓа како тогаш изразувале емоции, знаеш, со полно срце. Ама било the love for love, а не у стилот на оваа - i don't want the world but I want you, sex, drugs and fast driving in your car. Тоа е некако тинејџерско нели, сите можеме да се дрогаме, сексаме и расфрламе со пари, толку е лесно и достапно, што не е никаков предизвик нити револуција.
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 10:01 ---
ЛОЛ, стварно песнава била од 60ти,Лана само ја препеала;