Внимание стартува и 2 пајак служба

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Ете дојде на ред и 2 пајак служба да почне со работа така да пазете каде паркирате :sneaky:

:)

И „пајаците“ на Општина Центар низ уличната мрежа
Скопјани ќе ги напаѓаат дупли „пајаци“. Освен „пајаците“ на „Градски паркинг“, несовесните учесници во сообраќајот сега ќе бидат на удар и на двете пајак-возила на општинското претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“. Тие од вчера почнаа да работат на терен со најава дека на удар ќе бидат непрописно паркираните возила во близина на јавни објекти, училишта, градинки, пешачки зони. Ќе бидат сконцентрирани и на подигање на возилата кои непрописно се паркираат на зелени површини. Од претпријатието информираат дека едно од возилата ќе биде достапно и за работа на повик, односно ќе интервенира по пријава на граѓани.

„Доколку на некој му е блокиран пристапот до куќата, гаражата или слично, може да се јави на телефон 072-253-253 и да повика интервенција на ’пајак‘“, вели Маргарита Бакев, директор на општинското претпријатие за паркирање.
Оваа пајак-служба ќе лови непрописно паркирани возила секојдневно од 6 до 22 часот, освен во недела и на државни празници. Најскапо за „пајакот“, односно 6.000 денари ќе платат оние чие возило ќе биде подигнато од место резервирано за инвалиди. Доколку несовесниот возач ја плати казната на лице место, без оглед на видот на прекршокот, ќе треба да плати 1.000 денари. Интервенција на пајакот на зелена површина чини 3.500 денари, а од друга јавна површина 2.500 денари. Депото на „пајакот“ од каде што сопствениците можат да си ги подигнат возилата и да платат за прекршокот се наоѓа на булевар „Никола Карев“, под Транспортен центар во близина на депото на „Градски паркинг“. Тоа ќе биде отворено секојдневно 24 часа. (Дс.Т.)

--- надополнето: 7 јуни 2012 во 08:28 ---
Што мислите дали е во ред што проработе и втората пајак служба ? :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Ај со арно нека е ?
На првиот клиент,кој ќе ги искористи овие услуги од оваа компанија,
му следува награда:едногодишен попуст од 5%, за сите наредни услуги.
Затоа народе побрзајте,не чекајте,трева и тротоари имаме во изобилство.
И кој вика нема вработување,еве ви демант и факти на лице место.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
Баш ме интересира дали ќе профункционира ова.
А на Скопјево му е "и те како" потребно.
Преку глава од сељачишта што паркираат кај ќе стигнат.
Само тешко веројатно е дека ќе се дигаат коли на "наши луѓе".
Ова пак ќе биде за нас "обичните смртници".
А, зошто би се разликувало од се друго во државава...
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Додека во другите градови паркираат како и каде сакаат,ние ке го јадеме стапот прво од недостиг на паркинг,второ од лакомоста на град Скопје да дигаат со пајацине макар и на 5 мин ако оставиш кола на 4 жмигавци. Се се мислам дека ке почнат сите општини во Ск да воведуваат пајаци како Центар.Во Аеродром на сите влезови залепиле известување дека ке крева пајак ако се паркира на тротоар или тревна површина.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
Чудна работа, се испоизградија еден куп катни гаражи, а паркинг се помалце :unsure:...
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.262
Поени од реакции
3.613
Додека во другите градови паркираат како и каде сакаат,ние ке го јадеме стапот прво од недостиг на паркинг,второ од лакомоста на град Скопје да дигаат со пајацине макар и на 5 мин ако оставиш кола на 4 жмигавци. Се се мислам дека ке почнат сите општини во Ск да воведуваат пајаци како Центар.Во Аеродром на сите влезови залепиле известување дека ке крева пајак ако се паркира на тротоар или тревна површина.
Дојди Прилеп и паркирај кај сакаш да те видам. Или ќе платиш паткинг или ако те начека пајакот замина колата сточно пазариште/терминал па покрај 100 денари за такси дотаму ќе те кошта и 50 Е да си платиш...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Прво нека пројдат од битпазар до Џон Кенеди и од кај пластичарската па после нека се фалат.
Амин.
И не само на билеварот, и по тие уличките позади битпазар, кај полицијата, пластичарска комплет треба да се патролира од 06h до 20h.
Само колку пари ке се наполни буџетот од овие две улици бреејј, ама за да се исчистат ке треба по две полициски коли и плус дифендер за да нема проблеми....
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Ќе кажам дека ова е ОК кога ќе видам дека пајациве дигаат и БМВ,Ауди,Мерцеден итн. (од поновите)
Ова !
Кога ќе го кренат ламборџинито на тој шупакот шо блокира пола тротоар и пола улица на Ленинова, тогаш ќе отидам и ќе им поделам ружа на сите вработени.

Ми иде да се обесам од што лошо паркираат луѓево у Центар.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Додека во другите градови паркираат како и каде сакаат,ние ке го јадеме стапот прво од недостиг на паркинг,второ од лакомоста на град Скопје да дигаат со пајацине макар и на 5 мин ако оставиш кола на 4 жмигавци. Се се мислам дека ке почнат сите општини во Ск да воведуваат пајаци како Центар.Во Аеродром на сите влезови залепиле известување дека ке крева пајак ако се паркира на тротоар или тревна површина.
Не е само кај вас, верувај.Само ненормално е дека имате две служби, за полесно собирање арач.
Со дополнителни казни тешко да средиш ред во ситуација кога во секој поголем град фалат паркинг места.Ама изгледа им е погодено на политичариве, место да фрлат инвестиција во паркинзи (ама под паркинзи мислам на минимум 500-600 места), тие во пајак возила...мултиплицирање на инвестицијата :D
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
Ова !
Кога ќе го кренат ламборџинито на тој шупакот шо блокира пола тротоар и пола улица на Ленинова, тогаш ќе отидам и ќе им поделам ружа на сите вработени.

Ми иде да се обесам од што лошо паркираат луѓево у Центар.
Да си ми жив и здрав.
Баш тоа го мислев.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Ова !
Кога ќе го кренат ламборџинито на тој шупакот шо блокира пола тротоар и пола улица на Ленинова, тогаш ќе отидам и ќе им поделам ружа на сите вработени.

Ми иде да се обесам од што лошо паркираат луѓево у Центар.
Како сељакот во Битола со Ферарито, на сред улица го остава на пешачки, 100 пати го опоменаа и не му иди умот....да сум јас коцка ке го напраам...сељаци, си мисли ако има некоај кола и кузнај што е ....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom