Бегај од оваа утакмица....
Ако би играл јас би ја играл за Копенхаген...
Атлетико оваа сезона е можеби најслаб....
Некако неубедливи се,имаа среќа во нокаут мечевите,играа со за класа послаби екипи од нив,Шафхаузен и Копер,со Швајцарците лесно поминаа,ама со Копер се изнамачија...
Малку фалеше Копер да ги испадни....
Ја немаат повеќе таа препознатлива игра од времето,кога доминираа....сега се лесно ранливи,иако сеуште се во кремот....
За разлика од нив Копенхаген е во голем налет..
Ја испаднаа Барса,не само шо ги надиграа во Копенхаген,туку и во Барселона беа рамноправни,ако не се опуштеа на крајот и таму ќе тепаа.
Ова е доволен показател дека имаат голем квалитет....
Лесно се прилагодуваат кон противникот,знаат да изиграат јака одбрана,не јуришаат сите само во напад,како другите Скандинавци....
Имаат голем ростер,иако имаат проблеми со повреди,се повреди Болдсен,повреда има и Стефансон,не знам дали ќе играат....
Како и да е,имаат многу други опасни играчи,со Хансен и Валур Сигурдсон како лидери на тимот....
Јас ако би ја играл оваа утакмица би ја играл на хендикеп за Копенхаген,зависи од коефициентот,би требало Атлетико да е благ фаворит....
Сепак на овие мечеви,ништо не се знај,една утакмица е,се бива,моментална форма,една грешка можи да пресуди...
Не е утакмица оваа за сингл...ризична е....
Ако играш веќе сингл подобро оди на Кил,таа би требало да е сигурен кец,иако коефициентот мислам дека ќе биди мал, некаде околу 1.35-1.40...