Нов Македонски филм: До балчак - Приказна од дивиот исток

Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
во душа.

Затоа, со пишување на темава си постигнувам две цели - ем ве иритам, ем можеби, само можеби некој ќе ги сфати моите зборови сериозно
не ме иритираш, тоа сигурно.И јас како тебе, се надевам дека некој можеби, МОЖЕБИ, можеби ќе ги сфати моите зборови сериозно и нареден пат ќе размисли неколку пати пред да рече дека е во ред да се убие невино животно
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Oд каде знаеш ти дали јас ништо не превземам?
Присуствував на ланскиот протест за заштита против животните, не се фалам со тоа, не велам декa сум помогнал многу, или сум направил чудо. Сум вдомил животно, ГОЛЕМА РАБОТА, секој го може тоа, не е тоа целта. Зошто да велам дека тоа е во ред кога сите потсвесно знаеме дека не е ?
Кажи така.Избришано е преходното мислење зошто ти ПРАВИШ нешто дали е голема или не работа сепак е нешто.

Али верувај на сите не им е гајле дали умрел коњ за време на снимање.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
не ме иритираш, тоа сигурно.И јас како тебе, се надевам дека некој можеби, МОЖЕБИ, можеби ќе ги сфати моите зборови сериозно и нареден пат ќе размисли неколку пати пред да рече дека е во ред да се убие невино животно
Да друже, верувам дека мислиш дека правиш разлика, затоа и го пишав првиот пост на темава.

Суровата реалност е дека кој има мозок, го осудува. Кој нема, сигурно ти нема да му го дадеш.
Разликата се прави надвор, така да ирелевантно е дали на темава сите го осудувале ова или не.
--- надополнето: 7 јуни 2012 во 17:27 ---
Ова е Мац, животномрзач, се што е поврзано со убивање на животни, за него е оправдано. Ако некој е против усмртување на кучињата скитници, Мац дебатира за свињите што се колат, ако некој се буни против убивање на коњ за време на снимање на филм, Мац дебатира за бутиците... мислам да бидеме на чисто. Само да те воведам во понатамошната дискусија со Мац:)
:ROFLMAO:
Ова смајливо е чисто за болдираниот дел. Убаво е кога за некој што чувал 11 мачки и 2 кучиња му се лепат етикети "животномрзачи" само зашто не може (или не се сака) да се разбере неговата поента.

Така е, барем подготвувај ги другите за дискусија со мене, пошто знаеме тебе лично колку добро ти одеа истите. : )
Еве Stewie, гледаш како си ја остварувам поентата за иритација на форумов?

Чист и жив пример, ме бркаат по теми за да ме оговараат. :icon_lol:
 

closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
895
Поени од реакции
1.060
Од сега натака, целосен бојкот за све што ќе направи!!!!!! како не им е срам!

Сега треба да се рашири низ европа, па да видат после каква презенцатија ќе имаат на "филмот" говеда едни!
Знаеш, никогаш нема да не биде поради такви како тебе во државава. Кога сме веќе тука, сакаме во ЕУ, сакаме во НАТО, сакаме да не бие добар глас во светот, а ние го правиме сосема спортивното (правиме уште пред да излезе филмот да го бие лош глас низ европа, не знаејќи за каков филм станува збор). Како прво, овој настан воопшто не требало ни да излезе во јавност, а кога веќе излегло, што јадете одма :гомце: кога и самите знаете дека низ светот се убиваат и по 50 коњи за некои филмови, а сепак се и повеќе од успешни. А сигурно е дека коњот не бил млад, туку некој стар коњ на кој не му останало уште многу живот, само што медиумите секогаш се служат со хиперболишта, а нашиот народ како и секогаш ги сфаќа буквално до збор.
И за крај едно прашање: Ако меѓу животно и човек нема разлика, тогаш дали има разлика помеѓу коњ и свиња?
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Да друже, верувам дека мислиш дека правиш разлика, затоа и го пишав првиот пост на темава.

Суровата реалност е дека кој има мозок, го осудува. Кој нема, сигурно ти нема да му го дадеш.
Разликата се прави надвор, така да ирелевантно е дали на темава сите го осудувале ова или не.
Па тогаш зошто воопшто постои форумов? За ЧДА, теми од Стеф и Весна и слични глупости...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Па тогаш зошто воопшто постои форумов? За ЧДА, теми од Стеф и Весна и слични глупости...
Постои за дискусии на други теми, барем на оваа тема е веќе јасен одговорот - ова е срамен чин, исто толку срамен како бутиците што носат крзно и сите други дела на непотребно убивани животни.
Ако некој вика дека го оправдува ова начисто, тогаш или трола или е отиден ептен.
Безпотребно е да се осудува на темава, ако треба нешто да се прави - тоа е да се отвори нова тема за начини на бојкотирање на филмов. Кога има толку луѓе кои ги "боли" ова, може да се организираат и да направат нешто покорисно отколку безполезно осудување и карање со тролови и отидени луѓе. :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Знаеш, никогаш нема да не биде поради такви како тебе во државава. Кога сме веќе тука, сакаме во ЕУ, сакаме во НАТО, сакаме да не бие добар глас во светот, а ние го правиме сосема спортивното (правиме уште пред да излезе филмот да го бие лош глас низ европа, не знаејќи за каков филм станува збор). Како прво, овој настан воопшто не требало ни да излезе во јавност, а кога веќе излегло, што јадете одма :гомце: кога и самите знаете дека низ светот се убиваат и по 50 коњи за некои филмови, а сепак се и повеќе од успешни. А сигурно е дека коњот не бил млад, туку некој стар коњ на кој не му останало уште многу живот, само што медиумите секогаш се служат со хиперболишта, а нашиот народ како и секогаш ги сфаќа буквално до збор.
И за крај едно прашање: Ако меѓу животно и човек нема разлика, тогаш дали има разлика помеѓу коњ и свиња?

