Се мислев дали да го споделам моето искуство,зашто и јас се сомневам понекогаш во мојот здрав разум во врска со тоа што ми се случи пред 5 години
Имено летото 2007 година,јуни месец бев излезен во град и се вратив рано сабајле,околу 4,4 ипол.Дома беше само сестра ми,моите беа трета смена на работа.Сестра ми спие во соба посебно одделена од мојата,треба да ја поминам нејзината за да влезам во мојата.Влегов,само што легнав и почна да се слуша како некој дише баш позади мене.Станав од креветот,дишењето се префрли повторно позади мене,овојпат на другиот крај на собата(мала ми е собата,можеби 6 квадрати).Ме фати малку страв,излегов од соба мислејќи дека дишењето е од сестра ми.но не таа мирно си спиеше.Повторно влегов во мојата соба и повторно дишењето се слушаше,како некој да вдишува на нос а да издишува на уста.Сега сето тоа убаво се слушаше и се чувствуваше присуство нечие во собата(морници ме лазат пишувајќи).Инаку,на форумов,на истава тема на 51 страна има пишано два слични поста на мојот,пробав да ги контактирам дечките преку ПП но не ми вратија,можеби не се активни.Од страв,се преместив во собата на моите и не знам како заспав.Дента,бев втора смена на работа и кога се вратив дома,мајка ми ми вика во стил-Абе сестра ти синоќа се плашела,зошто си ја оставил сама,цела вечер и се слушало како некој да дише во твојата соба.Тука крвта ми се смрзна.Но ајде,помина и тоа,едноставно не сакавме да навлегуваме што се случило.
Помина една недела,моите отидоа на одмор,јас останав сам дома.Вториот ден ја викнав девојка ми,цел ден седеше кај мене.Дента дојде баба ми,баба ко баба ни направи ручек-4 батачиња и ги остави во тенџере на рингла(мислам беа динстани).Баба си замина,јас и девојка ми не ги ни пробавме батаците,отидовме до едно кафанче и памтам си земавме скара за ручек.Помина денот,вечерта излеговме во Колосеум.Излеговме од станот точно во 11 ипол,седевме во дискотеката до кај 2 ипол и си тргнавме накај дома.Па пат(живеам на Битпазар) и велам на девојка ми дека ми се јаде и дали сака да одиме до фурна Чаир да каснеме нешто.Таа ми кажа демек што ќе одиме,има дома баба ти што спремаше денес,ќе јадеме да не се фрла храната.И ок,решивме дома да јадеме.Отклучувам бравата,ја отварам вратата и на самото влегување се осети мирис на готвено месо во ходникот.Кујната ми е одма до ходник,влагам во кујна и што да видам-во 3 саат навечер ринглата кај што беше тенџерето уклучена на
најјако,батаците си се крчкаат како да се пуштени пред 2 минути.Значи теоретски шанси нема да сме ја уклучиле ринглата дента или пред излегување,а и да сме ја уклучиле нема шанси во временско растојание од 3 часа батаците да не изгорат или да не се јагленосаат,дури и ќе се запалеа.Но не тие беа супер,си се крчкаа како некој да ги пуштил пред 2 минути.Вечерта не спиев дома од страв
Ден денес не знам што беше тоа,знам мајка ми палеше темјани и слични(за мене)глупости и оттогаш не се повторија случките.