Седи си мирно девојче, какво он лајн тргување, какви бакрачи! Нема ништо од тоа особено кога велиш дека немаш никакви познавања од тоа... А еве ти линк да видиш како овие 2-3 години проаѓаат врвни експерти во тргувањето. Види ја табелава инвестициските фондови кој БТВ нели тргуваат он лајн на светските берзи во име и полза на своите клиенти. Погледни кои минуси остваруваат многу изкусни брокери на познати банки, фондови како што се Ерсте Банк, ХПБ, Рајфајзен и тн, значи одлични трејдери (како ги викаат) или брокери.... остваруваат тешки загуби! Еве погледни ја табелава и увери се:
http://anicazna.com/Fondovi.aspx погледни кои минуси направиле за 6-9-12 месеци! од 5-6 па се до катастрофални 65% загуба за година дена! Погледни кое црвенило!? И тоа во најпрофитните фондови кои беа до пред 2-3 години како: злато, енергија, БРИК.... и тн. се редум во тешки загуби.... Имај на ум и на светско ниво е така, не само во Хрватска! Да, добитници, те оние што профитираат има, ама 3-5% од сите трејдери брокери инвеститори.... Истото ти е и на Форекс пазарот, таму 7 или 8 можеби, но не повеќе од сите трејдери тријат раце со приход, другите се во загуба.... Да, пропуштив да кажам: од сите што тргуваат во цел Свет, профитираат само 3-5% или 7-8% И СИТЕ НА КАЈГАНА!
.... Не си играј со оган девојко! Не е тоа за тебе, особено не, кога немаш знаење..... Но доколку имаш и некоја паричка, те сврби џебот и сакаш да си ја опробаш среќата подобро ти е на рулет 48-ца Црвено! ха-хахаха.... се шегувам, ниту знам дека тој број е ‘‘црвено‘‘.... ете убави совети добив и јас за инвестирање во темата ‘‘Девизно или Денарско штедење‘‘.... можеби ти е многу подобра опција нашата берза. Можеби навистина се обезвреднети и многу евтини сега акциите на фирмите... можеби по некое време по завршетокот на кризата или нашата интеграција во ЕУ НАТО вртоглаво ќе скокаат! Размисли си за таа опција... јас не сум така млад, долгорочно баш и не сум расположен да чекам
а и немам право на грешка, ти ги имаш двата предуслова за инвестирање на берза, ем можеш да чекаш, а и во случај да погрешиш нема да биде толку страшно бидејки ако не времето а тоа сигурно ќе ти надомести, тогаш ти ќе ги надоместиш!
Тоа е сигурно! Долгорочно, ми се чини никогаш неможеш да бидеш во минус! Можеш да бидеш само во плус.