И така дојде крајот на оваа прекрасна сезона

Редно е да дадам завршен реферат
Несакам многу да зборам за агонијата во претходниве години, доволно објаснував како беше во претходните постови од претходните години

Се сменија доста луѓе на западот. Скоро секоја година доаѓа нови фаци, некои од нив остануваа, некои заминуваа, некои од најредовните наеднаш најдоа друга трибина и почнаа да го негираат името Комити, но едно е сигурно, нема навивач во Скопјево кој не продефилирал на западот
Се издигнавме од пепелот на крајот од ланската сезона. Некаков вид на фузија со Миравци, можеби во многу земји незаконска фузија, но во нашава земја ништо неспорно. Не е ни прв случај, а нема да биде ни последен. Таква ставка во правилникот на ФФМ и законите на Македонија, дека не смее да се направат такви фузии НЕ ПОСТОИ, колку и да кокодакаат компексашите. Наше си беше дали тој потег е морален или не. Некои го осудија, некои го прифатија со две раце. Меѓу нив бев и јас. Правилен потег, не чувствувам никаква морална одговорност, па редно беше после толку дупешки од државата еднаш да ни помогне. Девет години не уништуваа, не донесоа на дното, па време беше и да ни дадат шанса да се вратиме на стари патеки.
Комнплексашите секогаш ќе се тешат со муабетот дека титулата ни била подарена, но ние сме чисти. На почетокот никој и не ни даваше панса за титула, туку фаворит беше Работнички или Металург

Мудро си молчевме, го склопувавме тимот и склопивме доста јак состав. ВО НИТУ ЕДЕН МОМЕНТ не добивме судиска помош на мечевите, напротив судењето воопшто не беше поволно за нас. Дури и првенството беше одложено на наша штета. Но сепак НЕКОИ НЕ МЕСТЕЛЕ ДА ОСВОИМЕ

Нашата управа е многу стихијна. Нигде не се рекламираат, немаме никаков маркетинг ниту пак некои лигавења по медиуми како што имаа клубови од другите спортови.
И така по долгото лето го дочекавме првиот меч. Три автобуси отидовме на гостување во Прилеп. Околу 180 души, пред искомплексираните Прилепски Мајмуни ја прославивме првата победа во сезоната, прва ненаместена победа на гости по долго време (пошто во претходна сезона Силекс на гости го добивме во наместен меч). На спортивната страна спротивно на ултрас кодексите групата Мајмуни составена од помлади членови бодреше друг тим со транспарент со поддршка на 11 Октомври и гробарот на Македонскиот фудбл Харалампие. Ја величаа и смртта на загинатите во земјотресот во Скопје 1963. Но набрзо беа замолкнти кога почна нашето шоу, а Фичо ни ги донесе трите бода. Неколку инциденти со џандарите како за крај на ова одлично гостување.
Следуваше меч со градскиот ривал Работнички. Нашите комшики беа прогласениза најдобар клуб на месецот а во меѓувреме се појавија многу нивни квази навивасчи кои сереа за Вардар. Но на трибина ги немаше. Напротив тука беа околу 12 000 фанови на Вардар, прв пат после долги долги години. Фичо ни сервираше уште една голема победа пред прекрасната атмосфера и пред околу 1 300 Комити. Грмеше до Тетово, Скопје конечно се разбуди.
Одново стигнвме до третата минимална победа овојпат во Кичево. Уште еднаш полн стадион, а ние со три автобуси и многу коли. Околу 250 Комити на ова пеколно гостување. Сонцето не утепа, но не се дававме. Во прекрасна атмосфера поздравени и од 20-тина членови на Ѓаоли дојдовме до 9 бода од првите три меча.
На оваа низа од победи и дојде крајот против Ренова. Тим кој единствено си отиде непоразен во нашите дуели во оваа година. Но до нова победа дојдовме во Охрид. Во последниот викенд од август, пред многу Вардарови фанови (околу 220), одново полн стадион, прекрасна атмосфера со два прекрасни гола дојдовме до 0-2.
Падна и Силекс. Во првиот дел беа дури и подобар противник но сепак си заминаа поразени. Сепак станаа екипа која прва му даде гол н овој тим на Вардар сезонава.
Први три мечеви на домашен терен, со Работнички бевме околу 1 200, со Силекс и Ренова околу 600-700. ГОлеми бројки, со што се покажа дека ноќните термини се полн погодок. Следуваше гостување во Штип на кое многумина не отидоа ради уткмицата за бронзен медал на Македонската кошаркарска репрезентација. Сепак пред 50-тина Вардарови навивачи Вардар дојде до нова победа од 2-3 на одличниот деби меч на иконата на клубот Влатко Гроздановски. Следуваше ново гостување кај браќата од Тетово. Отидовме два автпбуси и многу коли, околу 200 Комити. Во убава пријателска атмосфера со браќата Војводи видовме меч во кој имавме милион шанси но не успеавме да тепаме бидејќи немамевме ич среќа.
Дојде на ред мечот со актуелниот шампион Шкендија. Околу 1 500 Комити на меч во 13 часот во сабота. Вардар гази, 2-0! На трибините грми, полека екипите полнуваат да не сваќаат сериозно и одеднаш излегува дека не местеле да бидеме шампиони

Во наредното коло дерби со Минчолург. Пред околу 600 Комити само 1-1 на крајот. Поведовме од пенал преку Фичо, Металург успеа да израмни во максимално неинтересен меч.
Како одминуваа утакмиците се гледаше дека сме далеку поквалитетни од останатите противници. Се нижеа нови победи, падна и Работнички во најинтересниот меч годинава одигран во Маџари. Губевме 1-0 но направивме пресврт во последни минути со играч помалку. Урнебес на трибните. Околу 900 Комити иако прво имавме проблеми со специјалците после ја превртевме трибината со навивањето. Одново нерешено 0-0 со Ренова. Покажавме дека нема место кај што неможеме да гостуваме ако ИМАМЕ ДОЗВОЛА. Сред недела во 13 часот, отидовме 110 души во тетово против ренова бодрена од 500 Балсити

Ги измочавме, си игравме курташак цело време. Се палеа ќе не тепале, али не ги видовме на дело

Есенската титула ја прославивме во Кратово. Гостување за кое бевме спремни да идеме 500 души но имаше место само за 250...
Во одлична амотсфера изигравме 1-1 и ја освоивме есенската титула. Последното коло покажа кој е кој во Македонија. Околу 1 100 Комити на последниот меч со Брегалница. Навивачко шоу на трибините!
После зимската пауза не напушти Влатко гроздановски. Останавме без иконата на клубот и без многу опции на крилните пзоиции што заедно со повредите ни донесе многу проблеми...ното АПОЛИТИЧНИ!
Но победите продолжија. Падна братскиот Тетекс во убава атмосфера во Маџари пред околу 800 Комити. Ситуацијата кулминираше кога во тетово после дсолги години падна и Шкендија. Фичо ни донесе нови три бода и даде можност на мечот со Металург да отидеме во огромна предност. Пред 1 000 Комити одново дојдовме до победа во последни минути

Ерупција на трибините, а играчите како да ја прослвија титулата веќе.
Квалитетот во нивната игра опадна, но поддршка од трибините не престана. Опуштањето се должеше со испаѓање во купот од кобната ренова. Кога не сака-не сака...
Како одминуваше првенството дојде за првата меч топка. Гостување во Кратово. З жал поради дебилната забрана од ФФМ неможеше да се најде поголем превоз. Среќа имаа околу 120 души кои први ја прослвија 6-тата титула. Во Скопје спонтано слвје на 400 Комити, можеби и најверните во овие години. Сите ние што поминавме низ сито и решето бевме таму. Веќе никој не размислуваше за ништо освен за крајното славје.
За жал сезоната не ја завршивме без пораз. Паднавме пред мотивираната Шкендија. Но на никој не му беше нитмно тоа, бидејќи следуваше последниот дуел со Металург.
Ден пред мечот кортео низ цел град. За жал морав да го пропуштам

Околу 100 коли и мотори дадоа до знаење дека на 23 Мај Скопје ќе слави. Т.е. Македонија ќе слави титула на вардар
Си доаѓа од факс, а кај мене во населба веќе сите се спремни за славење. Ме фаќа еуфорија уште од сабајлето. Решаваме да идеме со градски автобус за да влеземе пред време. По пат не пресретнува автобусот од Драчево. Полн дупли автобус, висат луѓе од сите страни.
За жал државава е таква што нема голем интерес за фудбал. Клубовите имаат МАРКЕТИНГ НУЛА, Телевизиите немаат никакви најави за мечеви, странскиот фудбал е во нивниот фокус. Затоа и бројот на обичните гледачи е мал на стадионите. Така и сега народот зачудено гледа што се случува. Дали ќе им се побијат стереотипните муабети, дека само странското е квалитетно? Дали ќе поверуваат дека постојат луѓе кои живеат за Македонските клубови?
За нив сме група наркомани, група пијаници и слично.
За комплексашките групи сме група платници ЛОЛ
Може на времето се крадело во Комити имало апаши, но сега се е чисто. Нова опостава, млади генерации и најважното АПОЛИТИЧНИ!
Само ние излегуваме да го одбраниме овој град и оваа држава. Другите Скопски групи се оградуваат постојано, но сепак кој како си ја наредил. Ние имаме други идеали, покрај клубот важен ни е и градот и државата и правата на луѓето во истата.
Но таква е оваа држава, се обидува да не уништи. Колку имапе помош од политичарите или високите лица, говори фактот дека поголем број од парите одат за плаќање казни. Меѓу нив е и казџната за Нерези во која не бевме криви. Казна од 1 800 000 денари

Да ги имаа другите групи ваквите проблеми одамна ќе се расфромираа. Не дека постои група која е активна во фудбалот

Но битно да се плука по Комити, не е битно што нивните тимови скапуваат во втора лига и испаѓаат во трета

Но зад добриот коњ секогаш се крева прашина.
Да се вратам на муабетот. 5-ка полна со Комити. Во Ѓорче веќе се истовараат навивачи од секаде. Почнува шоуто!
Да расчистам уште еден муабет. Голем дел од комплексашите викаат имате превоз лесно ви е

Дали тој превоз е од нашите живеалишта или и ние треба да дојдеме некако до тој превоз? За еден меч во Ѓорче губиме по 4 и пол саати па и повеќе.
Ако има такви други будали што за нашиов фудбал за домашен меч губат по 5 сааати нека ми се јават. Број по пп
Тргна толпата кон стадионот. Луѓе излезени надвор, глесдаат што се случува. Што е ова?

ОВА Е, ОВА Е, ОВА Е ЦРВЕНО-ЦРНИОТ СВЕЕЕЕТ!
Ѓорче се наполни до даска. Од моја проценка над 2000 навивачи на главната трибина. Кафаната полна до врв, луѓе од што немаат кај да седат стојат и по масите. Момци и девојки качени и на кровот од соблекувалната. Позади голот истотака застанати обични гледачи како и на спротивната трибина. Времето никакво, врне ли врне. Саатницата лоша, 17 часот сред работна недела. Но сепак сите подговтвени за славје.
Што ли ќе беше да игравме на Градски...
Излегуваат играчите, урнебес на трибните иако пола не беа уште влезени. Од икс причини трофејот ни беше предаден во тие моменти

Почна да пука СО ГОДИНИ ГО ЧЕКАВМЕ МОМЕНТОТ! Многу луѓе кои прв пат ги гледав. Да бидеме реални ние сме група со 300 редовни членови, нешто што е научна фантастика за другите групи во Македонија, кои ако мериме редовност на ист начин како и кај нас ќе имаат по максимум 10 ултраси

Другите периоднични фанови, една доаѓаат, друга не, па пак ќе дојдат, што ради обврски што ради неатрактивноста на мечевите и лошиот маркетинг на управата.
Изненади што сите имаа маици и шалови. Значи се интересираат, којзнае колку ќар направиле продавбничките во Скопје кои шиткаа шалови Вардар. Ех драг моја управо, да иамвте сега официјална продавница ќе имавте пари да покриете трошоци за цела сезона

На трибини луѓе и од другите градови. Од цела Македонија. И на гостувањата доаѓаа членови од Гостивар, Велес, Неготино,Струга, Струмица, Кратово, Охрид, Кичево, Куманово и други градови. Вчера имаше и еден дечко од Пехчево, а од форумов со мене годинава дојдоа и член од Македонски Брод и Кавадарци.
Жалосна е финасиската сотојба на народов инаку од секој град би доаѓале на мечевиве.
Присутни луше од сите возрасти. Постари Комити, помлади генерации, машки, женски, скинери, панкери, металци, рапери, андерграунд фаци, клабери, дискаџии, се и сешто обединето за Вардар!
Прво полувреме минато во славеничка атмосфера како најава за топа што ќе се случува во второто. Иако губевме во ниту еден момент не замолкнавме. Лудилото продолжи во вториот дел. Ечи познтата мелодија Bella Cio во нашата САМО ЗА ВАРДАРЕ... Трибинава се тресе, пеат 2 000 грла

Гласот го оставив негде на трибината блиску до кафанчето

Почна и ОВА Е ЦРВЕНО ЦРНИОТ СВЕТ. Се крена и кореографијата, се распали трибината. Мечот во прекин, СКОПЈЕ ГРМИ.
Моменти кои ме ежат дур гледам слики а со душа го чекам и видеото. ВАРДАР Е ШАМПИОН, СКОПЈЕ СЛАВИ!
Вардар полека прави пресврт израмнува а во последната секунда дава и гол за победа. Урнебес на трибините, никој неможе да ги спречи навивачите да влезат во терен. Свирн е принуден крај, а полека трибината се празни и сите се веќе во теренот славејќи ја титулата. Играчите остануваат без дресовите

Кутрите којзне колку дресови сменија годинва

Никој не му оддава важност на дождот, само песна се слуша. Лека полека си оддиме со кал до колена спремни за она што следува на школка.
Кој отишол до дома, кој директно во парк.
Сум го утнал моментот кога дошле ракометарите, но било прекрасно.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=uhpBiR21wWo
Од устата на легендата Вујо:
Јас знам едно, јас не сум најдобар тренер на светот, но вие сте најдобрите навивали на светот!!!
Повтрдено од многу наши играчи од оваа година

Лека полека почнуваат да свират групите. Доаѓа и Рубенс Муратовски како голем фан на Вардар. Забавата може да почне. Дојдоа и фудбалерите. Ечи ШАМПИОНЕ ШАМПИОНЕ.
Доаѓа и Гиш, цел парк пее ОЈ ВАРДАРЕ МАКЕДОНСКИ.
Лека полека се палат бакљите и стробовите. Гори цел парк!
За мене невидена атмосфера. Цел парк аплаудира, ГРМИ песна (не ми текнува која

).
Уште еднаш Мичка не повикува да седнеме доле. По стоти пат оди ШАМПИОНЕ ШАМПИОНЕ.
До сите останати посветена и НЕМА ВЕЌЕ СМИСЛА ДА ВЕ ЕБЕМЕ!
И еден од нашите екс воџи доаѓа до збор. Голема благодарност и до него што не водеше низ годиниве, што воведуваше ред на западот и кога бевме малку и кога бевме многу, но најбитно СЕКОГАШ СМЕ БИЛЕ ТАМУ ЗА НАШИОТ ВАРДАР.
Како што каѓа он, НИЕ СМЕ ТИЕ КОИ СМЕ НАЈЗАСЛУЖНИ ЗА ТИТУЛАТА!
Не сум знаел дека група платеници може вака од срце да се радува. Згрми И НА ВРВОТ И ПОСЛЕДЕН ТИ СИ ВАРДАР САМО ЕДЕН!
Дојдоа и ВЕП Дружината за кулминацвија на асмотферата. Ечи химната на Комити многу други песни.
Дождот не прекинува но тоа не не спречува во големата забава. Дојдоа и легендите од Тетово, Пазарна инспекција. Заедно со гостите од тетово, браќата Војводи беа испеани неколку навивачки песни. Ечеше ТЕТОВО-СКОПЈЕ, и кој не скока и тој е албанец, Наш клуб-наш град, песни за Каролина Гочева и неизбежната О Сузана како поздрав до ривалите од Битола единствените кои се замараат со Вардар и Комити повеќе од нас. На крај атмосферата кулминирше со Џонга-Монга

Дојде време и за малку рап со Аго и компанија

Аго годинава беше на голем дел од нашите средби. Немав веќе сили и си отидов накај 12, така да незнам што се случувало долго во ноќта.
Камо секој ден да ни биде ваков славенички
Нека ни се мнножат титулите, НАПРЕД ВРДАР!
Чекаме уште лиценца, и атакуваме во Европа. Да им покажеме кој е кој!
НЕКА ЗНААТ ДОБРО СИТЕ НАЈАКИ СЕ КОМИТИТЕ!
п.с. ако има подолг пост од овој на форумов, си го сечам куров
