A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.671
Поени од реакции
8.099
Добро, зашто се толку глупи. На местото на Dis.T&l требаше TLC а не ID. Ма да не е лош ни тој канал, ама зашто не го додадат и TLC ?!
ТLC е повеќе со готвење ,пошо почесто гледам даваат емисии со колачи ,торти ,ама тука е и тоа шоуто со дебели што ослабуваат и она со тетовирањето ,другото е стварно глупости така да подобро овие Близу што го ставиле ID ама па и тој канал е крш донекаде
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.559
Поени од реакции
2.524
пишале на сајтот, 100 денари ќе се доплаќаат Спортклуб, некои пакети а за другите бесплатно...кој пакет ќе плаќа (дали само првиот Старт или и вториот Смарт ) тешко им било да пишат
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
„Супер“ пакетот ќе биде автоматски додаден кај сите претплатници на дигиталната телевизија. Токму затоа, цените на некои од дигиталните пакети ќе бидат зголемени за 99 денари месечно, додека, пак, кај некои пакети, кои ги содржат каналите од ДТВ Плус/Премиум, „Супер“ пакетот ќе биде бесплатен.

u wot m8.

Автоматски стотка повеќе, причина да го раскинам договорот порано.
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Јас се запрепастив кога ми излезе известувањето пред некоја минута. Колку подло! Ако не можам да го откажам овој пакет, ќе ги откажам целосно.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
542
Поени од реакции
731
Едно не ми е јасно. Цело време пекавте СпортКлуб СпортКлуб.... Ви ја донесоа спортклуб и пак нешто не ви е по кејфот. Па секаде се плакаат овие канали, незнам дали ви е јасно тоа.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Наплаќаат 100 денари повеќе без воопшто некого да прашаат, ако тука не гледаш проблем неможам да ти помогнам.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.559
Поени од реакции
2.524
Едно не ми е јасно. Цело време пекавте СпортКлуб СпортКлуб.... Ви ја донесоа спортклуб и пак нешто не ви е по кејфот. Па секаде се плакаат овие канали, незнам дали ви е јасно тоа.
У Кавадарци ништо не (до)плаќаат за Спортклуб. :D
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Едно не ми е јасно. Цело време пекавте СпортКлуб СпортКлуб.... Ви ја донесоа спортклуб и пак нешто не ви е по кејфот. Па секаде се плакаат овие канали, незнам дали ви е јасно тоа.
Јас колку што знам, само во Македонија, конкретно BoomTV, MaxTV и blizoo ги ставија Sport Klub каналите во пакет. Во другите земји се бесплатни.
Иначе за овие само АЕК е лекот. Ма да и АЕК е зафркнат додека да реагира. Има долга процедура.
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Јас не сум пекал за Спорт Клуб, ниту ми било гајле дали ќе го стават. Следствено, ми пречи што морам да доплаќам 100 денари само за тој еден канал. Ако веќе мора да се доплаќа, должност им е да го стават во посебен опционен пакет кој корисникот ќе си го активира по сопствена желба. Ова е грабеж.

Ќе се јавам во понеделник да прашам дали може да се откаже. Ако не - чаос Близу. И така за к. не ги бива.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
542
Поени од реакции
731
Ама чекајте малце. Значи јас прашав во врска со Спортклуб каналите како ке се плакаат. Ми рекоа дека старите корисници ке доплакаат 99 денари доколку сакаат да ги гледаат. Овие 1300 денари што се ставени за новите корисници кои ке го земат тој пакет. Сигурно вие сте стари корисници и имате опција ако сакате да ги гледате ке доплатете 99 денари месечно. Доколку не сакате неморате. Незнам што не е јасно тука
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
:facepalm:

„Супер“ пакетот ќе биде автоматски додаден кај сите претплатници на дигиталната телевизија. Токму затоа, цените на некои од дигиталните пакети ќе бидат зголемени за 99 денари месечно
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.177
Поени од реакции
8.258
Јас не сум пекал за Спорт Клуб, ниту ми било гајле дали ќе го стават. Следствено, ми пречи што морам да доплаќам 100 денари само за тој еден канал. Ако веќе мора да се доплаќа, должност им е да го стават во посебен опционен пакет кој корисникот ќе си го активира по сопствена желба. Ова е грабеж.

Ќе се јавам во понеделник да прашам дали може да се откаже. Ако не - чаос Близу. И така за к. не ги бива.

не е 1 него 6 канали се за 99денари, ништо страшно.
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Се јавив - од наредната недела ќе можело да се откаже пакетот без да се доплаќа, сега уште „системот“ не дозволувал. Глупости.
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Вака незнам со кој памет зимате Blizoo, ми ставија пред некој ден тотал ТВ и за 550 ден е чиста перверзија, спорт club каналите сите ги има + за филмови fox movies, cinemania, cinestar 2та канали и мн. други. Сериозно...
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Вака незнам со кој памет зимате Blizoo..
хех, со кој памет, за 1050 денари јас имам аналогна и дигитална тв, интернет од 10мб и телефонија. ги покривам апсолутно сите мои потреби, ете со кој памет.ако одам со твој памет, ќе ме кошта тоа истото преку 2000ден.со кој памет.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom