Нова кампања: Добри домаќини за подобар туризам

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Тоа со келнерот со весникот ич не ми се допаѓа, мислам дека повеќе треба да има билтен од кладилница во рака, и на телевизорот мора да се гледа само телетекст.
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Ако се дрзнаа да менуваат менталитет со реклами за мене се будали...очигледно не читале што се требале да направи Петар Велики или Хитлер,за да наметнат друг менталитет кај народот...но сепак мислам дека само глумат дека се дрзнуваат да менуваат менталитет,затоа што "глумата" им се дебело исплаќа(имаме полно примероци на безефектни скапо-платени реклами)
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Рекламиве се true story... Сите сме осетиле на наша кожа...

Е сега, не се само за Охрид рекламиве, тука за туристичката култура во цела држава. Значи не лечете и овде меѓуградски комплекси, туку разговарајте за ситуацијата во цела држава.

На пример, мене во Дебар Маало во кафана не сакаше да ми даде салфетка за да ставам на шишето вино. Рече келнерот, таман работа на секое вака да ставаме салфетки :facepalm:
 
Член од
5 декември 2011
Мислења
12
Поени од реакции
14
Ако е заебанција на своја сметка - ок, смешно е, а и си ги знаеме сите "ендемски видови". Ама ако ова треба да биде кампања за туризам, е тогаш ептен е утнато... На кого треба ова да остави впечаток, на потенцијалните туристи или на келнерите и таксистите? Кога си помислувам дека ми земаат од мојата (мизерна) платичка и безмилосно трошат на овакви глупости, ми доаѓа да му ја одгризам главата на првиот затетелебен вмровец што ќе го сретнам.
Патем, овa "глумење-напињање'' е всушност прилично добра пародија на Стив Ирвин, кој може да се види на дискавери или сличен канал. Го нема на фудбал и турски серии.....
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Никој не може повеќе да не оцрни отколку ние самите...Ако веќе им беше за подобрување на односот кон туристите, не ли можеа да организираат некоја обука за угостителите и туристичките работници? Или да се дистрибуираат бон-тон туристички брошури за таа намена? Навистина беше непотребно да се снимаат вакви реклами, плус на англиски...да бев јас странец, ќе си речев "Фала Богу што не се зезнав да појдам на вакво место, па овие дивјаци биле". За да се смени ова, треба прво да се промени менталитетот на угостителите, а тоа не се постигнува со инстант реклама.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.997
Поени од реакции
12.577
Не ти е на место изговорот. Во Македонија има не така услужливи домаќини (според рекламиве) а во Грција гори.
Не зезај ;)
--- надополнето: 19 мај 2012 во 01:25 ---


Ало, дали ти воопшто знаеш што зборуваш?!
Плаќав 1200 денари на ден, а не 200, тоа се по 600 денари од човек, и за 600 денари не добив на пристојно легло!!
Охриѓанец, се пронајде ти во клиповите, тоа што не знаете како со туристи ваш проблем. Затоа некогашните рибарски села во Грција ќе ви ја крадат работата, а Охрид е барем сто пати поубав град од една мочана Паралиа.
Ама сами си го правите ова, никој друг.
Пума, со извинение, ама мораш да си глупа да платиш 600 денари и да ти се понашаат ко шо ти се понашале. За 1200 денари комотно можиш цел апартман да си изнајмиш и уво да не ти чуе. Добро жено не ја виде собатата пред да ја капарисаш, на крај краева ти се понашале како шо ти се понашале после првиот ден чао пријатно. А не некој те дупчит на здрав мозок,будала да те прајт па после на форум да ни продаваш пуфки како ти си се борела за твоите права во врска со бојлерот. Се избори барем?

Он: Рекламиве се катастрофа. Да баравме ваква анти пропаганда нема да добиевме. Можда можеше да се направи една реклама за патот од Скопје до Охрид, да се припремат туристите за 3 часовното избегнување на дупки, ама ајде, ќе се задоволиме и со ова.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Бујрум
Колумна: Македонска ендемска туристичка промоција
Деновиве се појавија спотови со кои се пренесува порака „Ти си лицето на твојата земја (од туризмот добиваме сите)“ или „добри домаќини, за подобар туризам“. Зад нив е потпишана Владата на Република Македонија, што значи се снимени со „народни“ пари. Според слоганот, претпоставувам дека идејата е да се подобри однесувањето на Македонците за да имаме повеќе туристи.


