Прво, не може да се случи партнерот да ми користи било каква дрога, а јас да не забележам и да дознаам откако ќе реши да ми каже после незнам колку месеци. Ако ништо друго, нема да дозволам толку време да крие.
Нема да ти се верува ова, ама може да се најдат личности кои многу тешко можеш да ги сетиш дека користат. Затоа е потребна строга анализа пред да влезеш сериозно во врска со некоја особа.
Но и да се случи тоа ете, дефинитивно во истиот момент го оставам! И затоа што криел и затоа што користи. Мислам... преглупави ми се ми се муабетите дека е лошо да оставиш некого во таква ситуација. Не би било тоа моја грешка за јас да ја исправам или патам поради неа. А и не го оставам гладен да умре или ранет пред болница, скраја да е.
Fair enough. Накратко речено, криел/а и го/ја оставаш. Му/и оставаш контакт, па ако се среди некогаш да те побара, под услов да биде во разумно време (скраја да е да чекаш некој/а двајсеикусургодини) и под услов во меѓувреме да не се десат 268963287 нешта
.
Треба да знаете дека на наркоманот дечко/девојка му е дрогата, а вие сте му швалер/ка. Никакви изливи на емоции нека не ве тераат да се премислите да избегате со брзина на светлината од таквите луѓе. И никогаш немојте да паѓате на муабетите дека вие сте му поважни и дека поради вас би ја оставил и дрогата. Нема да се роди поголема лага од таа.
Дали некогаш си видела особа која последните пари кои ги има ќе ги даде за дрога, и ќе остане гладен? Ако видиш таков/таква особа, бегај колку можеш побрзо. Може да те повлече и да не можеш глава да дигнеш.
Не сите наркомани се "лоши". Почнуваат да стануваат добри само во оној момент кога ќе си признаат сами на себе дека имаат проблем со дрогата. Тоа е првиот чекор за враќање кон реалноста.
Конкретно за марихуаната го имам истиот став, иако има луѓе кои ја споредуваат и со обичната цигара. Ако не беше дрога и таа, луѓето кои ја откриле и тие кои си ја одгледуваат требало да ја стават во категорија овошје.
И овошјето е дрога, на некој начин. Се' што може да те направи да се чувствуваш задоволен и среќен, и тоа по кратко време откако ќе го употребиш, може да речеш дека ти е дрога. Јадење јагоди, цреши, круши,... чоколадата, алкохолот, сексот..... Не мора да се најде некој тука кој делумно или целосно ужива во набројаните.
Го отфрлив и алкохолот и не ми причинува повеќе задоволство. Некои пијат од радост, други од тага, болка. Алкохоличарите претставуваат проблем не само за себе, туку и за најблиските околу нив. Понекогаш ми навираат мисли дека Алкохолизамот е многу поголем проблем од лесните дроги.