Ериксен можи и ќе можиме за 25 + некој бонус, младинец или слично. Ја би им дал 25 + Сусо на позајмица да го изделкаат една сезона и бонуси ако Ериксен постигни толку и толку голови, толку асистенции, настапи и слично. Туку на Ајакс не му требаат младинци појаки се од нашите не растурија минатиот пат заборавив
Ништо 25 + бонуси и ако го сакаат Сусо. Ионака мислам дека цената на европското не би требало да му скокни пошто со Шпанија не очекувам да мрднат, нити со Германија. Едино со португалциве можи ќе се покажи Данска а и Ериксен. Плус тука е Лаудруп кој би можел да го убеди некако а и Суарез и Агер се тука. Треба само да посака Роџерс и имаме шанси.
Хоилет треба да се земи. Му истекува договорот на 30ти Јуни така да треба да се лапни. Афелај ќе иди за 6 милиони пошто и тие се многу некако. Само сомнителен ми е. 26 години, пола сезона дремеше на клупа во Барса, па еве цела сезона повреден......типот нема две години фудбал играно регуларно. Напаѓач де Јонг е еден по поталентираните така и поефтини. Друг не знам да има со таков добар биланс зад себе ама можи да се најди. Е сега Гастон Рамирез е ок за крило јас го рачунам. Само проблемот е во парите. Лудаков од Болоња бара 20 милиони кои нема да ги добие сигурно од нас. Ако е за толку ене го Џејмс Родригез од Порто или Икер Муниаин. А и Адам Џонсон не смее да се заборави никако. Само дали ќе сака англичани Брендан?
Ја ко шо знам Рамирез полушпиц/АМ игра. А Сусо никако не го даваме. Подобро он да седи така заедно со Ериксен како идни главни полушпицеви, него 20 да фрламе на Рамирез. А сега кога го имаме Роџерс мислам дека Рики ван Волфсвинкел повеќе би се вклопил во неговиот систем него Де Јонг. У право си и за Афелај, сомнителен ми е со повредите. А забораивме дека треба да гледаме некои замена деструктивец и лев бек за ефтини пари ако се најдат. Такада за мене една идеја за трансфери летово:
Ин:
Рики Ван Волфсвинкел - Бекап напаѓач/Ротација
Ериксен - Полушпиц и иден Стиви Џи
Хоилет - Десно крило, бесплатен трансфер
Адам Џонсон - Крило кој одлично би ни дошол место Кајт
Ласана Диара (?) - Ротација со Лукас, само Мурињо да не го тупи и да не бара многу за него
Нов лев бек - Немам апсолутно никаква идеја за некој добар што ќе му биде компетиција на Енрике.
Аут:
Макси - Веќе знаеме дека ќе си иде, такада нема што да го дискутираме
Кајт - Не верувам дека ќе се снајде под тактиката на Бренди, плус веќе е стар и не може да издржи
Чарли Адам - На почетокот покажа добри партии. После тоа го снема. Ако му го гледаме само перформансот во втората половина од сезоната, дефинитивно беше најголем flop на Кени. Не знам ни колку ќе се снајде под новата тактика со оглед на неговата бавност. Многу повеќе би сакал Шелви и Хендо да ги гледам на негово место
Пачеко - Мислам дека нема никогаш да го достигне бараното ниво за во Ливерпул.
Дилема:
Спиринг - Одлична замена е за Лукас против послаби тимови, али коа се работи за појаки како да се губи тој добар Спиро. Повеќе би сакал да се задржи бидејќи и онака нема некоја голема сума да добиеме за него, а не верувам и дека има голема плата. Едино би го дал ако ептен мора да се направи место за нов деструктивец.
Аквилани - Јасно е дека нејќе да игра за нас. Добро е да земеме некои милионки за него ако некој се понуди. Сеа нешто читав демек ќе праел муабет со Бренди, али веќе не знам што да мислам за овој. Повеќе би се радувал Ериксен да го гледам на негово место.
Кол - Голема дилема за овој. Од една страна многу сакам да му дадеме шанса да се покаже и мислам дека би ни се нашол во некој тежок распоред сега кога сме во ЛЕ. Од друга страна зема преголема плата и може да се донесат повеќе подобри играчи од него. Не знам стварно, па се надевам дека Бренди добра одлука ќе донесе во врска со него.
Инфо плус: Стерлинг се интегрира во првиот тим; Флано, Робинзон, Виздом, Коуди, Сусо и тн на позајмица; Дени Вилсон да го видиме во резервите како ќе се покаже, ако не и он аут.
Колку е ова реално проценете сами. Знам само дека 30 милиони не би стигнале за ова да се оствари. Сепак не верувам во тие гласини дека 30 милиони ќе има за трансфер. Мислам дека ќе има неопределен буџет, па сопствениците ќе даваат пари само ако мислат дека играчот што сака да го земе стварно вреди.