Содржината на овие спотови е позната - пародија на трагично починат национален херој на Австралија кој како налудничав шета и ги провоцира сите околу себе со идиотско однесување кое што претпоставувам се третира како нормално, со цел да се прикаже дека во Македонија луѓето се нељубезни и непријателски расположени кон странците. Посочувајќи дека одредени категории луѓе се „ендемски видови“, се сака да се покаже дека единствено кај нас и никаде на друго место странците се недобредојдени (зборот ендемски се користи за нешто што е карактеристично за, или го има само во одредено место ). Бидејќи сето тоа е направено на англиски јазик странците веќе го виделе или ќе го видат, па уште пред да не посетат им се пренесува „убава“ порака дека е поарно да не доаѓаат без претходен „тренинг“ затоа што властите не можат да обезбедат спроведување на законите што претходно ги донесле (пример Закон за заштита од бучава во животна средина).

Мене ме интересира дали нарачателот на спотот направил некакво истражување за тоа колку странските туристи се (не) задоволни од однесувањето на Македонците, па врз основа на тоа е лоциран проблем што ни го „кочи“ туризмот или само претпоставиле дека сме лошо расположени кон странците?

Пред неколку месеци, како дел од еден научно истражувачки проект, со моите колеги од Здружението „Е КУЛТУР“ и во соработка со неколку хотели, туристички агенции и туристички водичи спроведовме едно истражување за тоа како странците не доживуваат пред и откако ќе не посетат (попрецизно, истражувањето се однесуваше за Охрид, но и спотовите повеќе алудираат на Охрид како туристичко место). Резултатите беа сосема спротивни на она што е презентирано во спотовите. Само за илустрација, најголемиот дел од странските посетители (45%) прв пат за Охрид слушнале преку лични контакти и пренесените позитивни искуства ги мотивирале да не посетат. Многу важно за нас е тоа што речиси сите анкетирани странски туристи повторно би го посетиле Охрид (91%), а како најголема причина за тоа ја наведуваат љубезноста на локалното население и добрите туристички услуги.
Како најголеми проблеми од страна на странците се идентификувани: инфраструктурата, локалниот сообраќај и хигиената. Тоа се главните сегменти за кои треба да се снимат серија спотови како се доаѓа до Охрид по оштетени патишта, купиштата ѓубре што ги има долж пан-Европскиот коридор 10 (пример пред тунелот кај Битола), недовршениот коридор 8, лошиот летен сообраќаен режим и проблемот со паркиралиштата во Охрид, преизграденоста и лошата (не)урбанизација во Охрид и на многу места низ државава, непостоење јавни тоалети ... и многу други причини за лошите туристички резултати.

Странските гости не’ почитуваат и не’ доживуваат како љубезен и гостопримлив народ и добри домаќини. Според мене, лоша е идејата да се прикажуваме себеси спротивно на тоа. Се согласувам дека има и такви кои со своето однесување му штетат на туризмот, меѓутоа Македонија не е изолиран случај туку тоа го има насекаде по светот. Не треба да се трошат пари за креирање лоши стереотипи за Македонија и со „ендемска туристичка промоција“ да го оттргнуваме вниманието од вистинските проблеми што влијаат деструктивно на развојот на туризмот.


П.С. Оние што сакаат да ги видат сите резултати од спроведеното истражување може да прочитаат тука.

Александар Трајков,
Факултет за туризам - Охрид
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност за содржината на истите.

13

02.06.2012 00:41

Прочитана е : 696 пати


© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
Пума, со извинение, ама мораш да си глупа да платиш 600 денари и да ти се понашаат ко шо ти се понашале. За 1200 денари комотно можиш цел апартман да си изнајмиш и уво да не ти чуе. Добро жено не ја виде собатата пред да ја капарисаш, на крај краева ти се понашале како шо ти се понашале после првиот ден чао пријатно. А не некој те дупчит на здрав мозок,будала да те прајт па после на форум да ни продаваш пуфки како ти си се борела за твоите права во врска со бојлерот. Се избори барем?

Он: Рекламиве се катастрофа. Да баравме ваква анти пропаганда нема да добиевме. Можда можеше да се направи една реклама за патот од Скопје до Охрид, да се припремат туристите за 3 часовното избегнување на дупки, ама ајде, ќе се задоволиме и со ова.
Секако дека се изборив. Ама не сакам да се борам, идиотски е. Не сакам да се објаснувам со никого за такви дебилни работи.
Али, како и да е, моето си го кажав. И останувам на истото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom