Ви се случила некоја натприродна работа?

Член од
14 април 2012
Мислења
130
Поени од реакции
140
леее... ме мрзи да објаснувам :(

Дугачка прича.. многу политика замешано. Селото е христијанско (едно од ретките) во околината на Дебар. Во селото имаше само 3-4 фамилии кои таму живееа и не го напуштаа. Сакаа да ги заплашат. Во суштина тоа беше. Официјален извештај е дека куќата се запалила од очакот, т.е. несреќен случај. Детали не сакаш да знаеш.. верувај.
кое Село, на име вака ? :)
 
KilerBee

Русалка
Член од
13 април 2011
Мислења
57
Поени од реакции
85
Темава е бааги лизгава зашто никој никогаш нема да дознае/поверува нешто што не сетил на своја кожа, но умот е срча - можеби невербата е самоодбрана од исконскиот страв од непознато, а прекумерното верување е симптом на надеж или презаситеност со информации.
Нејсе, мојата приказна е следнава: Сметам дека некои од нас се поосетливи на непознатото (не велам поподложни). Јас отсекогаш сум занемарувала многу,многу случувања од страв дека ќе ме направат ненормална (и онака не се вклопував во средината, па уште и нездрава да ме направат ми фалеше!).
1. Едно од најужасните искуства што сум ги имала беше во 2003 летото, бев во Словенија на поседок јас тетка ми, во голем стан. Тие двајца со тетин ми спиеја во спална а јас и малечката братучетка во детската (јас патем имав 17 години тогаш и спиев на под, на душек а малово 7 годинки, во детско креветче). Наеднаш се рабудив како да ми пукнал некој со пиштол во глава - нагло, отсечно-гром. Срцето ми чукаше 300 во секунда а во желудникот како да имав санта лед. И слушам - глас од девојче пее тажно како да плаче едни исти 2-3 неразбирливи стиха, повторно и повторно, 100 пати...Гледам во креветот на братучетка ми - детето си спие. Станав и се чувствував како да сум од желе и дека ќе се распаднам. Одам во вц и упорно го слушам пеењето и ме тера на плачење. Ја разбудив тетка ми и таа ми вели "што е ра..." и прекина да збори и се заслуша... и таа го слушна. Одиме двете до купатило, таа сонлива а јас посвесна од кога и да било, наслушуваме на ѕид и заклучивме дека од таму иде. "Легнувај да спиеш" ми вика тетка ми и без збор си легна. Си легнав и јас и не склопив око цела ноќ. Сабајле и спомнувам за случката, а таа ми вика "што збориш ти, кога станав јас? цела ноќ спиев како топ, имаш сонувано нешто" и упорно ми негира. И ѕидот како што установив другиот ден, бил надворешен ѕид кој не е во допир со ни еден стан. Патем, со тетка ми сме родени во ист ден и ист саат.
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 17:59 ---
2. Следна работа (една од понејезивите) е таа со чашите. Значи седам на маса на крштевка дома кај пријатели, масата со чаршав, врз неа тешки чаши кристални со пијалок... Детето постојано вриштеше, се додека не се доближив до него. Секогаш имам хипнотички ефект врз деца - само зјапаат во мене како замаени и прекинуваат да плачат. Иначе мајка му на тоа бебето, муслиманка женичката, и таа намачена вика по цели ноќи не спие го влече детето по оџи оти плаче постојано. Јас го земам детето и си играм со него и ова не плаче - се смее, мавта со рачињата, а луѓево се чудат... Го оставив во лулка откако заспа и седнувам на маса. Сите зазборени за политики, телевизија итн. не ми обраќаат внимание, само дечко ми карши мене на масата,кога сркнуваше со лажицата од чинијата ја подисправи главата и ме погледна и остана подзинат - сите чаши од пред мене се поместија накај него. Пак ќе кажам, чаршаф, тешки кристални чаши. Ништо не рековме и двајцата, ради тоа што тој знае дека не ми беше првпат и плус ради тоа што јас знам дека никој не верува. Детето од тој ден заборавило да плаче - нон стоп се кикотело и спиело како топ.

3. Не толку страшно ама чудно... Еден човек што се познаваме има силна биоенергија и лекува со неа (повеќе би рекла, дијагностицира и ти кажува да отидеш на лекар за тоа и тоа). Човеков кога ќе влезе во просторија со електроника, компјутери, монитори и сл, пореметува се во просторијата - трепкаат апаатите и сл. Кога ќе се поздравува, не подава рака секому туку само вели здраво. Мене ми подава рака. Сите што ги фатил за рака или ги допрел,( меѓу кои и дечко ми кој имаше проблематично колено па одеше кај него) викаат дека омалаксуваат и сета крв им се собира каде што ги допрел, дека не можат да стојат на нозе. Јас никогаш не пошувствував ништо.
Еднаш бев во многу лоша психичка состојба (за која ќе напишам подетално подолу) и отидов кај човечето да ми направи една терапија. Него терапиите м траат по 5-10 минути обично, па јас така на брзинка по влечки отидов. Човеков вели затвори очи и полека диши и застанува зад тебе. Па си работи тој, јас си дремам и ми вика - "толку јас, не можам повеќе..." Се вртам јас и го гледам блед како крпа, очите наоколу помодрени и се потпира со рака на ѕид, ти се чини ќе падне на земја. Јас му викам нешто како "еее за 2 минути работа се умори" и ми вика тека 40 минути поминале а тој не можел да ми влијае на енергијата никако. Оттогаш само еднаш ми има подадено рака и тоа за да му дадам цигара.
--- надополнето: 6 јуни 2012 во 18:35 ---
4. Во 2010, ноќта на 24 спрема 25 октомври сонував ужасен сон. Отворам плакар а во него стојат на едната полица зимските алишта на татко ми а на другата моите. Нешто барам меѓу полиците и напипувам нешто големо. Бучи, зуи, се тресе. Вадам кошница (гнездо) од пчели и пчелите се разлетуваат на сите страни а јас вриштам пошто имам страчна фобија од инсекти. Се будам во 9.35 наутро и некое гадно чувство ме тресе. Мобилниот ми заѕвонува - некој странски број,а истовремено портата надвор тропнува и некој панично ѕвони на врата. Си викам, ај не отворам, може е некој инкасатор или циган. Ѕирнувам од прозорецот кој гледа во двор и со дел од окото ја фаќам мајка ми во униформа од работа. Само ми светна - баба ми, нешто и се има случено. На телефон упорно не одговарам. Слегов долу, отворив врата а мајка ми во бунило и неколку жени расплакани ме внесуваат в соба и ми даваат лексилиум а јас поим немам што се случува. "Татко ти умре" ми вика мајка ми. Јас како да не сум слушнала, како да не сум свесна дали сонувам или е јаве, се чувствувам вештачки како кукла што не знае како да изреагира на команда. Од следните 2 дена имам само матни слики во главата, како инсерти од филм што си го гледал пред 20 години. Најјасната слика што ја паметам од погребот се повторуваше секој ден месец ипол. Одевме на гробишта секој ден 40 дена. Како зомби - стани, појди, зјапај бледо, замини си. Од денот на кој го испративме татко ми па се до 40, а може и повеќе денови, мене на гробот ми се собираа пчели. А јас не се плашев, не ги бркав. Не знам како и зошто. Од нигде-никаде, и тоа само мене. На ниеден друг гроб немаше. Да потсетам - тоа беше период од 25 октомври па до декември - значи прво не можам да си објаснам од каде пчели во тоа време. Имаше снег. Ладно беше. Зима, човече. На 40 дена отпевачката, кога подавав храна за душа на еден човек, пчелата ме касна. Ме заболе многу и го испуштив послужавникот. Мајка ми рече дека се подуло местото, да седнам. Се држев за отокот цело време. Кога си отидовме дома немаше апсолутно ништо на раката, ништо - ни болка, ни оток.
* Иначе, татко ми од ништо не боледуваше, беше здрав како дрен и се се случило за неполна минута, кога отишол на работа кај мајка ми да и однесе кутија со алишта од мене и брат ми за некое сиромашно детенце што собирале луѓево на работа.
*Неговиот мобилен беше нов, купен пред некој месец, Нокиа стар модел со лизгач. Го оставивме на наткасна во кујна и си стоеше таму. Го фатив по некој ден, не знам зошто, сакав да го осетам како да е татко ми уште тука. На екранот имаше сина позадина, фиксна, како што го купивме телефонот, а на неа - црвен отпечаток од палец. Како некој да го држел прстот на екран. Им го покажав на мајка ми, брат ми и дечко ми и тие не можеа да поверуваат на очите. Го оставив и не го чепнав долго време. Кога на брат ми му цркна телефонот, зеде да види дали овој од татко ми може да се користи. На екранот немаше ништо. Беше чист како солза.
 
KilerBee

Русалка
Член од
13 април 2011
Мислења
57
Поени од реакции
85
Cruisee, не е тоа дарба. тоа е клетва. Btw, не сум верник, не верувам во Господ и не одам по цркви, не славам празници (освен нормално тие што мора - Божиќ и Велигден, ради реда) Не верувам во stuff like: денес не се пере, ако се искапеш на овој ден ќе ти се случи ова-она, или пак посно-мрсно, и сл. Не знам зошто мене баш. Срање е.
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
277
Поени од реакции
31
eve edna slucka mene sto mi se desila.

Ziveam vo edno selo vo zapadna makedonija so okolu 3.000 do 4.000 ziteli i znaete selo kako selo ima plevni so pokriv od plek i sekakvi nekoi stari gradbi sto ostanuvat kako magacini i Plevni za domashni zivotni za cuvanje SENO i red drugi raboti.
vo selovo ima samo eden internet kafic i sme okolu 6-7 drugari koj ostanuvame preku vecer da igrame World of Warcraft se do 4 nasabajle jas edna vecer go imav i mojot LAP-TOP zada igram preku nego.ikoga dojde 4 satot dasi odime se kacuvam za doma za zal ziveam na krajot od seloto najgore i patot mie preku stari plevni na pola pat slusnav nekoi slabi tropkanja na plekovite ama pomisliv deka e torbicata od PC koga mi ostaana uste 30 metri pred da stignam taka silno pocna da lupa pozadi mene na plevnite na plekovite kako nekoj covek da lupa so race vo 4 sabajle koga ni ziva dush nemozis da stretnis.istrcav do doma poradi straf dane odleta nekoj kamen (se prasuvate zasto kamen) dolga prikazni koe mise deshuvale i den denes se deshavaat.NEZNAM DALI SVATIVTE.inako ziveam vo selo SKUDRINJE. ako nekoj bil Galicnik mozi go videl.

veruvajte mise desile mnogu natrprirodni raboti.isto taka veruvam i vo crna magija toa vise e druga tema. :)
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
можеби е срање да ти се случуваат вакви работи, но не се замарај превише со тоа. Живеј си го животот најнормално. Годините, под притисок на ваквите нешта, умеат да те претворат во чуден човек. Затоа труди се да не постанеш чудна. Чудна пред себеси мислам.
 
Santiago

Cocalero
Член од
4 јуни 2012
Мислења
97

Evaaa... se isponaeziv ... LUDILO !!!
 
С

Само Човек

Гостин
Cruisee, не е тоа дарба. тоа е клетва. Btw, не сум верник, не верувам во Господ и не одам по цркви, не славам празници (освен нормално тие што мора - Божиќ и Велигден, ради реда) Не верувам во stuff like: денес не се пере, ако се искапеш на овој ден ќе ти се случи ова-она, или пак посно-мрсно, и сл. Не знам зошто мене баш. Срање е.
родена си со атрално тело, тоа е луксуз. Честитам
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
eve edna slucka mene sto mi se desila.

Ziveam vo edno selo vo zapadna makedonija so okolu 3.000 do 4.000 ziteli i znaete selo kako selo ima plevni so pokriv od plek i sekakvi nekoi stari gradbi sto ostanuvat kako magacini i Plevni za domashni zivotni za cuvanje SENO i red drugi raboti.
vo selovo ima samo eden internet kafic i sme okolu 6-7 drugari koj ostanuvame preku vecer da igrame World of Warcraft se do 4 nasabajle jas edna vecer go imav i mojot LAP-TOP zada igram preku nego.ikoga dojde 4 satot dasi odime se kacuvam za doma za zal ziveam na krajot od seloto najgore i patot mie preku stari plevni na pola pat slusnav nekoi slabi tropkanja na plekovite ama pomisliv deka e torbicata od PC koga mi ostaana uste 30 metri pred da stignam taka silno pocna da lupa pozadi mene na plevnite na plekovite kako nekoj covek da lupa so race vo 4 sabajle koga ni ziva dush nemozis da stretnis.istrcav do doma poradi straf dane odleta nekoj kamen (se prasuvate zasto kamen) dolga prikazni koe mise deshuvale i den denes se deshavaat.NEZNAM DALI SVATIVTE.inako ziveam vo selo SKUDRINJE. ako nekoj bil Galicnik mozi go videl.

veruvajte mise desile mnogu natrprirodni raboti.isto taka veruvam i vo crna magija toa vise e druga tema. :)
auffff...sega se najezhif...mene ova mi se deshuvalo skoro sasfim isto ali na plekovi od grazha, onija limeni ti teknue? ja bef u grat so drushvo i parkiram u grazha i iskacham i odjednash pochinja lupanje tak-tak-tak...i posle plekot pochna da vibrira kao zhif choek u nego da ima, neznam dali i kaj tebe vaka bilo. otpochetak malce potiho i postepeno se sjachava. sum umiral od straf. inako i ja si veruvam u magija i crna i bela a i u drugi boi ako ima. takvi nadbozhni sili ne se zaebancija. aj pozdraf
 
Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Мене лично не ми се десило ништо чудно (бар јас што би перцепирал нешто за чудно), ама на еден мој другар му се има десено. Имено другаров имал напорна вечер си легнал, и после 9 саати спиење (во 12 саат попладне) се буди, станува и гледа бледа сенка пред него што му вика „Јас не се родив, за да се родиш ти“. Сега приказнава што лично он ми ја има кажано незнам дали е вистинита, ама ме наежи страшно.:вонзем::вонзем::вонзем:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.011
Поени од реакции
83.405
...do doma poradi straf dane odleta nekoj kamen (se prasuvate zasto kamen) dolga prikazni koe mise deshuvale i den denes se deshavaat....
Не се прашуем уопште.
Многу често се случува фрлањето камења да е елементарна манифестација на некој астрален (да го наречам) феномен. Плус, вие сте Мухамеданци, претпоставувам точно. Знам ја барем двајца занатлии од таа вера. Вие ги викате оџи, или самите така се прогласуваат. Мада повеќето од нив не се вистински оџи. Може имате некој локален таму. Они добро манипулират со такви финти.

Патем, црквата у Скудриње ја запаливте или уште стои?
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
277
Поени од реакции
31
auffff...sega se najezhif...mene ova mi se deshuvalo skoro sasfim isto ali na plekovi od grazha, onija limeni ti teknue? ja bef u grat so drushvo i parkiram u grazha i iskacham i odjednash pochinja lupanje tak-tak-tak...i posle plekot pochna da vibrira kao zhif choek u nego da ima, neznam dali i kaj tebe vaka bilo. otpochetak malce potiho i postepeno se sjachava. sum umiral od straf. inako i ja si veruvam u magija i crna i bela a i u drugi boi ako ima. takvi nadbozhni sili ne se zaebancija. aj pozdraf

bate si bill vo grad. vo selo nema tolku ulicno osvetluvanje kako vo gradovite i baska ti si bill so drushtvo jassam.ovaa bese kako jas sega da zemam na nekoj plek i da mavam so racite vo 4 nasabajle toa nee nisto.cickomi vo 5 satot sabajle koga se vrakal od kaj negovata devojka vidol Senka so oblik na vojnik i imal sekira vo racete bil povisok od covek za 1-2 metri.a za magija nikoj nemoze dami reci deka ne postoi.i sepak keti kazam pazetese od takvi raboti ili od dzinii bes razlika dali si musliman ili nee.zasto imalo i selo kebese primorano dase evakuira poradi eden od niv.
--- надополнето: 7 јуни 2012 во 13:20 ---
Не се прашуем уопште.
Многу често се случува фрлањето камења да е елементарна манифестација на некој астрален (да го наречам) феномен. Плус, вие сте Мухамеданци, претпоставувам точно. Знам ја барем двајца занатлии од таа вера. Вие ги викате оџи, или самите така се прогласуваат. Мада повеќето од нив не се вистински оџи. Може имате некој локален таму. Они добро манипулират со такви финти.