Ок.
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
72
Поени од реакции
69
Да не бил болен коњот од некоја неизлечива болест?
Може се мачел?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Постои за дискусии на други теми, барем на оваа тема е веќе јасен одговорот - ова е срамен чин, исто толку срамен како бутиците што носат крзно и сите други дела на непотребно убивани животни.
Ако некој вика дека го оправдува ова начисто, тогаш или трола или е отиден ептен.
Безпотребно е да се осудува на темава, ако треба нешто да се прави - тоа е да се отвори нова тема за начини на бојкотирање на филмов. Кога има толку луѓе кои ги "боли" ова, може да се организираат и да направат нешто покорисно отколку безполезно осудување и карање со тролови и отидени луѓе. :)

Денес „Анима Мунди“ доби навистина потресна информација! Имено, на нашата Фејсбук страница наши поддржувачи ја постираа бруталната приказна за снимањето на филмот „До балчак“ на столе попов. столе попов убил коњ за потребите на неговиот најнов филм?! Толку ли нема што да каже ова „големо режисерско име“? Толку ли нема инспирација оваа пустелија од душа што од смртта на невини суштества прави „дело што ќе ја прослави Македонија“? Така ли се слави Македонија, со смртта и маката на невините?! Куче ѕверски убиено со копач на филмот „Џипси Меџик“, коњ усмртен со прекумерна доза лекови и покрај советите од стручните лица..дали да би било дозволено да се убиваат луѓе во име на „уметност“ оваа бурлеска на две нозе, оваа пародија на човештвото, би убила и човек?! И сè тоа само за да се прослави еден јаден, беден, недостоен за мизерниот живот што му е даден, ѕвер?
„Анима Мунди“ бара најстрога казна за мачење и убивање на животно, ќе се обратиме и до директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство – Дејан Рунтевски и до сите релевантни институции кои имаат моќ да го санкционираат ова невидено ѕверство, ќе испратиме апел до сите наши пријатели, здруженија за заштита на животни ширум светот да ја прошират информацијата до сите фестивали во релевантните држави, зашто светската публика нема толеранција за вакви фрапантни прикази на примитивизам во време кога технолошкиот развој се движи побрзо од кога било. Во време кога Македонија се бори за место во Европа, нејзините квази-интелектуалци ја туркаат подолу од најсиромашните и најсуровите земји на овој свет. Ова е срам за една демократска и цивилизирана држава – оваа трагедија од „човек“ да ја претставува Македонија, да претставува еден народ кој толку векови се борел против угнетување, мачење и убивање – со овој грозоморен чин малиот режисер успеа да го понижи, погази и исмее сè она за што се бореле нашите предци. Оваа трагедија од „човек“ не треба само да се казни од институциите, треба да се казнува на секој чекор, секој граѓанин што ќе дојде во контакт со него треба да му го искаже своето мислење за неговите „дела“, за неговото мизерно постоење. Ги повикуваме сите здраворазумни луѓе да го бојкотираат овој „филм“ од овој мал режисер што не ѝ е дораснат на светската кинематографска сцена.
Ќе направиме сè што е во нашата моќ оваа бедна несреќна збирштина клетки да ја добие најстрогата казна што е и малку за неговиот алчен варварски склоп.



Anima Mundi - здружение за заштита на животни- Ова е реакцијата што „Анима Мунди“ ќе ја испрати до сите релевантни институции, филмски фестивали, здруженија за заштита на животни ширум светот и ќе ја прошируваме информацијава колку можеме повеќе. Може да помогнете и вие: споделувајте ја информацијава секојдневно, не дозволувајте овој нечовек да има уште една шанса да оконча живот кој самиот не го дал.

За прв пат и тебе Лајк ќе ти притиснам:icon_mrgr:
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
отколку безполезно осудување и карање со тролови и отидени луѓе. :)
па не ми беше тешко да се цитирам со тебе, можам пак да повторувам јас

Да не бил болен коњот од некоја неизлечива болест?
Може се мачел?
Да де, рак имал. Уште 1 месец му останал од животот
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
па не ми беше тешко да се цитирам со тебе, можам пак да повторувам јас



Да де, рак имал. Уште 1 месец му остал од животот
Е ако де, мило ми е што разјаснивме дека јас сум трол и отиден, ама барем тоа потврдува дека со правилниот човек се цитирав за тоа дека место да се замара на темава, да отиде да го посвети истото време на нешто корисно во реалниот живот. :)
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Да де, рак имал. Уште 1 месец му остал од животот
И викате коњ бил убиен, а? Греота. Ај човек да било, да прогледаме низ прсти, ама коњ?
И оти да почекаме изјава од Попов? Право линч, КОЊ ЕДЕН Е МРТОВ!!!
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Нашиот менталитет навистина е феномен , од една страна сме осетливи и на ниво на скандинавските држави каде што се е подредено па нема што да се критикува и се наоѓат стории од умрен коњ до умрено врапче од гума за џвакање, од друга страна 30% од населението нема леб за јадење а во центарот на градот имаме депонии како во Африка.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
И викате коњ бил убиен, а? Греота. Ај човек да било, да прогледаме низ прсти, ама коњ?
И оти да почекаме изјава од Попов? Право линч, КОЊ ЕДЕН Е МРТОВ!!!
Смешен си. Ти ако прогледуваш на прсти за мртов човек, тоа не е мој проблем, јас си кажав шо и како мислам.
Ти во слободно време можеш да се дружиш со тој од Штип шо го хранеше кучето со мачки
 

Kajgana Shop

На врв Bottom