- Член од
- 18 октомври 2011
- Мислења
- 166
- Поени од реакции
- 78
Имам 21 година и сеуште ми е рано. А за финанскиската состојба со помалку деца, точно, на краток рок ќе биде подобра, али за 30-40 години, не сакам ни да претпоставам. Проблемот е што никој не е свесен што точно ќе се случи. Економијата страшно ќе се намали. Во западните земји не се приметува поради имиграција(исламска во Европа и мексиканска во САД), али тоа е меч то две острици.ОК е се што си напишал ............ ама еве да речеме дека вие кои се залагате за повисок наталитет кај Македонците, зашто вие први не почнете да правите по 3/4/5 деца, па после и другите да се огледаат од вас .......... познавам многумина кои се чукаат во гради дека се патриоти и се залагаат за повисок наталитет, а всушност и тие самите не го спроведуваат тоа на дело, туку само на збор ...... така да се пропаѓа во вода ......... зашто на пр. некој да прави по неколку деца и да биде нели прав патриота, а на пр. некој друг да направи по едно дете и да си живее комфорно, комотно и на раат, а тој патриотот што направил неколку деца да неможе ни да ги прехрани, а камо ли па да им овозможи еден гол просечен живот !
А и не е само тоа друже ........ и финансиите играат огромна улога, но и цивилизацискиот степен ....... во Скандинавија на пр. стандардот им е најдобар на светот, а наталитетот им е катастрофален веќе со децении наназад .......... а и крај краева тоа си е индивидуално прашање и индивидуална одлука(на брачните партнери) ....... во зависност од личните сфаќања, желбите, но и реалните услови и можности секако, ако некој на пр. нема соодветни услови и можности(ниту доволно финансии, ниту пак доволен станбен простор)ниту за едно дете, зашто тогаш би правел неколку деца(ко што викаш ти) ...... чисто само од патриотизам ...... абе луѓе не се живее од патриотизам ........... патриотизмот точно опијанува и залажува привремено, ама потоа суровата секојдневна реалност повторно излегува на виделина, сите тоа добро го знаеме и сме го осетиле !
Цивилизацискиот степен, точно игра улога, али кај нас еден цивилизациски степен што го имаме. Навистина не знам зошто имаме слаб наталитет(сиромашни сме нели). Како и да е, сите големи империи, односно цивилизации кога ќе достигнат одреден стадиум, не создаваат доволно деца и така се уништуваат. Историските податоци кажуваат дека еднаш ако падне фертилноста, не се поправа. На пример Рим.
Не знам како да ви објаснам дека правење на едно дете или ниедно води кон пропаст во иднина, ако воопшто ни опстане државата. Вие можете слободно да правите малку деца 1 или ниедно, а потоа некој друг ќе ви биде крив за самоуништувањето..
Иако состојбата кажува едно, јас сепак ќе продолжам да се надевам, ќе продолжам да барам и/или едуцирам луѓе за да имаат повеќе деца, и што ќе се случи ако продолжат со слаб наталитет.
Само ве молам не се споредувајте со западните цивилизации пошто броени им се деновите, а јас не сакам ние да завршиме како нив.