Патем, црквата у Скудриње ја запаливте или уште стои?
pa dati kazam jas imam vise 20 godini nesum znael za nikakva crvka ama sepak ima mesta koi se vikaat.MANASTIR ILI CRKISHTA sto uste neim se promeneti iminjata i nema potreba.veruvam deka tie dziniite se opasna rabota ama koj kako bes razlika dali se muslimani ili ne sekoj eden musliman sto saka ili ke proba da povika eden od niv samo zada otrkie nesto rizikuva zivot.
ai posto izgleda go znaes skudrinje e golemo mesto, ai veruvam deka ima golema istorija uste vo vreme na RImjanite.
neznam na koj jazik ama skudrinje ima prevot.
selata vo zapadniot kako moeto itie okolu pred mnogu godini spored toa sto mi go imat kazuvano postarite licnosti bile kako mesta opsednati od: senki,voperi,duhovi,dzinii i red drugi raboti.

patem za toa kaminjata da e nekoj covek neke moze da frli kamenja poteski od 15kilogrami na tolkava dalecina ili tolku mnogu kamenja naednas.jas sum golem Srcelija sto vikat kaj nas pominuvam pat od 3-4kilometri od kaj mene do kaj mojata svrshenica sekoj den najkasno do 4 nasabajle i toa odniv 2 kilometri bes daima nekoj gradbi kade sto ziveat lugje pat koj od sekoj agol se gledaat grobishtata i poln so garazi od dvete strani i poln so Pesovi ( kucinja skitnici ) koj se dvizat vo grupi dur poveke od 15 sum sretnuval i Lisici dane dolzam dane izbegam od tepata.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.011
Поени од реакции
83.405
veruvam deka tie dziniite se opasna rabota ama koj kako bes razlika dali se muslimani ili ne sekoj eden musliman sto saka ili ke proba da povika eden od niv samo zada otrkie nesto rizikuva zivot.
.
Само за да открие? :pos:
Пари детенце, пари... Тие што го знаат занаетот не го праат тоа од радозналост.Па прашај наоколу, мора да имате еден таков локален "оџа". Ако не у Скудриње, тогаш у некое друго село. Ако константно тебе лично те следат такви непријатни феномени, не ли си се запрашал дали можда е боље да побараш помош?
Исто е многу верјатно, да си се нашол во моментот на погрешно место. Ништо страшно (во повеќето случаи).
Е сега, има секакви луѓе. Многу веројатно е и да налеташ на шуплива конзерва, односно измамник.
 
nebi veruval deka nekoj vo 4 nasabajle bi se dvizel na gradbi koj od koja povisoka.i nesum rasprasal ai nesum slusnal deka ima nekoj kaj nas i nee toa pari brat toa e rizicna rabota sekoj odniv rizikuva zasto ako toj otstrani nekoj od dziniite rizikuva da istiot se prefrli kaj nego ike mora da bide dobro obucek za da moze da go kontrolira.pazi vo Bosna ima lugje sto odat da se obucat vo Arabija za taa rabota i mora da bidat duhovno ama i telesno silni zasto ako nekoj od niv vleze kaj nekogo i koga ke mu dojdat negovite 5minuti bidi siguren deka ni 20 lugje neke mozat da go soprat kegi frla kako vreki so kompiri.ai zavisi kakov e dziniot vo nego zasto i tie se deleni kako lugjevo loshi-dobri vernici-nevernici.neznam dali veruvate ama sepak ve predupreduvam
 
Kajgana Shop

На врв Bottom