Интересни ми се научните достигнувања, лични, кои ги презентирате.
Им ја откривте тајната и заговорот на продавачите на додатоци во исхраната
Шала на страна, малку совет. Вистина е дека телото така лесно не доаѓа во состојба на катаболизам. Но, поголема вистина е дека многу лесно доаѓа во состојба на катаболизам во два случаја: физичка активност со висок инзтензитет и долг временски период на гладување.
Сите овде сте вежбачи и претпоставувам дека кога вежбате, без разлика што практикувате, работите со цело срце и висок интензитет. Тешко дека некој ќе легне на бенч, чисто да се почеша од клупата.
Сите овде, сакла или не, мораме да легнеме и да преспиеме подолг временси период преку ноќта. Период, каде нема продавач на суплементи кој ќе ве убеди дека јадете додека се храните, не трошите додека спиете и дека не ви е потребен оброк како доручек, него веднаш можете од кревет после 8 часа сон и да претпоставиме час до два предходно без храна, да копате, работите, трчате низ град завршувајки обврски и сл.
Вистина е и тоа дека ако се храните преку ден, не водејки грижа што ќе внесете, телото ќе се снајде и ќе си го сработи своето. А нему му е битно опстојувањето и одржувањето. Значи, мускулите и вашиот изглед се на по следно место во листата на вашиот организам. Освен ако вие не ги поставите на прво. Според организмот, ако вие не водите грижа за правилен начин на исхрана во текот на денот, тој ама воопшто нем у е гајле. Од протеините ќе си создаде гликогенси резерви, а од ЈХ кои ќе ги внесите кога вам ќе ви текне (од причина што гликогенсите резерви ќе бидат пополнети) ќе си создаде масно ткиво.
Значи, овде не правиме моабет за еволуција и одржување на организмот во состојба на функционирање. Овде станува збор за обликување на сопственото тело во димензии и рамки кои ние ги посакуваме, нивно надворешно менување,а тоа неможе ако не го измениме и внатрешно во делот на хормоните.
Изборот е ваш.