Бодибилдинг дневник

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Почнав со чистење.. нема откажување,нема CHEAT денови..
 
Денеска ме фати некоја мрза се излежавав до 2 саат па не отидов до теретана,али затоа вечерва си повежбав малце дома 60 згибови на вратило и 400 стомачни колку да се испотам малце.
 
Денеска одличен ден баш ми е супер што е неработен, се чуствувам одлично до 14 часот имам сметено 2 оброци и една доза веј, уште малце ке одмарам и ке тролам по нетов:D па околу 16 часот одам да вежбам денеска одиме до максимум да се напниме , на распоредот денес ми се раце, 4 вежби бицепс со 3 серии и 3 вежби трицепс по 4 серии, 30-40 минути добар интезивен тренинг.
 
Нека ме поправат ако грешам,ама мислам дека не се препорачува да се вежбаат у ист ден,бицепс и трицепс
Не би рекол дека е така, лугето поседуваат различни гени вклучуваќи ги и оние со симетрична фигура, перфектна дефиниција, огромна мускулна маса и така натаму... шо значит секој човек на планетава поседува различни гени, всушност структурата на тренингот варира од човек до човек ( Како што секој има различна потреба за спиење на некои им треба 9-10 часа други пак со 6 часа спиење се одморени) кај секој човек различни комбинации од вежби даваат различни резултати.
Така да мојот избор на вежби си го креирам сам (значит не се правам најпаметен, и да секако дека барам совети и искуства од повозрасни луге кои подолг период се бават со бодибилдинг) вежбите ги креирам инстиктивно што најмногу ми се допаѓа кај мене, пробувам повеке видови на вежби и комбинации па на крај си одлучувам кои се најефикасни кај мене и си правам распоред понекогаш применувам и промени во циклусот на вежбањето што многу ми годи.
 
Здраво Бодибилдинг дневнику,

Денес вежбам грб и бицепс + малце стомачни. Со нетрпение очекувам да ги растурам "мртвите дигања".
Утре ми стига новиот протеин, па ќе видиме како ќе се покаже.
Исхраната денес ми беше стандардна, па решив да ве почестам со слика од денешниот ручек. :)

29qjmmh.jpg
 
До 1 јуни сакам да се предизвикам да се издефинирам колку можам.Другариве денеска ме викаа да почнам да трчам со нив.Времево е гадно,јадам нискогликемични храни зеленчук,црн грав,леќа,многу месо,изварка,јајца и протеинот ми е испиен до пола.Пијам две дозерки дневно.Денеска внесувам 100 грама јаглехидрати или 5 оброка по 25 грама.Се форсирам колку можам повеќе кардио.Дома вежбам програмата Insanity која е еден вид на HIIT со користење на самото тело.Треба повеќе да вежбам за градите па почнав 3 пати неделно да правам склекови како и стомачни.Пред да почнам сега ќе се истегнам за да намалам млечната киселина предизвикана од премногу тренинзи.
 
После матурските за една недела две се враќам во форма, планирам да почнам со Mutant Mass и Micro Creatine, за во август за во Бугарија да има шејк дет ес он д бич... поззз момци све најубаво со овој спорт!
 
јас моментално сум на 560гр Јх и 210гр протеин. Тренинг 4 со 1 одмор (супер серии) гради-предно рамо, грб-задно и трапез,раце,нозе :)
 
Па вака Бодибилдинг дневнику, Вежбам во домашни услови: склекови, вратило стомачни... и тренирам пливање 3пати негде неделно идам а тоа претходното го вежбам секој ден значи немам одмор ниту еден ден во неделата а сега планирам да почнам да одам и во теретана+ (5пати неделно)...Дали има нешто лошо ако премногу вежбам ако премногу се отеретувам значи 3пати неделно пливање, 5 пати неделно теретана и 6-7 пати неделно склекови, вратило...?
--- надополнето: 26 мај 2012 во 01:19 ---
Неможам ни секунда значи да издржам без да вежбам, едноставно ме влече
 
Утре трчаме маврово 12км денеска направив 3 серии подигање со буцчици(бицепс),3 сета 360 степени обрт со бучици на стол вежба за рамениците,3 сета burpee одмор од 30,45,60 секунди измеѓу секој интервал.2 интервал.Потоа подигање со бучици седнат на столче(бицепс),180 степени вертикално подигање со бучици(рамења),трчање во место со склек позиција.3 интервал летање со бучици,склек со подигање на бучици,трицепс dips на клупа,скок со широк опфат на нозе,4 интервал бучици летање и паралелно подигање на нозете за стомачни,комбинација со бучици вежбање за грб и заден дел на рамо,ski abs и некаде заборавив да ја споменам вежбата трчање со рацете на странично дијагонално подигање на рацете.Или се во превод Insanity upper body weight training 47 мин HIIT вежби.Ефективно и на секој му препорачувам.
 
Dear diary, од утре почнувам повторно со активање вежбање. YUPI !
 
Од денеска после еден месец пауза пак почнувам втеретана :vozbud:
Ама во тој месец си го е**в денот и сеа сигурно до 5 сатот немат да можам да заспијам а во 9 требит да станам да одам втеретана, биче жустро 2 дена. :вонзем:
 
И денеска стигна порачката, да се има за занимација нешто летово :D

2hzmki.jpg


20rwjm1.jpg


r1a928.jpg


2q2k329.jpg


Стигнаа и двете книги едната е 160 страни без слики целосно "теорија", другата 170 страни со илустрации поделена во најразлични поглавја од загревање преку начин на вежбање, бенч, чучњеви, исхрана, спиење, платоа, суплементи и тн.
 
Нози , рамо , трапез и подлактица денес од тежинскиот тренинг.
15 минути на вреќа.
3 км кардио.

Доволно :)
 
страшно ми се врти, стомаков ми кркори, незнам зашто изглеа утнав нешто.. наместо кардио нормално истрчав некој килмоетар по угорница и продужив до средно - по дивите патеки, сеа само што дојдов од теретана вежбав грб се ме боли..
незнам како ке издржам уште 4-5 недели:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom