Евровизија 2012

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Французинката беше огин.
 
A

Antigona

Гостин
Годинава немав време да гледам евровизија, па пред малку го изгедав настапот на Калиопи и можам да кажам дека едноставно ми ги насолзи очите, феноменална изведба,навистина многу моќен вокал.

Браво :cuc:
 
Член од
20 февруари 2009
Мислења
103
Поени од реакции
73
Ај нека направи некој гиф кога му игра Калиопи на Гејов..
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Заврши и Евровизија. Сега сите можеме мирно и што е најважно со кренати глава да си се вратиме на останатите помалку важни секојдневни будалаштини. Изминатите денови имав прилика да следам се што се случува на интернет а е поврзано со Евросонгот, вклучувајќи ја и мојата последна колумна на овој ист портал. Малку ми одеше потешко, бидејќи немам сопствен ФБ профил, ама се трудев колку што можам да ја следам атмосферата. Имаше најразно разни мислења, ставови, препукувања, навреди, колнења и реакции. Како еден од администаротрите на сајтов, уште кога го создававме, инсистирав под секоја информација и текст да има коментари на читатели, иако многумина ми велеа дека тоа воопшто не е паметно. Сепак победи моето мислење дека треба после секој текст буквално да може секој да напише што ќе посака. И од кога постои порталов од моја страна биле избришани вкупно шест коментари (а постои 3 години), само затоа што соддржеле навредливи коментари кон други личности. Коментарите кои не засегале нас, одговорно тврдам не биле чепнати.

Многу реакции поттикна мојата последна колумна, но и ставот на Бекстејџ за Калиопи на Евровизија. Иако колумната е стара цели 2 месеца, коментарите стасаа дури по влезот во финале. Што значи 2 месеца не стаса ниту еден единствен коментар, а колумната имаше над 5000 прегледи. Овој податок говори многу. Но немам намера да се објаснувам зошто, секој од вас нека си сведе свој заклучок. Бекстејџ откако Калиопи беше промовирана за наш преставник ја потсети јавноста дека токму Калиопи се противеше на тој начин на избор кога Македонија ја преставуваше Тоше Проески. Ја потсети и дека Македонија еднаш веќе ја избра Калиопи а таа загуби и не се пласираше на Евросонг. Од оваа временска дистанца тоа е многу смело. Тогаш добивавме поддршка од сите страни. Имавме куп меилови, писма, јавувања. Најдобри сте, браво, така беше. Плука па лиже. Откако Калиопи се закани со тужба која никогаш не стаса, ние емитувавме три прилози кои ги насловивме Без комантар. Значи не пишувавме ништо и не коментиравме, емитувавме слајдови со веќе дадени нејзини изјави.
Освен тие три прилога, залепивме и транспарент во студио Voice for Kaliopi ама не коментиравме за разлика од милион сајтови и медиуми кои у велико се спрдачеа а сега имаат наслови Ти благодариме Калиопи! Толку беше нашата занимација со Калиопи. Дента кога беше првото полуфинале, второто полуфинале и финалето на сајтов не објавивме ништо. Во емисијата само сува информација. Е сега, гледам дека од пред последната колумна и пресот до денес многу работи се сменија.

Прво, страшно ми е жал што ние попуштивме. Да, да, тоа го признавам. Нашата поента се изгуби. Многу вешто некои медиуми ја извртеа приказната
а ние немавме време малку повеќе да се занимаваме со Калиопи иако имаме емисија секој ден. Нашата поента дека е спорен начинот на кој таа замина во Баку, а самата го плукаше, се заборави многу брзо, а влезот во финале се
престави како национална гордост. Иако во финале бил и Мартин Вучиќ на пример. Испадна дека солзите и знамето и овој пат беа добитна карта. За Македонија и за пејачката. Не за сопствен интерес, никако. Не коментирав ништо на милион навреди упатени на моја сметка. За разлика од многу мои колеги не избришав ниту еден единствен пост. Ги оставив луѓето да се испразнат. Дури и на ФБ, кој малку послабо го контролирам, од гореспоменатите причини: го немам и не го разбирам баш најдобро, инсистирав ништо да не се брише. Да не ги селектираме коментарите туку напротив да ги оставаме.

Но сега, кога јагнињата ќе стивнат фино е без емоции и со ладна глава да ги погледнеме фактите. Еден по еден и конечно да ја затвориме темава.

Прво и најважно Калиопи беше против начинот на кој Тоше Проески замина на Евросонг. Тоа добро го знае и неговата Фондација. Отворен сум да ја затвориме оваа тема доколку конечно прифати дебата другата страна.

Втор факт: Калиопи влезе во финале. Влегоа и Тоше Проeски, Мартин Вучиќ, Елена Ристеска и Каролина Гочева.

Трето, заврши на 13 место со 71 бод. Елена Ристеска во 2006 беше 12та, Каролина во 2007 имаше 73 бода, што се наши два подобри резултати.

Четврто, веднаш по нејзиниот влез во финале, на нашата меил адреса стасаа навредливи соддржини испратени од хотели во Азербејџан. Не прејудицираме ништо, само споделуваме факти.

Петто, пред да МРТВ одлучи да ја прати на Евросонг видена е во Влада на РМ. Насмеана.

Шесто, лично мене ми се јавија неколку високи функционери да ме замолат да го стопираме тоа таму со Калиопи.

Седмо никогаш не сум работел под толкав притисок и под овие околности а и закани дека ќе останам без работа.

Тоа се фактите, од фактите јас ќе си го извлечам сопствениот заклучок, вие се разбира вашиот. Оној кој сметал дека е национална гордост кога некој плаќа претплата а нема право да избере кој ќе го преставува низ Европа, и по оваа
колумна веројатно ќе го мисли истото. Оној кој мисли дека најпатриотски е да влеземе дури во финале, и по овој текст нема да го смени мислењето. Но јас ќе си останам на овој став се додека истиот имам шанса да го искажам со име и презиме и уредно потпишан, а не да се кријам зад псевдоними и анонимус никови. Се додека постои за мене простор за изразување ќе се трудам да го напишам. Нема да го менувам својот став пред и по финале. Нема да го сакам, па да го нејќам Перо Антиќ. Нема да се радувам на финале, кога очекувам висок пласман. Затоа не има секакви. Вакви или онакви. Различни а сепак исти. Бекстејџ се потруди да ги презентира фактите, а не да глуми лажен патриот за повеќе лајкови на ФБ или поголема читаност и гледаност. Факт е дека еднакво ја сакаме оваа земја. затоа е добро да постои критика. Без оглед дали истата се сведува на факти или пцовки и колнење. На крајот денес има избор. Има и Фејсбук и Твитер и телевизии, радија и весници. Секој нека си го одбере својот медиум и нека верува на оној кој мисли дека реално ја отсликува реалноста. Во овие бескрајно среќни моменти за нашата земја, во еуфоријата од големото финале само ќе потсетам дека Бекстејџ се потпишува на два албуми на Калиопи и зад еден концерт како медиумски партнер. За истото има издвоено сопствен буџет за следење на активности, како и рекламен простор за промовирање на нејзините комерцијални проекти, а со песната Рум Дум Дум, победи на Сунчане скале благодарение на моите бодови од жири. Тоа е еден само мал допринос во нејзината навистина богата кариера, ама јасен сигнал дека може поинаку.

Кога јагнињата ќе стивнат, на ФБ ќе останат лажните профили отворени на некој ден пред Евросонг и меиловите од Азербејџан. Кога јагнињата ќе стивнат Калиопи ќе биде само дел од овој фестивал. Оваа колумна само уште еден обичен и здодевен текст. Вистината за поентата на Бекстејџ и онака одамна замина од нас… :facepalm:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Не си во право. Ајде разгледај ги последните 3 - 4 години на евровизија да видиш дека е до квалитетот на песната.

Еве неколку приемри

2010 година во норвешка

Србија 13 место

Албанија 16 место

Грција 8 место

2009 русија

србија не се пласира во финале

Албанија 17 место

грција 7 место

2011 германија

босна 6 место со дино мерлин

словенија 13

србија 14 место

албанија ја нема во финале

2012 азербеџан

србија 3 место

албанија 5 место

босна 18 место

Така да не ви држи вода ниту дијаспора ниту комшии ниту политика. Ако си имаш добра песна која ќе и се допадне на публиката идеш горе на површина. чао пројатно.
Да јас постојано го повторувам тоа,доколку некој сака да биде во топ5 мора да има екстра добра песна,песна која со самото појавување на евровизискиот сајт ќе ја освои публиката како што беше случај и со Лорен и со Жељко и со Бабушкиве(добро они пред се беа атракција,но многу оригинални).Со просечна песна и просечен резултат ќе имаш.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.702
Поени од реакции
11.937
Снимка има сега. Калиопи ќе пее за 1 минута :)
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Многу гејски од наша страна што 12-ката ја дадоа на аљбанците.
Најверојатно слушнале дека ако не дадат 12-ка они че го паљат со бенѕин.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Да јас постојано го повторувам тоа,доколку некој сака да биде во топ5 мора да има екстра добра песна,песна која со самото појавување на евровизискиот сајт ќе ја освои публиката како што беше случај и со Лорен и со Жељко и со Бабушкиве(добро они пред се беа атракција,но многу оригинални).Со просечна песна и просечен резултат ќе имаш.

Затоа е гневот и фрустрацијата кај мене е голем, затоа што јас знам а и сите вие знаете колку имаме јака традиција на нашата македонска музика која е далеку позната во светот, и наместо тоа некој да земе да го спакува да го искористи и да направиме песна квалитетна ние тоа не го корстиме, немаме луѓе кои ќе го направат тој проект и затоа се нервираме затоа што знаеме дека можеме да бидеме во самиот врв, не мора да освојуваме туку да бидеме во топ 5 како што тоа го прави србија во повеќе наврати.

Истото се случува на секое поле, па гледајте каква историја и традиција имаме а ние снимаме филмови како џипси меџик а за нашата богата историја од комитско, средновековно или поново време не снимаме филмови со кои ќе се преставиме во светот. амеркиканците за виетнам снимија двеста филма како пример, они друга историја немаат ама го користат тоа и го презентираат, знаат професионално тоа да го запакуваат.

Епа и ние кога ќе направиме таков проект ќе бидеме во топ 5.
 
М

Мартин`

Гостин
Еве ја вистината за Азербејџан и Баку
Накратко ..

1. Добар дел се против сегашниов претседател и неговата фамилија, произведуваат добар дел нафта и гас од чии пари сегашниов претседател Алиев многукратко си го зголемил своето богатство.

2. На предходната Евровизија намерно го криеле бројот на Ерменија со која си имаат “проблеми“ и граѓаните не биле во можност да гласаат за Ерменската песна, врвот на Азербејџан ги рачуна како непријатели. Дури некои што успеале да најдат број или гласале за Ерменија биле приведени од страна на полицијата и им биле одземени телефоните поради наводна истрага за криминална активност.

3. На опозицијата не им е дозволено да протестираат, често ги апсат.. и редовно ги снимаат и надгледуваат луѓе на Алиев (дури и на видеото се гледа дел од тие луѓе како снимаат) кога опозицијата протестира... лидерот и неговата фамилија и блиски соработници биле често апсени па дури и некои сеуште биле во притвор, често пат и пасошот му го одзимале. Дури и водителот откако ја правеше репортажава почнаа да го следат откако ги напушти протестите.

4. Претседателот има богати, моќни и убави керки :D


Тоа е тоа накратко, Азербејџан е класична полициска/диктаторска држава ..
 

phazrew

Deepholm
Член од
3 септември 2011
Мислења
322
Поени од реакции
300

Најдобра според мене <3 <3 Loreen
 

Kajgana Shop

На врв Bottom