Денеска: ФК Врапчиште - ФК ЉУБОТЕН 1:0 (1:0). Наместо дерби и спортски празник, самрак на фудбалот!!! Домаќините "мораа" по секоја цена да победат и не избираа средства да го остварат тоа. Она што се случуваше денеска во Врапчиште е брука за македонскиот фудбал и нема никаква врска со спортско надигрување и надмудрување на спорската арена. Денеска, наместо на фудбалски терен екипата на ФК ЉУБОТЕН беше пречекана на гладијаторска арена, во која моравме да изгубиме! Можеби ќе паднеше и крв да не го спречија тоа припадниците на МВР! Екипата на нашиот клуб денеска едвај извлече жива глава! Сите ние, а особено младите фудбалери видоа невиден примитивизам и неморал од домаќините, ако може така да се нарече здивената толпа (која ја сочинуваа скоро сите од УО на ФК Врапчиште (освен 2-3 луѓе, меѓу кои комесарот за безбедност, нему секоја чест), тренерите, дел од играчите и "навивачите", која не пречека и не испрати со закани, навреди, псовки, плукање и покрај "победата" на нивната екипа!!! Се прашувам што ќе се случеше ако случајно победевме? Иако не верувам дека тоа ќе го дозволеше (како што не го дозволи) судиската тројка од Кичево (Марјан Стојановски, Дарко Спироски и Куштрим Лика), која судеше бесрамно и неморално и која буквално не ни дозволи да го поминеме центарот, на домашните им го призна голот од чист офсајд, за нас не досуди чист пенал, без никаква причина го исклучи нашиот играч Јетон Лимани, секој дуел за него беше фаул за домашните... И, сето ова се случуваше пред очите на комесарот за натпреварување на Третата лига Запад и контролорот Марјан Ристески од Кичево, кој очигледно на овој натпревар имаше "специјална задача" и успешно ја изврши... Нека се засрами и тој и неговата судиска тројка!