Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Нејадење после 17 часот може да стане збор исклучиво само ако се работи за јаглехидрати,зашто реално телото по тој период нема потреба од нив и само ги складира како резерви.
 
Во кајсиите имало калиум, мислиш дека 10 кајсии се доволни дневно да го стимулираат организмот и да извршат детоксификација. Јас не мислам така. Прво ако мислиш дека количеството на калиум во кајсиите игра некаква улога, грешиш, можеби дневно внесуваш дупло поголеми количини калиум преку друг продукт, така да голема корист од калиумот немаш. Растителни влакна, т.е. целулоза не учествува во дигестијата и не учествуваат во метаболизмот.
Другото немам замерка, зелениот чај е добар кој може да го пие, лимоните исто, за медот секогаш кога можете користете мед наместо шеќер.
Е дали е ова диета за ослабнување или за детоксификација?
 
Лошо име и ставиле на диетата. :) И тоа со нејадењето после 17ч, малку непара ми се гледа :)
Јас со моја сопствена диета (многу едноставна) за 3 месеци ослабнав 7, 8 кила.

Кажи ја :)
 
од 3 кила кајсии може само тежок пролив да те фати
и црева да си истуриш... друго потешко.
Па уште ако се напиеш една чаша вода. пуууу
 
Па баш како што кажав, едноставна :)
- исфрлање на секаков вид конзервирана храна
- исфрлање секаков вид сувомеснати производи (паштети, колбаси, салами...)
- исфрлање употреба на бел шеќер (секакви видови слатки, колачи)
- сведување на минимум на употреба на пржена храна
- Јадење месо 1 во неделата, или 1 во 2 недели (само чисто месо, барено, евентуално печено,) воглавно да е телешко, или пилешко понекогаш
- Намалување на внесот на млечни производи, што е можно помалку кашкавал, зденка..за сметка на тоа јадам урда понекогаш, јогурт од време на време
- Намалување на внес на бели пецива (бел леб, макарони, шпагети, разни тестенини), со тенденција на целосно исфрлање.
- Исфрлање од употреба на сите видови газирани и негазирани сокови
За сметка но ова погоре (може и да сум испуштил нешто, не ми текнува), си јадам редовно секаков зеленчук, житарици, ориз, компир (варен, печен), секакво овошје,
месо од време на време како што кажав погоре, кога ми се јаде благо си земам малку мед...тоа е на кратко :)
За ова имаше друга тема мислам, имаше многу корисни мислења од членови што ги прочитав таму, благодарност до нив.
Оваа "американскава" диета генерално изгледа добро, со исклучок на тоа да не се јаде после 17ч. Јас не гледам никаков проблем во тоа
 
Единствен начин да се намали тежината е организмот да троши повеќе енергија отколку што се внесува..

..главен енергенс се јагленхидратите....вишокот јагленхидрати во организмот се складираат како масти....погрешно е верувањето дека јадењето масна храна е причина за таложењето на сало...масната храна е виновна за запушување на артериите....но не и за салото...салото е последица на неискористените јагленхидрати.....

најбрз (но воедно и најнебезбеден) начин да ослабете е протеинска диета....односно целосно да ги елиминирате јагленхидратите од исхраната....поради недостаток на јагленхидрати организмот почнува да ги разложува мастите складирани во црниот дроб, а кога ќе ги потроши почнува да го разложува наталоженото сало и да го претвора во кетони кои се користат како енергенс....но последица на ова е кетоза....состојба во која се наоѓаат луѓе кои подолго време се без храна....доколку состојбата на кетоза потрае подолго време доаѓа до состојба на ацидокетоза односно закиселување на организмот, изнемоштеност и оштетување насрцето, црниот дроб и другите органи....ацидокетозата остава трајни здравствени последици

исто така заблуда е дека со зголемување на физичката активност ќе изгубите килограми....точно е дека со активирање на мускулното ткиво се топат мастите...но зголемената физичка активност бара зголемување на внесувањето на храна...а тоа и најчесто го правиме...спортуваме повеќе но повеќе и јадеме
 
Не го земајте наудолу девојчево има 17 години i presume?

Јас на 17 да бев самосвесен како неа и да размислував и пишував за кајсиите сега ќе ми беше многу полесно во животот...јас преминав на праски. Мислам дека е во ред кајсијата. Признавам, за 3 дена можам да ослабам 10кг со ампутирање на дел од ногата.
 
Имам слушнато и за диета со праски, и од тоа многу се ослабнувало викаат а колку е точно....
 
Сега ќе земам да јадам кајсии тоа што сум стопил од 115 кг на 92 кг за една година е глупост ова мора да се проба...
Иронија :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom