Диети и слабеење

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Целта на слабеењето е да се стопи салото, не да се исфрла вода. :icon_mrgr:
 

The countess

Аристократка
Член од
2 јуни 2012
Мислења
145
Поени од реакции
82
Главниот принцип на Американската диета – Кажете збогум на вечерата! Идеалниот рок на диетата е – засекогаш! За да навлеземе во Американската диета, треба да научиме 5 од нејзините основни принципи:
Правилен избор на соодветни производи;
Адекватно снабдување на телото со течности;
Исклучување на штетните маснотии;
Снабдување на телото со витамини и други микроелементи во адекватни количества;
За појадок можете да се храните со што сакате;
Накратко кажано диетата не содржи никакви забрани, но не дава резултати на третиот ден. Со неа се постигнуваат очигледни резултати после втората седмица.
Препораки за Американската диета:
Не јадете после 17 часот со исклучок на течности;
Треба да пиете многу течности но не само навечер туку во текот на целиот ден бидејќи така телото се ослободува од токсините.
Ако изедете парче мрсно месо, торта или помфрит не заборавајте да изедете неколку парчиња ананас или грејпфрут веднаш после тоа.

:)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.879
Поени од реакции
20.503
А јас па се чудам , зашто нацијава им е голем процент се „слабушкави“, „згодни“ ете од нивниот прешес метод, фала The countess што не просветли :pipi:
 

The countess

Аристократка
Член од
2 јуни 2012
Мислења
145
Поени од реакции
82
А јас па се чудам , зашто нацијава им е голем процент се „слабушкави“, „згодни“ ете од нивниот прешес метод, фала The countess што не просветли :pipi:
Па името малку демотивира :P
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Зашо да нема јадење после 17:00 ако на пример легнуваш у 00:00 и стануваш 07:00 ?? Тоа е огромен период без храна за телото , мене ич не ми се допаѓа. Може да нема јадење после 21:00-22:00 , па до 07:00 следниот ден , ама волкав период без храна ич не ми се допаѓа , fucks up the immunity :S
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
13.468
Наивно е да сметаш дека еднообразната диета ќе го смени обликот на сопственото тело кон подобро. Самото тело има потреба од повеќе минерали/соли/витамини/шеќер. И втора работа секој човек е со различен метаболизам - така да најбитното тука се заборава - прво да се направат истражувања за сопствениот метаболизам, а тек подоцна да се припише соодветна диета.
И најважното - што понатаму? Со испоснување на организмот со еднообразниве диети се влегува директно во конфликт со понатамошното негово одржување. Ако се консумираат кајсии 3 дена, после самиот организам бара надокнада за изгубените минерали. Додека се консумира различно - се има еден вид на супституција и потребите се задоволени - организмот не бара.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Лошо име и ставиле на диетата. :) И тоа со нејадењето после 17ч, малку непара ми се гледа :)
Јас со моја сопствена диета (многу едноставна) за 3 месеци ослабнав 7, 8 кила.
 
С

Само Човек

Гостин
за 3 дена те фајќа пролив еден јак и ќе лежиш у болница само на ифузија и нормално ослабуваш.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Кога го видов насловов се осетив ко на пазар да сум и да ми се дере некоја од страна :pos:

Избацете лебот, благото, алкохолот, еднаш дневно или еднаш во 2-3 дена на стаза било точак, било трчање и ќе видите како се слабее, какви црни кајсии.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
До кога со овие глупи диети? Или онака рекреативно, ти се отвараше тема, одамна немаш отворено, па ајде нека биде за глупа и нездрава диета со кајсии...:facepalm:
 

The countess

Аристократка
Член од
2 јуни 2012
Мислења
145
Поени од реакции
82
До кога со овие глупи диети? Или онака рекреативно, ти се отвараше тема, одамна немаш отворено, па ајде нека биде за глупа и нездрава диета со кајсии...:facepalm:
хехе дечко, ај малце смири се :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.331
Поени од реакции
15.592
Најпрво ќе кажеме дека кајсиите ја стимулираат активната работа на нашиот имунитет, кој помага на телото ефикасно да се справи со патогените вируси и бактерии. Освен тоа содржат растителни влакна кои ја регулираат дигестијата и го стимулираат метаболизмот.
Диетата со кајсии ви ја обезбедува оптималната дневна доза витамин А, кој е задолжен за здравјето и добриот изглед на кожата, косата и ноктите. Кајсиите се исто така богати со калиум, па затоа и се препорачуваат за луѓе кои страдаат од анемија.
Диетата со кајсии истовремено е и тридневна детоксикација, а нутриционистите советуваат тоа да го правиме неколку пати во годината. Еве како треба да изгледа тоа:
Бидејќи пред се намената на оваа диета е темелно чистење на организмот од натрупаните токсини во текот на зимските месеци, менито се сведува само на овошје, чај и зеленчук. Потребно е да изедете од 8-10 кајсии дневно, и да испиете 2 литри зелен чај кој се приготвува наутро, ќе додадете сок од 2-3 лимони во него и неколку лажички мед. Чајот се пие во текот на денот. Кога ќе почуваствувате глад можете да си направите свежа сезонска салата со соја сос и една мала лажичка маслиново или друго растително масло.
Се е ова убаво, само е многу малку калории дневно, што не е препорачливо, односно не е ич здраво.

Јас од денеска планирам да се ставам на диета, али со многу повеќе калории, но и трошење со трчање и склекови/вежби.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom